Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Сепак, не сите исто мислат, односно мислеле за Маркизио. Маркизио на НАЈУБАВ можен начин им ги затна устите на сите „фудбалски филозофи и мислители“

Како на пример ова:

Време е да падне митот за Маркизио!
Кој дебил ја пишувал статијава куку нонен,со која смелост?:facepalm:
 
Кој дебил ја пишувал статијава куку нонен,со која смелост?:facepalm:

Издвојувам неколку цитати кои се вредни да се споменат:

„Но доколку Конте сака Јувентус да има издржлив состав, Италијанскиот репрезентативец не е веќе меѓу првите 11“

„На Старата дама, покрај Пирло, потребен и е и некој кој успешно ги одзема топките при дуелите, но Маркизио повеќе наликува на верзија на Марко Мота“
БЕЗ КОМЕНТАР, е ова при чиста свест и совест да го споредиш Маркизио со Марко Мота o_O

Трагично.
 
Маркизио ти е еден од столбовите во средината. Сум ја читал колумнава, таа е напишана кога Јувентус последен пат заврши 7 место, па целата вина некако ја препишуваа на Маркизио :facepalm:. Што да прави човекот кога околу него само дрва се шетаа навака-натака, па било кој играч да е и Меси и Роналдо со дрва ако играат ќе неможат нешто позначајно да направат. Денес го гледаме вистинскиот Клаудио, кога средниот ред е еден од најдобрите во Европа, кога со него играат Видал, Лихт и Асамоа кои трчаат како коњи секој натпревар и Маестро Пирло кој треба само да ги доставува топките до напаѓачите... Ма што да пишувам за него понатаму, ЅВЕР Е МОМАКОТ !!!:cuc:
 
Независно. Маркизио и тогаш беше еден од ретките кои заслужуваа да го носат дресот на Јуве. Точно дека не можеше сам да игра, но да се споредува со Марко Мота, и да се тврди дека не го бива, тоа е класично непознавање на состојбите пар екселанс.
 
Само да потсетам, незнам колкумина од вас ќе се сетат, но сезоната кога завршивме 7ми, Маркизио играше на левата крилна позиција, тогаш не ми текнува кој тренер беше, ја практикуваше 4-4-2 и немавме лево крило и затоа таму го ставаше Маркизио.. Наредна сезона ги купија Елија, Естигарибија за да ја пополнат таа лева крилна позиција ... Затоа се должеше неговиот пад во формата ...
--- надополнето: 4 декември 2012 во 15:09 ---
За нерешено паднала квотата многу 1.75 а ние поштено ќе ги е*еме среде Донетск :love:

Некако лаже коефициентот .. Статистиката покажува дека Шахтјор не само што нема на домашен терен пораз годинава туку нема ниту нерешен ... Многу ме плаши статистикава, така да рака на срце јас би типувал 12 двојна шанса, па сега ако сме толку среќлии ќе бидеме првите што ги поразиле, или уште едни во низата што биле на Донбас арена поразени ... Но, на секоја серија и доаѓа крајот, да видиме дали утре ќе биде така и на Шахтјор ..
 
Само да потсетам, незнам колкумина од вас ќе се сетат, но сезоната кога завршивме 7ми, Маркизио играше на левата крилна позиција, тогаш не ми текнува кој тренер беше, ја практикуваше 4-4-2 и немавме лево крило и затоа таму го ставаше Маркизио.. Наредна сезона ги купија Елија, Естигарибија за да ја пополнат таа лева крилна позиција ... Затоа се должеше неговиот пад во формата ...
--- надополнето: 4 декември 2012 во 15:09 ---

Јас се сеќавам добро на оваа сезона. Само еден тренер може да ја форсираа 4-4-2 формацијата а да нема играчи за таа формација, па да ги става играчите на нетипични позиции :). Liugi Del Neri, еве го сега и во Генова ја форсираа таа формација. Од кога е дојден он, Варгас игра лево крило, Јанкович десно и тепај 4-4-2 :)
 
Една шпекулација се врти нис интернетов.Наводно се појавил повторно интерес за Марко Верати.Јас би го зел иако испадна гомно што отиде у ПСЖ и фала богу се заеба со тоа но читам дека ако Анчелоти биде отпуштен најверојатно ќе биде на ставен на продажба така да најдобро би било да се донесе,со што со Верати и Погба заедно би имале можеби најјака средина за следниве 10 години.
 
Претседателот на Пескара,летото изјави дека Верати е навивач на Јуве, но пред се клубовите треба да се договорат. Имаше шпекулации дека Верати и Јуве веќе ги имале договорено личните услови, ама клубот Пескара добил многу подобра понуда од ПСЖ и ја одбил таа на Јуве,па Јуве не сакал да оди на наддавање со ПСЖ, и на Верати му останале 2 избора: ПСЖ и милионска плата, или да игра во Пескара, најслабиот состав во Сериа А.
 
Претседателот на Пескара,летото изјави дека Верати е навивач на Јуве, но пред се клубовите треба да се договорат. Имаше шпекулации дека Верати и Јуве веќе ги имале договорено личните услови, ама клубот Пескара добил многу подобра понуда од ПСЖ и ја одбил таа на Јуве,Јуве не сакал да оди на наддавање со ПСЖ, па на Верати му останале 2 избора: ПСЖ и милионска плата, или да игра во Пескара, најслабиот состав во Сериа А.
точно , Верати е најмалку крив за трансферот. Впрочем еднаш се расплакал оти неќи во Милан , ова на мали години, и еднаш летово ги одби наполитанките. Мислам дека од негова страна сработи и повеќе од доволно. Неговиот трансфер во ПСГ е резултат од неговата желба да игра на повисоко ниво (шо го разбирам), лакомоста на газдата на Пескара да профитира и Леонардо шо ја собра пола италија. Плус ко ќе клајш бесплатен Погба и златен Мароне во тимот, лудост е да фрлаш 12 миљони.
 
Плус ко ќе клајш бесплатен Погба и златен Мароне во тимот, лудост е да фрлаш 12 миљони.
Да да. Но мора да се смета за замена на Пирло, зошто иако игра во онаа форма Јуве мора да се обезбеди со играч со слични карактеристики, а Погба е сосема друг профил на играч отколку Пирло. Иако, не можат да се споредуваат со Пирло, сепак Верати има потенцијал да стане класа играч.
 
А па демек верати е гаранција дека ќе биди следниот пирло?
 
А па демек верати е гаранција дека ќе биди следниот пирло?
За гаранција не е гаранција.Но е најблиску што би можел да биде и плус самиот Пирло во една изјава рече дека Верати е негов наследник.Не мора ништо да значи но доволно е да се изгледа 90 минути како игра и ќе се свати за каков играч станува збор.Има неверојатна прегледност и пас игра.
 
А па демек верати е гаранција дека ќе биди следниот пирло?
Никаде не реков дека Верати е заменикот на Пирло, реков дека има потенцијал да стане класа играч, што не значи дека со сигурност ќе стане. Барем во Италија имало доста примери кога толку гласно најавувани таленти пропаѓале, (чист пример со Роландо Бјанки).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom