Е тука е проблемот пријателе,зошто тогаш правевме како што ке ни каже Белград,а сега како што ке ни каже Брисел.Значи сепак сме биле црна овца во таа Југославија.А тоа никој не го гледа или не сака да го види..
Имав таа несрека(или срека зависи за кого)да служам војска во нашата братска Словенија.Е во таа Словенија на капетанот жената беше наша Македонка:Памтам работеше во ИСКРА КРАЊ....Мојот покоен татко имаше во тој период 3милиони динари нови плата инженер,а дотичната госпога во ИСКРА имаше 15милиони динари нови и тоа беше некое лево сметало чинам
Е па сега споредете колку бил добар стандардот во таа Ју посебно во МК
Шом жена во Искра земала 15 милиони а татко ти три тое е несоборлив доказ дека во СФРЈ се живеело лошо! нема шо. Зато сега имаме систем каде сите инжењери работаат и имаат исти високи плати, каде нема сиромаштија, невработеност, каде работникот зема редовна плата се лекуваме и школуваме бесплатно, одиме на мориња езера и планини, социјално сме обезбедени, нема конфликти, криминал корупција и никој не може да ни каже како и што да правиме (освен соседите, Брисел, Америка и еден куп “команданти“ кои сега се во влада и парламент) ....
Дете ти не го живееше тој систем, денес македонија ќе биди лидер во регионот ако го имплементира пак социјалистичкиот систем , не ради идеологија, маркс, Енгелс, туку како системе на економијата и социјалата. Не беше ист социјализмот во СССР, Романија, Буфгарија... со оној на СФРЈ. Имаше и те каква разлика,
Пробај сега да замислиш да завршиш школо и се вработиш без многу чекање, платата да ти стига за цел месец редовно да се исплати плус уше една во текот на годината, замисли да не плаќаш лекарски услуги, нема сини картони, нема болнички трошоци а сите, баш сите лекарства и витамин Ц и андол - бесплатно одат на рецепта, замисли да можеш да запишеш било кој факултет (ако исполнуваш услови) бесплатно и да се школуваш, замисли да као работник можеш да појдеш во одморалиште на твојата фирма или во синдикално одморалиште каде трошоци за летување ти се симболични, замисли да не знаеш шо е тоа затворена фабрика, стечајци, штрајкови и протести пред влада, замисли да можеш да прошеташ било каде низ татковината во било кое време на ден или ноќ без страв дали ќе ти се случи нешто, замисли контејнери по кои не пребаруваат луѓе и улици и мостови без питачи, замисли општество каде не те интересира кој е министер за змјоделство, министер за внатрешни, па дури ни претседател кој е а камо ли општинки одборници, замисли да ти како вработен можеш да гласаш и носиш одлуки за својата фирма или фабрика, од поставување или сменување на директор набавка на опрема, трошење на пари....
Социјализам е СОЦИЈАЛНО општество со акцент на народот, капитализам е со акцент на грст луѓе во чии раце се богатствата и фабриките. Од приходите во социјализмот, се даваа пари, здравство и социјално а вишокот се распределуваше по критериуми пак назат во државата, економијата, за народот, капиталистот дели плата и се друго задржува за себе, ако му се гледаат малце профити - затвара фабрика око не му трепнува дали на улица остануваат 3000 луше и толку семејства без приходи. Тој гледа берзата и акциите. Ако лани заработил 100 милиони а ова година само 50 - то е за него катастрофа! Тито беше претседател, на голема и развиена земја, имаше вили коли резиденции, воз.... кога умре, ништо тоа не остана негово ни на некој негов член на семејство. Се остана на државата за следните претседатели. Децата негови не беа на никакви видни места, кој заврши школо и се вработи во некоја фирма - кој не. Жената негова - Јованка, денес живее од скромна пензија во мала куќа. Замисли сите богатства кои Тито ги добиваше од странски држави се во сопственост на државата, една табакера не зеде тој лично. И цела таа генерација на политичари и водачи - така се понашаше, немаше приватизации, криминални продажби, зделки со проценти ни богатења, нема дузини дуќани, куќи станови коли... Платата по закон во СФРЈ беше 1:3, значи од најниска плата до највисока разликата е 3 пати, то значи ако најниска плата е денес 150 еврам, директорот ќе зема 450.
Дете јас го живеев тој систем работев во него, ни тогаш ни сега не сум бил член на партија ни било каков ни најмал функционер. Али сум земал редовна плата, солидна за цел месец полн фрижидер и платени сметки, сум летувал, патувал, купувал, се лекував и школував и се осеќав сигурно и безбедно. Не ми е поента дали на власт се комунисти или либерали или демохристијани.... нека обезбедат еден таков живот и таков морал - доста е. како сакаат нека се нарекуваат.