Која "пастрмајлија" е подобра?

Која Пастрмајлија е подобра?

  • Велешката дефинитивно!

    Гласови: 103 32,4%
  • Штипската!

    Гласови: 157 49,4%
  • Не знам, немам пробано никогаш

    Гласови: 58 18,2%

  • Вкупно гласачи
    318

ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
Vo aerodrom ima edno kafance nasproti biser vo zgrada e na prizemje,tamu pravat top pastrmajlii mislam deka i gi isporacuvaat ama solenki se,ako dobro se sekavam 200 denari bese pastrmajlija.
--- надополнето: 10 ноември 2012 во 11:25 ---
A ovaa temava isto kako da prasas kade pravat najubavi pleskavici ili kebapcinja.... lol
Ako si go biva majstorot i vo tunguzija da e ke ja stokmi kako sto treba.
Број или линк, или барем име на кафанчето?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
И двете се добри кога се топли и со комбинација со домашно вино. ММММ што вика Андријана ;)
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
Исто ги фалат пастрмајлиите во ресторан Фотка во Тафталиџе, лично ги немам пробано :)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Мислев дека штипските пастрмајлии се најдобри, ама денес пробав „Гемиџиска“ во Велес. Мх, мх, мхх...
Ако идете во Велес, посетете ја таверна „Деспина“ и порачајте една гемиџиска :)

 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.861
Поени од реакции
8.422
Мислев дека штипските пастрмајлии се најдобри, ама денес пробав „Гемиџиска“ во Велес. Мх, мх, мхх...
Ако идете во Велес, посетете ја таверна „Деспина“ и порачајте една гемиџиска :)

Те честија една ѓемиџиска за рекламава? Гледам трчи трчи па мевче и некоја шукна исто во ептен мала грамажа, мислам ова да се споредува со штипската е вистински апсурд...
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Шо знам, сфите сум ги јадел. И сфите гладен. најмногу ме најаде еднаш штипска, голема и еднаш светиниколската. Велешките се Ок, ама некако не ме најадоа. А јешлив сум, ме дал господ со апетит. Да ме облекуеш, да не ме раниш. Додуша, на тема да се вратам, си сакам со појќе пастрма.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Те честија една ѓемиџиска за рекламава? Гледам трчи трчи па мевче и некоја шукна исто во ептен мала грамажа, мислам ова да се споредува со штипската е вистински апсурд...
Сликата не е од таа што ја јадев, оваа ја најдов на нивниот фанпејџ на Фејсбук. Нормално дека не ме частеа, ама квалитетот вреди да се пофали. Поголема е троа и со повеќе месо. А внатрешноста е со топено сирење. Верувај дека повеќе заситува од регуларната пастрмајлија, а мене вкусот ептен ме бендиса. Дури и крајчињата беа да излижеш прсти :)
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Вреди да се спомене и кратовската пастрмајлија. Лани јадев за Нова година таму и можам слободно да кажам дека немам јадено нешто повкусно и поголемо, а и цената беше многу прифатлива, мислам 170 денари дека беше.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.791
Поени од реакции
30.651
Мислев дека штипските пастрмајлии се најдобри, ама денес пробав „Гемиџиска“ во Велес. Мх, мх, мхх...
Ако идете во Велес, посетете ја таверна „Деспина“ и порачајте една гемиџиска :)

Каква мутирана пица е ова бе ???
 

Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
Јас сум адвокат за радовишкиот самун, најдобра пастрмајлија што досега сум пробал....не беше ни скапа, 150 ден ако не се лажам ама комотно да се најадат двајца!
 
L

Luki Junior

Гостин
Јас сум адвокат за радовишкиот самун, најдобра пастрмајлија што досега сум пробал....не беше ни скапа, 150 ден ако не се лажам ама комотно да се најадат двајца!
Дека јаде у градо бе? На повеќе места праат?
И јас викам радовишка...
 

Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
Дека јаде у градо бе? На повеќе места праат?
И јас викам радовишка...
Во Таргет....ама па после ми кажаа требало да пробам или Џокер или Мери Џејн...следен пат таму на по еден самун ајде :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom