Апсолутна глупост.
Никогаш вакви маки да се најде работа, државна или приватна. Никогаш факултетски образувани лица не возеле такси и не држеле тезги на пазар (без потценување кон овие професии). Никогаш толку луѓе не ја напуштиле државава зошто не можеле да најдат работа. Единствено заминувале за да спечалат повеќе.
Дека имало превработеност, имало. Прашај сега во јавни претрпијатија по западна Македонија. Имаш вработени кои не се ни во државава или се ама не доаѓаат на работно место. Им се исплаќаат плати, 200-300 000 евра загуба годишно за партиските членови да наплатат за трчањето.
Како јеботе социјализмот е крив за ФИРОМ?
Па дај некој факт да му се невиди. Освен кукање дека тебе не ти било погодено нешто друго конкретно не прочитавме.
А зошто треба да се извиниш некому?
Гледам дека немаш навика да ги читаш постовите,па го копирав првиот пост од оваа тема кој убаво ја прикажува"благосостојбата"во ЈУ
Просечната плата во СФРЈ во 1980 година изнесувала 6.109 динари, што при официјална вредност на германската марка од 15,12 динари дава плата од околу 400 тогашни германски марки. Просечните расходи на четиричлено семејство изнесувале 8.284 динари. Би било неразумно тие 400 германски марки едноставно да ги трансформираме во денешните 200 евра, па ќе се обидеме да видиме што можело да се купи со тие пари, во споредба со денешната просечна плата во Македонија од околу 340 евра. Кога сме кај примањата, минималната пензија во тоа време изнесувала 1.700 динари, на која следувале разни додатоци, за да достигне 3.300 динари, или околу 220 тогашни германски марки. Под просечната плата примале дури 80 отсто од вработените, а најниско биле платени текстилците со просек од околу 4.000 динари.
Најпродаван автомобил во таа година бил „застава 101“, а цената на моделот „комфор“ во ноември 1980-та изнесувала 155.735 динари. Поинаку кажано, биле доволни околу 26 просечни плати за да се купи еден таков автомобил. Денес, со 26 просечни македонски плати може да се купи автомобил во вредност од околу 8.840 евра, што би одговарало на ново „пунто“. „Лада 160“ чинела 189.215 динари или за неа биле потребни 31,5 просечна плата, односно околу 12.000 тогашни германски марки, додека денеска за 31 просечна плата може да се купи автомобил од околу 10.540 евра (на пример, „рено клио сторија“ за 10.100 евра). Ако инсистирате на „лада“, тогаш добро би ви дошла „лада седан“, при што би ви останале меѓу 2.800 и 2000 евра во зависност од моделот што сте го одбрале. Патем, за тие на кои им недостига популарното „југо“, во 1980 година постои само најава за негово производство како прв самостоен југословенски автомобил, кој требало да почне да се произведува во декември 1980 година.
Меѓутоа, автомобилите не се единствена вредност што може да се споредува. Многу побитно е што, на пример, во таа година, според Заводот за статистика, работа барале 117.000 лица од 1,9 милион жители на СРМ. Но стапката на невработеност и тогаш била доста висока, некаде околу 23 отсто, што покажува дека и во „златното време“ кога дури и СКМ носеше одлуки дека секое претпријатие (односно ООЗТ) мора да покаже солидарност и да вработи луѓе од кои инаку нема преголема потреба (на пример, жени задолжени за варење кафе и сл.), Македонија имала проблеми од овој вид. Притоа, како што рековме, во 1980 година Југославија само се загреваше за кризата која допрва се засилуваше, за 12 години подоцна, 1992 година, во тогаш веќе самостојната Република Македонија да бидат евидентирани 190.000 невработени. Разликата од 73.000 нови невработени главно беше создадена во претпоследната деценија од минатиот век, но не толку со отпуштања, колку со неспособност на веќе атрофираниот систем да ги апсорбира младите кои стасуваа во Заводот за вработување. Денеска Македонија има околу 320.000 невработени со стапка од 32 отсто, а оваа разлика во однос на 1992 година е создадена во периодот до 1998 година, кога бројката достигна 330.000 лица и во периодот 2003/04 година кога невработеноста стигна до фантастичните 390.000 лица. Интересно е што во 1980-та работеле 419.621 лице, наспроти денешните 621.000 вработени.
--- надополнето: 30 ноември 2012 во 09:01 ---
Апсолутна глупост.
Никогаш вакви маки да се најде работа, државна или приватна. Никогаш факултетски образувани лица не возеле такси и не држеле тезги на пазар (без потценување кон овие професии). Никогаш толку луѓе не ја напуштиле државава зошто не можеле да најдат работа. Единствено заминувале за да спечалат повеќе.
Дека имало превработеност, имало. Прашај сега во јавни претрпијатија по западна Македонија. Имаш вработени кои не се ни во државава или се ама не доаѓаат на работно место. Им се исплаќаат плати, 200-300 000 евра загуба годишно за партиските членови да наплатат за трчањето.
Како јеботе социјализмот е крив за ФИРОМ?
Па дај некој факт да му се невиди. Освен кукање дека тебе не ти било погодено нешто друго конкретно не прочитавме.
А зошто треба да се извиниш некому?
Втор дел
За разлика од другите делови на Југославија, Македонија во тоа време имала проблем и со празните рафтови за млеко, па пред Новата 1981 година е најавена „стабилизација во снабдувањето“ со овој производ. Инаку, тогаш млекото се разнесуваше околу 4-5 часот наутро, а пензионерите веќе околу 6 часот создаваа ред пред продавниците. Постоеше период во кој можеа да се купат најмногу два литра млеко, а подобро поминуваа тие што имаа познати меѓу продавачите, кои пред отворање на продавницата им ставаа настрана уште по некој литар.
Дека кризата веќе ја нагризуваше СФРЈ сведочи и одлуката за воведување пар-непар во возењето автомобили. Тоа значеше дека заради потребата од штедење девизи, секој вторник во неделата не можеа да се возат автомобилите чија регистерска табличка завршува со парен број, а секој четврток забраната важеше за непарните броеви. При носењето на одлуката, тогашната влада, односно СИС не направил исклучок, па по реакција на автошколите во ноември 1980 година е донесена одлука според која пар-непар забраната не важи за нив, бидејќи автомобилите им биле „основно средство за работа“, нешто како машините за фабриките.
Дрва за греење - другата година
Во почетокот на декември 1980 година во Македонија завладува студ, па во Скопје се измерени минус 11 Целзиусови степени, а дури тогаш било констатирано дека „јаглен и дрва за греење нема ни за лек“. „Макпетрол“ најавил нормализација за јануари 1981 година, но само во снабдувањето со јаглен. Дека ништо подобро не било ни во другите републики, покажува 8 декември 1980 година кога поради преоптовареност колабира системот за електрично снабдување на целата земја, освен во Црна Гора и во БиХ. Тоа подразбира дека околу 17 милиони луѓе останале цел ден без струја.
--- надополнето: 30 ноември 2012 во 09:03 ---
Еве ти факти па ајде дискутирај дали бил убаво животот во ЈУ
--- надополнето: 30 ноември 2012 во 09:19 ---
Еве сега една лична споредба со животот во Ју и сега во Мк
1.Татко ми 1970 купи стан на кредит со рок на исплата 25години.Станот е 52м2.Станот го отплакаше до почетокот на 1991-ва зошто тогаш со деноминација на динарот,испадна некоја мала сума на пари која беше веднаш уплатена.
2.1977-ма купува нова кола на кредит со отплата на 5 години.Застава 1300 која е екввалент на денешна вредност околу 9000евра
3.Расте и школува две деца(мене и брат ми).Мајка ми работи како воспитувачка
Значи остава во наследство 52м2 стан,во кој живее сега брат ми
Еве сега за мене лично
1.2004 купувам на кредит нова кола.Вредност 7000евра.Ја отплакам на 5 години,но поради камати го скратувам рокот на 4 години.Отплатена
2.2009 купувам стан 56м2. со рок на отплата 25 години.Работам јас и мојата сопруга.Месечни примања 800евра.Две деца се школуваат.
3.2010 шанса да се замине во Авганистан,не поради немање пари или задолжување,туку примамлива сума на пари која во МК нема никој да ја заработи.Велам примамлива сума.ЈАс со 800евра примања во Мк имав среден живот.
4.Станот уште не ми е отплатен а имам пари да го отплатам веднаш.
Е сега кажи ми во што се гледа разликата од ЈУ и сега?
А татко ми имал прилика да замине во странство,но не заминал поради објетивни причини
И татко ми купил стан и нова кола,школувал две деца и јас купив стан и нова кола и школувам две деца
Значи тој што работи и сака да заработи да го фрлиш и на Северен пол ке најде работа