Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
Ако не ти се допагаат моите текстови не мораш да ги читаш,и не ги туркај работите со сила.Кога не ти одговара нешто,тогаш не го читај.....

Дали сум јас лицемер тоа не е твоја работа,и зошто сум отишол во Авганистан на печалба.....Не можеш да разбереш некои работи.Пробај да најдеш а има еден куп статии на нет за таа ЈУ зошто се распадна како кула од карти

И порано одеа гурбет од таа ЈУ во Германија,Канада,итн зошто им било добро во Ју?Зошто имале среден живот?Зошто имале добра заработувачка?Зошто се било наредено,а?

Отвори ги очите малку,но сепак тоа доага со годините....Ке научиш млад си
Игнорирано поради лицемерство.
 
Пријателе ти никако да сфатиш:(

На нет за некоја година ќе најдеш статии дека борците за човекови права успеале да ја извојуваат победата во 2001 година, и се ослободија од славомакедонската фашистичка окупација.

После 15 години од моето образование дочекав да видам дека уствари ние не сме биле под турско ропство, туку тоа било доминација:vozbud:, пред се веројатно се мисли на културна и просветителна.

Мојот татко и не само мојот, сведоци се на документарци кои го прават Тито диктатор, рамен на Сталин, Пол Пот и еден куп други, а истите тие луѓе живееле со тој диктатор.

Ќе прочиташ на нет дека Косово отсекогаш било Албанско, дека Србите го окупирале, дека во МКД автохон народ се Албанците, а на славомакедонците.

Имаш ли ти троа памет у то глаата, да селектираш то што читаш, да се подразмислиш дали можеби има и друга страна на паричката?
 
Имаш и научници кои тврдат дека македонија е грчка и дека Македонците се бугари. Шо е толку тешко да се даи една табела и да се наброи ете кога кој и каде убил толку народ. Ете јас ти кажувам бројки и по настани и времиња кога се протерани и убиени некои категории, дај и ти. Од 45та до 80 сета кога умре Тито се 35 години, 1.072.000 на 35 години се 30.600 луѓе годишно, или секој ден по 84 души убивал и за празници и за викенди. Тоа е невозможно и тој докторо се зафркнал негде или го излажале. Исфрлил бројка базирана на форуми по интернети, не се помачил да дојде овде, влезе по архиви, направи испитувања и анкети по население, да помини барем 5 години за да во секоја република ги направи потребните анализи и после даде еден резултат.
Мене многу не ме плашат докторски титули, имав среќавано, читано и слушано доктори чие знаење и аргументи не беа ни за средношколец, нека не те заслепува титулата. Не секогаш се тие доказ за веродостојност.
Дека Македонија е Грчка или дека македонците се Бугари, не е општоприфатено во светската историја, тоа го тврдат историчарите и институтите по историја на две држави и знаеме зошто. Тие имаат политички интерес и затоа го тврдат тоа нивните историчари.... Кој е интересот на независните историчари од различни земји особено на овој научник признат во Светот, кој си го посветил својот живот на такви истражувања да го тврди тоа што го тврди!? Научник, кој го признава цел Свет, наградуван и ценет и кого никој не го негира за ништо од неговите обемни истражувања.... ниту за броевите на жртвите за кои вршел - анализи и истражувања, за демоцид - масовни убиства од разни диктатори вршени врз сопствениот народ.
И сега, види, пежоративно да збориш за динамиката со која тепал маршалот (а знаеме кој период воглавно е направена касапницата)... или за научната работа на дотичниот професор, во најмала рака е несериозно. Историски факти не поминуваат во научните кругови, темелени на информации и истражувања правени паушално (демек така му се сонило) или со собирање информации, текстови по форуми, Е-весници или сајтови... Тоа е наука, која си има методологија, принципи.... и тн, кои се општоприфатени за сите. Не ме заслепува титулата негова, туку верувам на авторитетот негов кој го има во светот на науката, реков обемниот негов труд, многуте награди и двете номинации за Нобелова награда за мир. На овој, еден од независните извори те ИСТРАЖУВАЊА (а најавторитетен) немам причина да не верувам.
 
Текстот не е од МАрс паднат, ама ти си дефинитивно.
Како прво не ти доликува на годините така да се изразуваш зошто твоите и онака неразвиени виуги никогаш нема да разберат некои работи.А ваков одговор дава само човек кој нема факти да коментира.Ако не си дораснат за ваква тема,оди си бе братче на трип забава,опни една линија и сонувај за ЈУ....
--- надополнето: 29 ноември 2012 во 16:07 ---

се кажа - факти не кажа, ете ако ги тепале во гомили по стотици или десетици тисуќи, ајмо факти “научнику“
таа и таа година таму и таму - 20.000, таа и таа година онде, 45.000, таа итаа година ваму -30.000. Ајмо науката се служи со фусноти, давај фусноти
 
Луѓе да не се лажеме не сме мали деца.
За богато и просперитетно општество потребно е работа до посер и многу многу ум.
Ние ниту ум имаме ниту сме па многу по работата така да џабе везете.
 
Еден добар текст најден на интернет,ама на српски е....
Кад Србин каже Хрвату брате,кад Словенци откажу своје велике плате,кад се Црногорци посла хвате,и кад Македонци добију вече плате,а на крају кад Босанци све то свате,е онда че опет да буде Југославија брате......

Значи текстот не е од Марс паднат,туку тој што го напишал точно знаел каде е проблемот.....
И после Македонија не била црна овца во Југославија не бе никако. Од независноста било проблемот што Македонија има најниски плати од цела поранешна Југославија, а не кажуваат и дека во поранешна Југославија Македонците имале најниски плати во Југославија. Ех кој профити ги направија ,Словенците,Хрватите и Србите на грбот на Македонецот уште не сте свесни. Важно Братсво Единство;)
 
Ете 20 години не сме во југославија, камо ги највисоките плати? море не највисоките нек се и на средина, камо бесплатно здравство, школство, вработеност редовна плата К15, синдикални делења на полутки, сувомеснати, кашкавали, камо работнички одморалишта по езера мора и планини, камо ниска стапка на криминал и верска и национална толеранција. Шо посамостојни - то помизерно живее народот.
 
Забележав еден интересен коментар под песната „Дан републике“ на Ју Тјуб.

„Оној што не тагува по распадот на СФРЈ тој нема срце, ама оној што посакува да се врати истата таа СФРЈ, таквиот нема памет“

Друга интересна работа е што има денешни коментари од луѓе од сите бивши југословенски републики, што го спомнуваат и честитаат денов и ниту едно избацување на некој со негативности, карања и препуцавања што е типично под видеата од бивша Југославија.
 
Ете 20 години не сме во југославија, камо ги највисоките плати? море не највисоките нек се и на средина, камо бесплатно здравство, школство, вработеност редовна плата К15, синдикални делења на полутки, сувомеснати, кашкавали, камо работнички одморалишта по езера мора и планини, камо ниска стапка на криминал и верска и национална толеранција. Шо посамостојни - то помизерно живее народот.
Е тука е проблемот пријателе,зошто тогаш правевме како што ке ни каже Белград,а сега како што ке ни каже Брисел.Значи сепак сме биле црна овца во таа Југославија.А тоа никој не го гледа или не сака да го види..
Имав таа несрека(или срека зависи за кого)да служам војска во нашата братска Словенија.Е во таа Словенија на капетанот жената беше наша Македонка:Памтам работеше во ИСКРА КРАЊ....Мојот покоен татко имаше во тој период 3милиони динари нови плата инженер,а дотичната госпога во ИСКРА имаше 15милиони динари нови и тоа беше некое лево сметало чинам

Е па сега споредете колку бил добар стандардот во таа Ју посебно во МК
 
:facepalm:
 
се кажа - факти не кажа, ете ако ги тепале во гомили по стотици или десетици тисуќи, ајмо факти “научнику“
таа и таа година таму и таму - 20.000, таа и таа година онде, 45.000, таа итаа година ваму -30.000. Ајмо науката се служи со фусноти, давај фусноти
А, не не мене... ти реков, јас знам дека земјата е округла и за сончевиот сисетем и за атомот... но немам факти дека е така, тоа е привилегија на научниците да докажат, а наше да прифатиме или не.
За броеви и методологија како дошол до милион жртви на Титовиот режим обрати му се нему кога толку те интересира, ти дадов линк... со задоволство ќе ти одговори ти реков и тоа дека има форум по тие прашања, на кои лично одговара .... Наше не е да се замараме со тоа, наше е да прифатиме или не прифатиме. Јас обично прифаќам она што е вистина барем за повеќето во Светот и прифатено од науката од историјата. Се запрашуваш ли зошто никој не му гои оспорува фактите и трудовите на овој професор туку ги прифаќаат како релевантни... доказ нели се наградите и реномето што го стекнал на полето на откривањето и проучување на разни етноциди и геноциди кои се случиле по Светов.
Ако може да те направи среќен кога веќе толку инсистираш, еве нешто од неговите истражувања, хронолошки, за геноцидот на Тито. http://dalje.com/slike/dokumenti_3/g2007/m08/x95148093466935571.gif собирај вади множи, критикувај го.... мене ми е доволен неговиот авторитет.
 
Пријателе ти никако да сфатиш:(

На нет за некоја година ќе најдеш статии дека борците за човекови права успеале да ја извојуваат победата во 2001 година, и се ослободија од славомакедонската фашистичка окупација.

После 15 години од моето образование дочекав да видам дека уствари ние не сме биле под турско ропство, туку тоа било доминација:vozbud:, пред се веројатно се мисли на културна и просветителна.

Мојот татко и не само мојот, сведоци се на документарци кои го прават Тито диктатор, рамен на Сталин, Пол Пот и еден куп други, а истите тие луѓе живееле со тој диктатор.

Ќе прочиташ на нет дека Косово отсекогаш било Албанско, дека Србите го окупирале, дека во МКД автохон народ се Албанците, а на славомакедонците.

Имаш ли ти троа памет у то глаата, да селектираш то што читаш, да се подразмислиш дали можеби има и друга страна на паричката?

А ти дали ке разбереш дека таа ЈУ е веке мртва и дека не постои и дека се она што се зборува за неа е оддамна поминато.А за тоа диктаторот што го спомнуваш бил бетер и од Сталин и од Хитлер можам да кажам,само со таа разлика што тогаш постоеше УДБА и ОЗНА кои контролираа се што беше под поимот информација.Затоа и не се знаеше што се случува во тогашната ЈУ.

А ти мислиш дека беше лесно да се живее во таков систем,а?Да размислуваш како нив,зошто ако си контра нив ти си против нив?Тоа ли е живот кажи ми?Него важно се одело на одмор,се возел 101,бла,бла,бла.....

А тоа што ти се случува денес во државата наша и кај комшиите наши на север,е одговор на тогашниот систем и на тогашната политика нанашиот сакан тито.Мислиш дека е од пред 10 години или 15 години?Не пријателе си утнал ти у историја некој час,дефинитивно

Што им беше кум на секое мислам дека беше 6 или 7 дете.Или што ги толерираше случувањата на Косово со протерувањата на Србите од нивната земја.Што им го полнеше џепот на тогашните албански политичари да бидат задоволни и мирни.И кога снема пари(умре спонзорот)ајде сега востание ке правиме.....

Што ги задолжи сите 6 Ју републики до го..на,да сега не знаат кој пат да го фатат.Што го остави нерешено Албанското прашање на Косово и во МК,за да сега ние си тепаме глава.Што ја создаде Босна и Босанците зошто 43-та не знаеше што да прави со нив,за да 1990-та се испостави дека се или Срби или Хрвати,а Муслимани малку тешко....

Што ликвидираше се живо и диво што му пречеше на неговиот пат.Што 44-та реши да оди на Сремскиот фронт,а не на Солун,плашејки се од Голема Македонија(ене го сведокот од Скопското Кале уште е жив има 91 одина,и случајно ми е дедо)

Кога доагаше во МК,се затвораа сите про вмро-ски фаци за да не направат глупост.Зошто?Нели бевме сите братски народи и народности?Зошто тогаш се плашеше?

Зошто беше повеке во во Загреб туку во Белград?Зошто не го оперираа во ВМА во Белград туку "случајно"беше одбрана Љубљана?Зошто во Белград не се чуствуваше сигурен......

Зошто беше Голи Оток?Да се сунчаат партиските војници?А Гргур?Случајно да беше отворен тој затвор за да се превоспитаат непослушните.И не бил диктатор?Сигурно не бил демократ тоа знам.И по ТИТО ТИТО хехехехехехеххехехеех

Знаеше дека нема вечно да владее со таа ЈУ,имаше влијание во светот тоа е точно,купуваше социјален мир,ама идилата заврши.Никој не размислуваше дека еден ден се ке врати ко бумеранг.На сите им беше убаво,и не сакаа да менуваат ништо.Е кога додје време за промени,и да се наплатат долговите,крај на приказната.Продолжението е распад на Ју и нови 6 држави со нерешени социјални и мегуетнички проблеми оставени како завет на нашиот сакан тито....На крај пак ве зезнав,ко што ве зезнав 44-та

И сега ме убедувате со сите сили дека животот бил убав во таа ЈУ?Па вие сте дефинитивно на крај со паметот,сериозно ви кажувам
 
Е тука е проблемот пријателе,зошто тогаш правевме како што ке ни каже Белград,а сега како што ке ни каже Брисел.Значи сепак сме биле црна овца во таа Југославија.А тоа никој не го гледа или не сака да го види..
Имав таа несрека(или срека зависи за кого)да служам војска во нашата братска Словенија.Е во таа Словенија на капетанот жената беше наша Македонка:Памтам работеше во ИСКРА КРАЊ....Мојот покоен татко имаше во тој период 3милиони динари нови плата инженер,а дотичната госпога во ИСКРА имаше 15милиони динари нови и тоа беше некое лево сметало чинам

Е па сега споредете колку бил добар стандардот во таа Ју посебно во МК
Шом жена во Искра земала 15 милиони а татко ти три тое е несоборлив доказ дека во СФРЈ се живеело лошо! нема шо. Зато сега имаме систем каде сите инжењери работаат и имаат исти високи плати, каде нема сиромаштија, невработеност, каде работникот зема редовна плата се лекуваме и школуваме бесплатно, одиме на мориња езера и планини, социјално сме обезбедени, нема конфликти, криминал корупција и никој не може да ни каже како и што да правиме (освен соседите, Брисел, Америка и еден куп “команданти“ кои сега се во влада и парламент) ....
Дете ти не го живееше тој систем, денес македонија ќе биди лидер во регионот ако го имплементира пак социјалистичкиот систем , не ради идеологија, маркс, Енгелс, туку како системе на економијата и социјалата. Не беше ист социјализмот во СССР, Романија, Буфгарија... со оној на СФРЈ. Имаше и те каква разлика,
Пробај сега да замислиш да завршиш школо и се вработиш без многу чекање, платата да ти стига за цел месец редовно да се исплати плус уше една во текот на годината, замисли да не плаќаш лекарски услуги, нема сини картони, нема болнички трошоци а сите, баш сите лекарства и витамин Ц и андол - бесплатно одат на рецепта, замисли да можеш да запишеш било кој факултет (ако исполнуваш услови) бесплатно и да се школуваш, замисли да као работник можеш да појдеш во одморалиште на твојата фирма или во синдикално одморалиште каде трошоци за летување ти се симболични, замисли да не знаеш шо е тоа затворена фабрика, стечајци, штрајкови и протести пред влада, замисли да можеш да прошеташ било каде низ татковината во било кое време на ден или ноќ без страв дали ќе ти се случи нешто, замисли контејнери по кои не пребаруваат луѓе и улици и мостови без питачи, замисли општество каде не те интересира кој е министер за змјоделство, министер за внатрешни, па дури ни претседател кој е а камо ли општинки одборници, замисли да ти како вработен можеш да гласаш и носиш одлуки за својата фирма или фабрика, од поставување или сменување на директор набавка на опрема, трошење на пари....
Социјализам е СОЦИЈАЛНО општество со акцент на народот, капитализам е со акцент на грст луѓе во чии раце се богатствата и фабриките. Од приходите во социјализмот, се даваа пари, здравство и социјално а вишокот се распределуваше по критериуми пак назат во државата, економијата, за народот, капиталистот дели плата и се друго задржува за себе, ако му се гледаат малце профити - затвара фабрика око не му трепнува дали на улица остануваат 3000 луше и толку семејства без приходи. Тој гледа берзата и акциите. Ако лани заработил 100 милиони а ова година само 50 - то е за него катастрофа! Тито беше претседател, на голема и развиена земја, имаше вили коли резиденции, воз.... кога умре, ништо тоа не остана негово ни на некој негов член на семејство. Се остана на државата за следните претседатели. Децата негови не беа на никакви видни места, кој заврши школо и се вработи во некоја фирма - кој не. Жената негова - Јованка, денес живее од скромна пензија во мала куќа. Замисли сите богатства кои Тито ги добиваше од странски држави се во сопственост на државата, една табакера не зеде тој лично. И цела таа генерација на политичари и водачи - така се понашаше, немаше приватизации, криминални продажби, зделки со проценти ни богатења, нема дузини дуќани, куќи станови коли... Платата по закон во СФРЈ беше 1:3, значи од најниска плата до највисока разликата е 3 пати, то значи ако најниска плата е денес 150 еврам, директорот ќе зема 450.
Дете јас го живеев тој систем работев во него, ни тогаш ни сега не сум бил член на партија ни било каков ни најмал функционер. Али сум земал редовна плата, солидна за цел месец полн фрижидер и платени сметки, сум летувал, патувал, купувал, се лекував и школував и се осеќав сигурно и безбедно. Не ми е поента дали на власт се комунисти или либерали или демохристијани.... нека обезбедат еден таков живот и таков морал - доста е. како сакаат нека се нарекуваат.
 
А ти дали ке разбереш дека таа ЈУ е веке мртва и дека не постои и дека се она што се зборува за неа е оддамна поминато.А за тоа диктаторот што го спомнуваш бил бетер и од Сталин и од Хитлер можам да кажам,само со таа разлика што тогаш постоеше УДБА и ОЗНА кои контролираа се што беше под поимот информација.Затоа и не се знаеше што се случува во тогашната ЈУ.

А ти мислиш дека беше лесно да се живее во таков систем,а?Да размислуваш како нив,зошто ако си контра нив ти си против нив?Тоа ли е живот кажи ми?Него важно се одело на одмор,се возел 101,бла,бла,бла.....

А тоа што ти се случува денес во државата наша и кај комшиите наши на север,е одговор на тогашниот систем и на тогашната политика нанашиот сакан тито.Мислиш дека е од пред 10 години или 15 години?Не пријателе си утнал ти у историја некој час,дефинитивно

Што им беше кум на секое мислам дека беше 6 или 7 дете.Или што ги толерираше случувањата на Косово со протерувањата на Србите од нивната земја.Што им го полнеше џепот на тогашните албански политичари да бидат задоволни и мирни.И кога снема пари(умре спонзорот)ајде сега востание ке правиме.....

Што ги задолжи сите 6 Ју републики до го..на,да сега не знаат кој пат да го фатат.Што го остави нерешено Албанското прашање на Косово и во МК,за да сега ние си тепаме глава.Што ја создаде Босна и Босанците зошто 43-та не знаеше што да прави со нив,за да 1990-та се испостави дека се или Срби или Хрвати,а Муслимани малку тешко....

Што ликвидираше се живо и диво што му пречеше на неговиот пат.Што 44-та реши да оди на Сремскиот фронт,а не на Солун,плашејки се од Голема Македонија(ене го сведокот од Скопското Кале уште е жив има 91 одина,и случајно ми е дедо)

Кога доагаше во МК,се затвораа сите про вмро-ски фаци за да не направат глупост.Зошто?Нели бевме сите братски народи и народности?Зошто тогаш се плашеше?

Зошто беше повеке во во Загреб туку во Белград?Зошто не го оперираа во ВМА во Белград туку "случајно"беше одбрана Љубљана?Зошто во Белград не се чуствуваше сигурен......

Зошто беше Голи Оток?Да се сунчаат партиските војници?А Гргур?Случајно да беше отворен тој затвор за да се превоспитаат непослушните.И не бил диктатор?Сигурно не бил демократ тоа знам.И по ТИТО ТИТО хехехехехехеххехехеех

Знаеше дека нема вечно да владее со таа ЈУ,имаше влијание во светот тоа е точно,купуваше социјален мир,ама идилата заврши.Никој не размислуваше дека еден ден се ке врати ко бумеранг.На сите им беше убаво,и не сакаа да менуваат ништо.Е кога додје време за промени,и да се наплатат долговите,крај на приказната.Продолжението е распад на Ју и нови 6 држави со нерешени социјални и мегуетнички проблеми оставени како завет на нашиот сакан тито....На крај пак ве зезнав,ко што ве зезнав 44-та

И сега ме убедувате со сите сили дека животот бил убав во таа ЈУ?Па вие сте дефинитивно на крај со паметот,сериозно ви кажувам

БАтка ништо ти не разбираш, завајлија си.

Не е ова дискусија, туку твој обид да ги исфрлиш фрустрациите тука на форумов, кои си ги собирал долго време. Но, и тоа е у реду, ама барем кажи си дека поради твои лични примери и искуство го сметаш ова. Не е проблем.

Никој тука не плаче по Екс Ју, туку многумина не можат да сфатат како може и после 20 години од таа Југославија, да не мрднеме од статус кво ситуација.

Мислам дека премногу си индоктиниран со разни глупости за да оставиш барем мала доза на резерва за она што ти го велат другите, дека не е се така црно или бело.
Се нафрлаш со голема омраза за нешто што не го познаваш, а веројатно на некој начин те засегнало лично.

Но, ти си знаеш, голем си си.

Ако тебе ти е убао у МКД, мене ми е уште поубао.
--- надополнето: 29 ноември 2012 во 18:05 ---
nostalgija за крај би те прашал, што ти предлагаш за подобрување на ситуацијата? ИМаш ли некаква идеја?

Ај, еве плукаш по Екс Ју, таа ни ги донела сите проблеми денес и се шо ти кажуваш нека биде така.
Ами чаре? Почни со проблемот на невработеност, со браќава?

Инаку вака до утре можеме да плукаме по старото и минатото нели.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom