Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
- Член од
- 1 ноември 2011
- Мислења
- 8.603
- Поени од реакции
- 15.407
Уште во почетокот на окупацијата во 1941 година во западна Македонија почнал теророт и злосторствата на балистичките банди,врз незаштитеното население посебно во селата со чисто македонско население.
Целата хронологија на изнесување на овие настани е невозможна од причина што за сите овие злосторства нема доволно валидна документација. Јас сепак ќе пробам хронолошки по ред да изнесам дел од овие злосторства на фашистичката организација - Балисти,онолку колку што можам да најдам во книгите што ги имам дома.
Но за почеток не може ако не ја ставам борбата кај Буковиќ. (а потоа ќе одам по ред)
Во нашата историја со златни букви е опишана херојската епопеја на борбата кај Буковиќ,каде што на 1 октомври 1943 година 35 партизани од составот на младинската чета бестрашно влегле во борба со далеку понадмоќниот непријател,чиј број изнесувал околу 3000 Германци и балисти.Судирот на Буковиќ бил нерамноправен и саможртвен чин на младите херои.Балистичките сили ги предводеле германски офицери.
Наредбата на нашите млади борци да го зачуваат Буковиќ била исполнета,но по цена на нивните животи. Политичкиот комесар, дваесетгодишниот Мирко Милевски (некаде имам прочитано најстар во неговата чета), како и повеќе пати пред тоа, уште еднаш ја покажал зачудувачката храброст во борбите против балистите.
Откако ги испукал последните куршуми ја фрлил празната пушка. Го зел од појасот револверот и него го испукал и на крајот ја откачил бомбата и легнал врз неа. Сето ова тој го извршил со секавична брзина. Се чула експлозија и облак од барутен дим ја покрил пругата. Кога се растурил облакот,телото на Мирко го немало. Жив не им се дал на балистите.
Гледајќи ја хројската смрт на Мирко Милевски,балистите во еден момент уплашено замолчалеи се стаписале пред храброста. Застанале за момонт и потем се фрлиле на живите и ранетите партизани што останале без муниција. Ги здогледале младите партизанки,Угриновска Мара-Гина од село Маврово,Софревска М.Олга од Кичево и Мара од Гостовар,кои исто така останале без муниција,како влегле во вдлабнатината каде локомотивата прави обрт. Се стрчала цела сурија на балисти кон нив и ги покриле. Тие загинале во страшни маки.
Партизанките биле фатени живи,а потоа одвлечени околу 30 метри до самото џаде кое води за Кичево. Најпрво биле приморани да ги соблечат својте алишта. По убиството и сите други партизани биле соблечени голи и така оставени. Во меѓувреме Олга која била ранета од бомбата што врз неа ја фрлил балистот Алими Раим од с.Лакавица (подоцна по ослободувањето,учител во с. Симница).била доубиена.
Мара и понатаму ја мачеле за на крајот балистот Џабири Нешат од с.Лакавица да и ја стави цевката од пушката во левата слабина и со повеќе истрели ладнокрвно ја убие.
-----------------------
3а оваа тема ќе користам извадоци претежно од книгите.
Катерина Гогова - Слободата беше нивниот идеал
Катерина Гогова - Крвава пруга
Сеќавања на борци - Оковани во пранги
Ѓорѓи Малковски - Балисти
......................... - Беличица во пламен
.......книга за Тодор Циповски- Мерџан