Кога женско се раѓа и стреите плачат

Статус
Затворена за нови мислења.
во Георгија дури не смеат ако имаат дечко да се бакнат воопшто пред брак

Во Георгија е навистина тажна ситуацијата, а од европскиве држави горе-долу истата ситуација ја имаш и во Молдејвија. Само што во тие држави има реален напредок во еманципацијата, жените полека но сигурно успеваат да се етаблираат, за разлика од некои земји во Африка, како на пример Најџирија, каде угнетувањето на жените зазема сериозен замав, слично на состојбата во арапските земји како Сауди Арејбија и Унитед Араб Емирејтс.
 
Дома мењаш сјалици?
Заштрафуваш кога треба нешто да се заштрафи?
Кога ќе ти прегоре дома бушон,ти го мењаш?

Мене не ми е пракса, али освен мењање бушон се сум искусила до сега од наведеново :)
Башка, шо ти е целта? Се знае кој е маж кој е жена?
Шо да ти кажам, изџвакана тема. Ако има глупачи кои се неспособни една сијалица да сменат, па и не заслужуваат подобро.
 
Потешко им е на жените. Еве на пример, имаат 3 плакари облека а никогаш незнаат што да облечат и секогаш им фали нешто.
Ние на пример го немаме тој проблем, што ни дојде при рука тоа. :свиркам:
 
Тешко и горко на жените....без интернет.
Нема каде да кенкаат и да се жалат дека ги болат нозете од штиклите. Кутри4ки тие.

Маж за маки роден се вели, а не женско. Маж.
 
Еве пример

3 дек 2012, 08:00

Авганистан: седмоодделенка обезглавена зашто одбила понуда за брак
Четиринаесетгодишната Гастина најверојатно не ни била свесна за опасноста што ја демне.

Додека седмоодделенката пиела вода од бунар во 9 наутро во вторникот, на околу 500 метри од својот скромен дом во северната авганистанска провинција Кундуз, таа била пресретната од двајца мажи што мавтале со ловечки нож. Мажите, кои ѝ биле роднини на Гастина, скокнале врз неа и брутално ѝ го пресекле грлото до коска. Локалната полиција и обласната директорка за женски прашања во покраината нејзината сурова смрт ја нарекле обезглавување.

„Не ѝ дале ни шанса“, рече портпаролот на полицијата во Кундуз, Саед Сарвар. „Немала време дури ни да викне за помош.“

„Таа беше мошне брутално убиена само поради тоа што одбила брачна понуда“, вели Надја Гаја, директорката за женски прашања во покраината Кундуз.

Мажите, кои се браќа, се уапсени.

Садег, Масуд и нивното семејство му додевале – поточно, му се заканувале – на таткото на Гастина, Нур Рахман, дека нема да прифатат „не“ како одговор на брачната понуда. Рахман бил решителен инсистирајќи дека неговата ќерка е премногу млада за да се венча.

Сарвар, полицискиот портпарол, вели дека Рахман му рекол дека браќата постојано ѝ нуделе брак и се чинело дека стануваат сè погневни по секое одбивање. Сарвар додава и дека веднаш по убиството на Гастина, двајцата се упатиле дома, ја пресоблекле крвавата облека и се обиделе да избегаат. Полиција ги фатила и рече дека изгледале „уплашено и нервозно“. Сарвар вели дека полицијата ги пронашла крвавата облека и ножот во домот на браќата. И двајцата се наоѓаат во притвор, но обвиненијата против нив, доколку ги има, се неизвесни.

За жал, смртта на Гастина не е осамен инцидент на бруталност врз девојките и жените во Кундуз или во поголем дел на Авганистан, конзервативна, традиционална земја. Во источниот дел на Авганистан, на пример, на тинејџерки им се отсекуваат носевите и ушите или се напаѓани со секири поради разни видови „обесчестување“ на семејството. Бројот на самоубиствата и на обидите за самоубиство, вклучувајќи скокање од згради и пиење отров за глувци, исто така се зголемува кај жените што се принудени да се омажат против својата волја.

„Тврдењето на меѓународната заедница дека во Авганистан животот на жените се подобрува е само сон“, вели Гаја. „Авганистанските мажи ги чуваат авганистанските жени во старовековна временска бездна. За жал, смртта на Гастина е суровата реалност.“
 
Тешко и горко на жените....без интернет.
Нема каде да кенкаат и да се жалат дека ги болат нозете од штиклите. Кутри4ки тие.

Маж за маки роден се вели, а не женско. Маж.
Уф тешко?Епа трошоците за кукање по кафиња и ограничување простор по дома со пријателки,ги заменија со нетов.Шо кој стап,они ако им се плаче можат и у вц.Брак и пријателство денес сосема лесно се одржуваат со компјутер :).И онака грото од денешните "џенцки" јајце незнаат да испржат,зошто тава немаат видено во животот.Ама затоа забите си ги имаат собирано по Скопјево,чукани се ко општински печат.Со чесни исклучоци,ама стварно тешко е денес да начекаш асално девојче,многу домаќинки има,недомаќинкиве неможат на ред да дојдат.Кога ќе ми се роди дете,ич не ми е гајле кој пол е,само да е здраво и живо,не верувам дека нормален човек би бил несреќен ако му се роди женско дете...
 
А абортирањето на женски деца во Кина?
 
Еве пример

3 дек 2012, 08:00

Авганистан: седмоодделенка обезглавена зашто одбила понуда за брак
Четиринаесетгодишната Гастина најверојатно не ни била свесна за опасноста што ја демне...

Барби, сериозно, навистина си загрижена над судбината на некои Арапки, а да размислеше малку дека тие се виновни за хиперпродукцијата на милитантни исламисти, кои утре ќе ги разнесат со бомби нашите потомци во име на Алах? И уште ти е онака искрено жал?

Знаеш, луѓето како тебе, мислат дека животот е како брошура на Јеховини сведоци, сонце и зелена трева во изобилство, црнецот гушка белци, азијатите се дружат со индијанците на заедничка трпеза павкајќи лулиња на мирот, лавот и јагнето спијат еден до друг... Повремен риалити чек нема да ве убие... ;)
 
.И онака грото од денешните "џенцки" јајце незнаат да испржат,зошто тава немаат видено во животот.
Со чесни исклучоци,ама стварно тешко е денес да начекаш асално девојче,многу домаќинки има,недомаќинкиве неможат на ред да дојдат.

Има и мажи кои не знаат јајце да испржат, тигањ не виделе во животот, а шпорет едвај уклучуваат, само за кафе (некогаш ни тоа).

Тешко е да најдеш и асален маж, не е дека вие сте цвеќиња за мирисање, кој од кого попоштени, ама ние жените сме важно бештии. Тоа не смее да се заборави.
 
Бештијо една низаедна:ROFLMAO:

Во животот, кој е еден и само еден, земски, не треба нит да се плаче под/над/до стреа, нит од ѓирамиди да се моча.

Жена, бештија. Ама ќерка е благодет. Син такуѓере.

Маж, ако е како некои исцибреници тука, тешко на земјава по која чекорат и воздухот го загадуваат. Но, такуѓере истото важи и за некои моми4иња, кои поќе се загрижија за животинките во циркусон или зоолошката, отколку за гладните деца македонски што просат на улица. Или пак за кутрите арапки или кинески.

Бу дуња чарки фелек....а и кај едните и другите има егземлари за непочит. И за почит. Свашта искача од то шундурлајката, стомено во чин на екстаза

А темава....ни Маниту не може да ја разбере саглам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom