На крај да ве прашам нешто вас женските,ама искрено да ми одговорите.Кога ве испраќаат од дома да ве мажат у друга куќа,зашто секогаш одите во куќата на мажот?Или ако дечкото не е способен од икс причини,живеете под кирија?Што не ве оспособат вашите родители да бидете рамноправни,како што сакате да бидете и да ви доделат по едно станче,едно собче или што ти ја знам?Или удрете на машкото,притискајте го.Значи традиција е,да се живее кај машкото,отсекогаш,тоа никој не го негира. зајмувате пари или во најлош случај да живеете со родителите и сл?
Јас ќе ти кажам зошто жените одат во куќата на мажот. Затоа што во вукојебинава наша традиционална, се`уште е обичај само синовите да го наследуваат имотот, а за ќерките останува од трите подолгото.
Така да, ако ова ти беше некаков аргумент дека мажите се обесправени, си се заебал. Жените се тие кои што се обесправени во ситуацијата, жените се тие кои се лишени од наследство (океј не секогаш, ама доста често).
Ако ти имаш сестра, ти ќе си ја наследиш куќата од родителите, а сестра ти ќе мора да си го бара чарето кај мажот и таму ќе мора да ќути и да трпи што и да се случува, затоа што нема кај да оди. Куќата во која израснала, веќе не е нејзина, туку твоја. Во таа ќука ти ќе си ја донесеш невестата и ќе се курчиш како си обезбедил дом и сеа си газда и она мора да те слуша, а ти уствари не си обезбедил ништо, туку си наследил, ништо повеќе. Пошо да бидеме реални, ниеден млад човек сам не може да купи стан во државата, со мали исклучоци.
Така да, ако сакаш жените да бидат тие кои ќе обезбедат покрив над глава, тогаш ќе мора да ја смениме досегашната пракса синовите да наследуваат и да направиме ќерките да наследуваат.
Сестра ти ќе ја наследи куќата од твоите родители и ќе го донесе таму мажот, т.е ќе му обезбеди покрив над глава, а ти ќе си отидеш во куќата на жена ти и ќе нема потреба да обезбедуваш покрив над главата. Само што тогаш тешко дека ќе можеш да си командаш како кај тебе дома, напротив ќе си ќутиш, исто како што си ќутат и жените што одат да живеат кај мажот.
Јас за среќа неам вакви проблеми, татко ми не е од каменото доба.