Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
----- obama ima ,,dobieno ,, nobelova nagrada za mir :), a ovoj samo nominiran , slabo, slaboooooooo, tuku da ti kazam nesto , deneska i haskiot sud za nevin go proglasi i go oslobodi ramus haradsinaj , covekot nemal blaga vrska , nitu znael nitu cul deka na kosovo imalo ubivani srbi, a ne daj boze da imalo vadenje organi, i zamisli sega nekoj go ubie mirotvorecot haradinaj , za tebe ubiecot sigurno bi bil - gavol , zamisli nekoj ubil nekogo za kogo haskiot tribunal utvrdil deka e nevin:eek:
--- надополнето: 29 ноември 2012 во 12:58 ---

a za toa brojkite , vidi so let, mene mi e drago sto gi stignala kazna (osveta ) site onie sto ubivale i vrsele egzodus vrz slovenskoto naselenie
--- надополнето: 29 ноември 2012 во 13:01 ---

-- si imal 1000 marki plata i plukas na toa :(, dojdi sega raboti za 200 evra
Па нормално бе комшија ке плукам кога се беше вештачки......Како е можно држава на која и се гледа крајот да има таков курс на својата валута......И се виде крајот конечно......

Е па ако не ти се седи во МК за 200евра,дојди како порано што одеа нашите гастербајтери во Германија зошто беше "добар" животот во ЈУ каде што сум јас сега и ке спечалиш пари.Еееееее ама треба да се мрдне дебелото месо,така?Е па ако беше ЈУ ке дремеше у некоја државна фабрика и ке се спремаше за викенд.

Значи тој што сака да обезбеди иднина,не сонува и не жали за минатото...Е ама вие ја барате Ју зошто не работевте ништо по цел ден во фабриките,а на 1-ви го земавте чекот.....
--- надополнето: 29 ноември 2012 во 13:14 ---
А бе порано на партиските состаноци имаше една парола
НИЕ ДРУГАРИ И ДРУГАРКИ КЕ ЈАДЕМЕ СО ЗЛАТНИ ЛАЖИЦИ
Е арна беше паролата,ама заборави обичниот човек дека ТИЕ ке јадат со златни лажици а не народот:vozbud::vozbud:
 
Смрт фашизму комунизму слобода народу
Ти пак ако не закачиш некоја зелена денот нема да ти биде.
Значи тој што сака да обезбеди иднина,не сонува и не жали за минатото...Е ама вие ја барате Ју зошто не работевте ништо по цел ден во фабриките,а на 1-ви го земавте чекот.....
Ајде сега искрено дали ти би го одбил болдираново.
Ама биди си искрен, дали стварно да ти се пружи прилика ете таму каде што си да најдиш таква работа каде ама баш ништо нема да работиш, на први пак ке земеш плата дали би ја одбил таа работа.
 
Се обидувам од сите постирања да извлечам некој заклучок,но залудно....
Велиш сега е далеку подобро отколку порано, така те сфаќам. Од друга страна читам работиш негде надвор, значи овде или не можеш да најдеш или има работа ама е мизерна. Си земал 1000 марки плата (еквивалент на денешни 1000 евра), а од друга страна велиш тогаш не било добро.
Ај ете пиши во кој сегмент на живеењето на мнозинството семејства во Македонија е подобар животот денеска.
Значи дали поефтино ги школуваш и облекуваш децата или кога одиш на забар и лекар помалку плаќаш, повеќе шанси да дојдеш до стан од порано, побезбеден си во државава...конкретно во што.
 
Лаги а? Идиотски велиш?
Темава е идиотска (а твојот коментар неумесен, јас не давам вакви ‘‘атрибути‘‘ на твоите мислења, ама ти и повеќето изгледа неможете инаку) идиотска е велам темата бидејки споредуваме систем кој е граден на милион жртви и тоа убиени во мирнодобски услови (по завршетокот на војната) убиства врз политички и идеолошки неистомисленици, во вид на масовни стрелања, преки судови или монтирани.... слични на оние што се извршени врз народот на Советскиот Сојуз под водство на Сталин. Темелот на таа држава беше поставен на терор: убиства, конфискации на имоти, протерувања осудувања и мачења по затвори и така натака... Но највеќе со масовните убиства, кои како велат повеќе извори се или блиску или надминуваат милион! Тоа е, темелот и градбата првите години - како Ќеле-кула во Ниш со мртвачки глави што е!
Е сега види, неколку работи... ти и присташите негови упорно мавтате со некои видео снимки на ѕверства кои пак ги извршиле дел од оние што ги казнил маршалот и некако по дифолт доаѓате до заклучок дека ние што зборуваме за Титовите, ги оправдуваме ѕверствата на Фашизмот! Тоа е многу бедно!...Но знаеш што, во Светот владеат вредности и права, на тоа е градена цивилизацијата, а таа вели ли дека жртвата треба да се свети и да биде поѕверска од агресорот кога ќе го победи? Не се разбира! Да беше така СССР требаше да ја истепа цела источна германија која што ја доби нели на некој начин како репарација, толку или нешто повеќе имаше СССР колку ‘‘Ист Џермани‘‘, но иако го имаа Сталин на власт, тие сепак се сложива за процес, но не и за одмазда, барем не онолкава колку што претрпеа жртви во Втората Св Војна... спомнав и предходно дека во Украина тогаш имало а и денес има неколку милилиони Германци... значи по таа логика Сталин требеше се од Германско да очисти?.... Да не зборувам за западот, кој исто така претрпе големи жртви - требаше да ја очистат цела Германија со се семејствата, иако во војната која предходно знаеме ја почна Германија и сателитите, во која војна страдава и семејствата (жени деца немоќни старци) на овие што после војната судева....Но сепак судева! Ја докажава вината и за тие и за многу генерации, со процес.... Во тоа е разликата меѓу цивилизираниот и нецивилизираниот Свет! Натаму, од оние кои извршива ѕверства на овие простори како на ЈуТуб клиповите и многу повеќе од нив се многу помалиот дел од убиените, тие во најголем дел и ја напуштива државата побегнава....Имај на ум дека во настраданите се и семејства цели затоа што припаѓале на нацијата на агресорот, луѓе кои биле од високата или средна класа пред војната, оние што имале имот: бизниси, фабрики, дуќани... некои и со повеќе станови имот како земја и тн.... и највеќе политички неистомисленици, идеолошки неподобни, интелектуалци определени демократски, уметници, поети коишто имале поизразени патриотски чуства, неслагачи со еднопартизмот и иљадници и иљадници пострадани поради нечии суети, окодошени како државни непријатели .... тн и тн.... многумина настрадале се разбира првите десетина години и САМО обидувајки се да ја напуштат таа држава. Од 45 до 55 тоа било најстрого забрането!
Натаму, ми мавташ со видеата за да го оправдаш она што неможе, тоа е касапницата на Маршалот, но имаш ли клипови да ми покажеш или посочиш кои тоа државни непријатели кои тоа соработници со непријателот ги сотрел во Македонија? Јас погоре напоменав и тоа дека овдека на самиот почеток прави пуч УБИВАЈКИ ги нашиот легитимен претседател и претседателот на президиумот (знаеме како завршива тие) и илјадници други патриоти кои чија најголема вина била што си ја сакале својата држава повеќе од федерацијата.
Е сега, ми ги оспорувате изворите и линковите кои што ги дадов, како неточни непризнати и неавторизирани... Е па сега ќе напишам и ме мрзи више да повторувам. Јас имам од повеќе интересни сфери и неутрални и ајде домашни српски, хрватки, ќе ги наречете пристрасни, но сите се сложни во едно! Во масакрот на режимот на Тито и соре-долу за бројот на жртвите на тој режим. Напишани се томови и томови книги, есеи докторати дури на таа тема... Е па еден кој на таа тема докторирал, познат во круговите како борец за човекови права, борец против вршење на етноцид, геноцид и ‘‘демоцид‘‘ тоа е негов збор кој го употребува широката јавност, а тоа е токму таа меѓу останатите и дијагнозата на Маршалот, масовно убивање на граѓани..... еве http://sr.wikipedia.org/wiki/Демоцид
тоа е американскиот научник доктор на науки, професор Рудолф Рамел, еден филантроп, но и еден голем авторитет за таа проблематика во СВЕТСКИ рамки! http://en.wikipedia.org/wiki/Rudolph_Rummel#Criticisms
токму за таа материја, има огромен труд позади него ПРИЗНАТИ од сите или барем од повеќето историчари и научници во Светот.... е да, за неговиот авторитет и дела, нека посведочат и двете номинации за НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР!!! Значи еден докажан научник кој целиот живот го посветил на теророт масовните убиства геноцидот.... и тн
Е па еве види што вели Румел во своите студии и анализи за вашиот драг Маршал, вели 11 место со како рековме повеќе пати вели над милион жртви во неговата ‘‘касапница‘‘!..... Не е 10 како што вели десничарскиот Билд туку 11... еве ти погледни! Слободно првите 3 места (наведува општо) елиминирај ги па брои! Рипајте сега со линкови собирања на жртвите вадења и тн колку сакате. Ова е наука општоприфатено! http://www.hawaii.edu/powerkills/NOTE1.HTM
ете реален е човекот, тука е и Виетнам и Јапонија и Колежот на турците врз Ермените, Сталин, Мао, Пакистан.... и тн. И Маршалот со 1,072,000 жртви!
Веројатно на Угриновски (Титовите леви сили) и вашите се други бројките, секако дека се... и вие веројатно по историската на браварот: Ја не признајем овај суд, ја признајем само Суд КП Југославије (чије сам партије ‘‘случајно председник - тоа не го кажал ама го мислел! :pos:) ... не го признавате светскиот авторитет и историја туку само историјата на КПЈот и на Левите сили на Угрин! Колку фино!?
За жал тоа е вистината... но уште поголема жал што ете се случило на овие територии при што многумина пострадале недужни. Жално е што ете бројката која не ја признавате, секојдневно се зголемува... Еве лани копајки во темелите на фабрика за автомобили масовна гробница од таа касапница http://www.blic.rs/Vesti/Hronika/29...a-komunistickog-terora-nadjeno-u-krugu-Fijata
ете тоа е за она што се однесува до моите извори... а вие копајте сега, барајте што рекол зетот на начмиш или стрина му од мушка тетка, колку жртви имало, меѓу другото и на Голи Оток.... Напаѓајте го овој авторитет, дискредитирајте го, етикетирајте го.... ФАШИСТА, АМЕРИКАНЕЦ, нивните жртви не ги брои, особено на Вајат Ерп и Док Холидеј извршени над индијанците! Авторитет огромен, научник, две номинации кај Нобел има чоекот за Мир, а вие удрете сега!

За Амерички "историчари" ми шиштат јајцата. И да ми кажат дека небот е плаво нема да им верувам.

Зар стварно мислиш дека ако Тито потепал милион народ цела таа наводна репресија со стрелање ќе престанела? Камо среќа да потепал толку, немаше да има толку петоколонаши и напалени националисти во 91ва.
 
Па нормално бе комшија ке плукам кога се беше вештачки......Како е можно држава на која и се гледа крајот да има таков курс на својата валута......И се виде крајот конечно......

Е па ако не ти се седи во МК за 200евра,дојди како порано што одеа нашите гастербајтери во Германија зошто беше "добар" животот во ЈУ каде што сум јас сега и ке спечалиш пари.Еееееее ама треба да се мрдне дебелото месо,така?Е па ако беше ЈУ ке дремеше у некоја државна фабрика и ке се спремаше за викенд.

Значи тој што сака да обезбеди иднина,не сонува и не жали за минатото...Е ама вие ја барате Ју зошто не работевте ништо по цел ден во фабриките,а на 1-ви го земавте чекот.....
--- надополнето: 29 ноември 2012 во 13:14 ---
А бе порано на партиските состаноци имаше една парола
НИЕ ДРУГАРИ И ДРУГАРКИ КЕ ЈАДЕМЕ СО ЗЛАТНИ ЛАЖИЦИ
Е арна беше паролата,ама заборави обичниот човек дека ТИЕ ке јадат со златни лажици а не народот:vozbud::vozbud:

Момче мислам дека си бајаги отиден:P

Прво треба да сфатиш дека е многу глупо да согледуваш два тотално спротивни система од економски аспект.
Ниту една константа не ти е исто дефинирана, ниту една акција и реакција немаат иста дефиниција за д анаправиш споредба. Нон сенс е.

Значи дали подобро се живеело во Екс Ју или сега од аспект на финансии и имање материјални добра, во најмала рака е тешка глупост да се дискутира.

Имаш огромен јаз и во развој на наука, техника и технологија, развој на човековата мисла и идеја, развој на психата, моралот итн...

Можеш да зборуваш за други работи кои не се мерат н акантар, дали биле подобри или не, оти се она што се мери на кантар треба да е добро дефинирано, со почетни и крајни вредности.

Јас лично не фатив многу од Југославија, ја паметам највеќе крајот на 80тите кога сум имал веќе 12 ина години, и ја паметам по добро највеќе поради спортот.
Прекрасно е чувството кога си дел од нешто што е апсолутно најдобро во светот. А тоа беше Југославија во речиси секој екипен спорт во тоа време.

Немше човек кој искрено не се радуваше на виртоузните Дражен, Кукоч, Раџа, Паспаљ, Дивац, Здовц....., на Миланович, Удовичич...., на Веселин вујович, на Исток пуц, на Ифан Смајлагич, на мочната одбојкарска југословенска школа, п аи н аШабан Трстена, Шабан Сејиу итн...

Немаше човек кој искрено не заплака од радост за двата гола на Пикси против Шпанија на СП во Италија 1990.

Немавме проблем да отидеме на 15 годишна возраст со едно ранче, два пара гаќи, две маици, чорапи и сендвич за по пут, до Хрватска и влакно да не ни фали додека спиевме у паркчето пред хотел МАрјан у Сплит на пример.

Има еден куп други работи за кои човек вреди да се подзамисли, дали сегашната ситуација и нивно исчезнување е прогрес или регрес за овие балкански народи.
Се е тоа индивидуално, но сепак како дамоклов меч секојпат ќе виси над глава прашањето, дали навистина е подобра вака или онака.

22 милиона народ, толпа, искрено се колнела во Јосип Броз Тито. Денес нема да најдеш двајца што ќе речат арен е некој од нашиве лидери.

Може да с еизвадат еден куп статистики кои ќе одат против тогашното југословенско уредување, не велам не, имало и еден куп фалинки. Но кој вели дека тие немале да исчезнат со тек на време, низ овие 20 ина години?

Како велат постојат лаги, проклети лаги и статистика. Можеш да ј аобликуваш по свои потреби за разноразни манипулации.

Стои и тоа дека во Југославија сите биле сиромашни, но еднакво сиромашни. А сега?

Иако јас лично сум постигнал доста во мојот живот за овие 35 години, и тука и надвор од државава, и сето тоа ми го понудила Македонија, а не Југославија, и не би можел да се пожалам, туку напротив имам далеку повеќе и јас , а да не зборувам за моетодете нели, отколку во Југославија на раните тинејџерски години, кога се крпело ден за ден,
сепак не се осудувам да ја критикувам таа одлично замислена идеја на Тито, која сепак не профункционирала во реалноста, бидејќи се распаднала.

Затоа и се чудам кога и некои помлади од мене се обидуваат да ја дискредитираат таа Југославија, врз основа на предрасуди пред се.

Тогаш браќа ги викавме и Словенците и Хрватите и Босанците и Србите. Ама ги викавме оти така сакавме и се чувствуваме како браќа навистина. Јас и до ден денес немам проблем во ниту една од споменативе републики, ама имам проблем во сопствената држава каде што не можеш да стапнеш у Џепшите, Мала Речица, Врапчиште, Арачиново, Сарај....

Тогаш со срце си ги викал браќа Србите Хрватите, сега на сила те тераат да ти бидат шип тарите браќа.

Сума сумарум, ова е неблагодарна тема, која нема врска со реалноста, и може да буди само спомени кон нешто убаво или неубаво, зависно кој како го доживувал сето тоа.
 
За Амерички "историчари" ми шиштат јајцата. И да ми кажат дека небот е плаво нема да им верувам.

Зар стварно мислиш дека ако Тито потепал милион народ цела таа наводна репресија со стрелање ќе престанела? Камо среќа да потепал толку, немаше да има толку петоколонаши и напалени националисти во 91ва.
Ха-ха-хаха... немам коментар човече за ова дали требал или не повеќе од милион...
A за напалените националисти, па тие негови џачиња се. Сите тие ‘‘напалени‘‘ поради кои се пролеа толку крв, беа ‘‘Кумровачка школа‘‘!... Едниот беше негов генерал од Втората Св Војна и потоа со години генерал на ЈНА, а другиот висок функционер во КПЈ и КПС кој во идеата за сочувување на тековините на државата и револуцијата ги испрати своите тенкови авиони, војска да сеат смрт... Ааа нема амнестирање и покажување со прст кон други! И таа Војна е резултат на системот на маршалот, макар од неговиот систем или рецидиви на истиот, како сакате!?
Не е само од ‘‘Амерички‘‘ извори.... инаку за твое инфо, за МК најголемата архива за историја документи копии материјали и тн, после Москва Истанбул има во Бостонската ми се чини библиотека и архив, таму имаш највеќе податоци за нас... и за античка, средновековна, современа МК.... а верувам имаат и за целиот Балкан богата архива вклучувајки ги и бившите ЈУ простори. Salvo erore, но ми се чини дека е тоа Бостон.
 
ете реален е човекот, тука е и Виетнам и Јапонија и Колежот на турците врз Ермените, Сталин, Мао, Пакистан.... и тн. И Маршалот со 1,072,000 жртви!
Е дај да видиме како ги собрал тие милион и кусур.
Историчари кои овде истражувале, после распад на СФРЈ, самите жртви на тој режим, неприателите на Тито од овие простори даваат многу помали бројки, 10.000 Блајбург - изјава на зетот на Анте Павелиќ на комеморацијата по повод Блајбург (тука се ставени и стрелани и убиени во борби при повлекувањата), 413 на голи оток, таа бројка се наоѓа и на страната на здружението Голи оток, 7200 фолксдојчери - податок од изтражувања на самите германци и 2501 унгарец (бројка од мешовита вовоѓанско унгарска комисија во 2004 година) Се на се помалце од 20.000 луѓе за период 1944-1948 и тоа во време и на простори по исклучително крвава насилна и разурнувачка војна. Тој пофесорот како вршел истражувања? ете истражил и кина и СССР и германија и Америка и СФРЈ..... тоа се толку обемни истражувања и на толку големи простори и години што физички не можел да појди сегде испита бара факти трага ...... Ете на пример кој период тој бил на просторите на СФРЈ и како и каде собрал податоци за тие жртви? Како ги сортирал жртвите, кои докази ги дава за истите?
 
Ха-ха-хаха... немам коментар човече за ова дали требал или не повеќе од милион...
A за напалените националисти, па тие негови џачиња се. Сите тие ‘‘напалени‘‘ поради кои се пролеа толку крв, беа ‘‘Кумровачка школа‘‘!... Едниот беше негов генерал од Втората Св Војна и потоа со години генерал на ЈНА, а другиот висок функционер во КПЈ и КПС кој во идеата за сочувување на тековините на државата и револуцијата ги испрати своите тенкови авиони, војска да сеат смрт... Ааа нема амнестирање и покажување со прст кон други! И таа Војна е резултат на системот на маршалот, макар од неговиот систем или рецидиви на истиот, како сакате!?
Не е само од ‘‘Амерички‘‘ извори.... инаку за твое инфо, за МК најголемата архива за историја документи копии материјали и тн, после Москва Истанбул има во Бостонската ми се чини библиотека и архив, таму имаш највеќе податоци за нас... и за античка, средновековна, современа МК.... а верувам имаат и за целиот Балкан богата архива вклучувајки ги и бившите ЈУ простори. Salvo erore, но ми се чини дека е тоа Бостон.

Да потепал милион луѓе на никој ни на крај на памет би му текнало да се цепи од Југославија. Научи се да читаш.

Амерички , Француски, Британски исти курац друго паковање, едина работа за која што вредат они е искажување митски трилиони утепани луѓе.
 
Е дај да видиме како ги собрал тие милион и кусур.
Историчари кои овде истражувале, после распад на СФРЈ, самите жртви на тој режим, неприателите на Тито од овие простори даваат многу помали бројки, 10.000 Блајбург - изјава на зетот на Анте Павелиќ на комеморацијата по повод Блајбург (тука се ставени и стрелани и убиени во борби при повлекувањата), 413 на голи оток, таа бројка се наоѓа и на страната на здружението Голи оток, 7200 фолксдојчери - податок од изтражувања на самите германци и 2501 унгарец (бројка од мешовита вовоѓанско унгарска комисија во 2004 година) Се на се помалце од 20.000 луѓе за период 1944-1948 и тоа во време и на простори по исклучително крвава насилна и разурнувачка војна. Тој пофесорот како вршел истражувања? ете истражил и кина и СССР и германија и Америка и СФРЈ..... тоа се толку обемни истражувања и на толку големи простори и години што физички не можел да појди сегде испита бара факти трага ...... Ете на пример кој период тој бил на просторите на СФРЈ и како и каде собрал податоци за тие жртви? Како ги сортирал жртвите, кои докази ги дава за истите?
Реков и предходно каков авторитет е човекот и какви трудови има пишувано, колку е ценет во Светот, за неговите референци, награди, номинации признанија.... Твое е да прифатиш или не!? Јас реков дека до исти броеви доаѓаат и повеќе историчари и извори... фино што го оспоруваш, еве ти линк на неговата страница, јави му се, па здравје боже можеби со твоите ‘‘факти‘‘ и историјата ќе ја смениш. Еве ти линк оспорувај го со факти од зетовци и со броеви за 413 настрадани на Голи Оток, незнам само како може некој да поверува во неа? Реков дека овдека само на Кале и во Идризово, од режимот има настрадано повеќе од таа бројка.... се што те интересира прашај го има и отворен форум тој истиот и дискусија за ова.... http://www.hawaii.edu/powerkills/NOTE1.HTM Оспорувај собирај множи, но мене, повеќето верувам и светската јавност неможеш да ме убедиш. Зошто тебе на пример би ти верувал, а не на еден научник.... и зошто тој научник не го оспорила науката, некои историчари од научните кругови да го оспорат и да речат не е така!? Туку го прифаќаат и неговите трудови и него како голем авторитет и научник во таа област!
--- надополнето: 29 ноември 2012 во 14:22 ---
Да потепал милион луѓе на никој ни на крај на памет би му текнало да се цепи од Југославија. Научи се да читаш.

Амерички , Француски, Британски исти курац друго паковање, едина работа за која што вредат они е искажување митски трилиони утепани луѓе.
Точно, точно.... само историчарите на Маршалот фингирани од комитетот имаат точни факти, сите други немаат. Не мрзат! И љубоморат! ЈБГ:pos:
 
Реков и предходно каков авторитет е човекот и какви трудови има пишувано, колку е ценет во Светот, за неговите референци, награди, номинации признанија.... Твое е да прифатиш или не!? Јас реков дека до исти броеви доаѓаат и повеќе историчари и извори... фино што го оспоруваш, еве ти линк на неговата страница, јави му се, па здравје боже можеби со твоите ‘‘факти‘‘ и историјата ќе ја смениш. Еве ти линк оспорувај го со факти од зетовци и со броеви за 413 настрадани на Голи Оток, незнам само како може некој да поверува во неа? Реков дека овдека само на Кале и во Идризово, од режимот има настрадано повеќе од таа бројка.... се што те интересира прашај го има и отворен форум тој истиот и дискусија за ова.... http://www.hawaii.edu/powerkills/NOTE1.HTM Оспорувај собирај множи, но мене, повеќето верувам и светската јавност неможеш да ме убедиш. Зошто тебе на пример би ти верувал, а не на еден научник.... и зошто тој научник не го оспорила науката, некои историчари од научните кругови да го оспорат и да речат не е така!? Туку го прифаќаат и неговите трудови и него како голем авторитет и научник во таа област!
Имаш и научници кои тврдат дека македонија е грчка и дека Македонците се бугари. Шо е толку тешко да се даи една табела и да се наброи ете кога кој и каде убил толку народ. Ете јас ти кажувам бројки и по настани и времиња кога се протерани и убиени некои категории, дај и ти. Од 45та до 80 сета кога умре Тито се 35 години, 1.072.000 на 35 години се 30.600 луѓе годишно, или секој ден по 84 души убивал и за празници и за викенди. Тоа е невозможно и тој докторо се зафркнал негде или го излажале. Исфрлил бројка базирана на форуми по интернети, не се помачил да дојде овде, влезе по архиви, направи испитувања и анкети по население, да помини барем 5 години за да во секоја република ги направи потребните анализи и после даде еден резултат.
Мене многу не ме плашат докторски титули, имав среќавано, читано и слушано доктори чие знаење и аргументи не беа ни за средношколец, нека не те заслепува титулата. Не секогаш се тие доказ за веродостојност.
 
Ти разбираш ли македонски,или како папагал да ти повторам.Прочитај еден од моите постови,ама од буква до буква.Се зависи твојата фамилија каде се наогала во таа Југославија.Значи дали биле комунистички боржуи,шпиони и кодоши,или рмбале за една плата од 1-ви до 1-ви.
Во твоите негативни постови од буква до буква ти ја опишуваш денешната македонија.
Моите ниту беа комунистички боржуи,шпиони или кодошии ниту добиле стан ниту нешто слично туку рмбаа за една плата од 1-ви до 1-ви, и пак мислат дека животот во југославија не се споредува со денешниот во "слободна" :cautious: македонија. И не само моите.

Значи работиш за плата која и не бше голема,споредувајки ја со денес,некаде околу 200евра во вредност.Едниствено мене што ми недостига од тој период е евтиниот бензин,ништо повеке......

па 200 евра и ке ти стигнат до 1-ви,нели?
Да, а бидејќи денес тебе ти стигнуваат и супер ти е со 200 евра, затоа си отишол во авганистан да го ризикуваш твојот живот.
:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:

А стандардот тогаш и денес не можеш да го споредиш.Денес си врзан со интернет,мобилни,кола,итн кои се дополнителен трошок.А тогаш освен кола,и тоа се знаеше кој има пари да вози,денешните работи и не постоеа.Е па ако гледаш така откажи се од интернет,од мобилен,и од еден куп гаџети кои се сега популарни,не троши на непотребни работи,па 200 евра и ке ти стигнат до 1-ви,нели?

OMFG! Каков лик дискутирал до сега на темава!

Апел да го игнорирате лицемеров којшто од што му е толку убаво денес во македонија отишол да си го ризикува животот во авганистан. А овде ни продава розеви приказни за македонија.
И апел да го игнорирате ликов којшто интернетот и мобилниот телефон денес ги смета за непотребни луксузни работи.

:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
 
Ти разбираш ли македонски,или како папагал да ти повторам.Прочитај еден од моите постови,ама од буква до буква.Се зависи твојата фамилија каде се наогала во таа Југославија.Значи дали биле комунистички боржуи,шпиони и кодоши,или рмбале за една плата од 1-ви до 1-ви.
Последното. Рмбаа и не кукаа.
 
Еден добар текст најден на интернет,ама на српски е....
Кад Србин каже Хрвату брате,кад Словенци откажу своје велике плате,кад се Црногорци посла хвате,и кад Македонци добију вече плате,а на крају кад Босанци све то свате,е онда че опет да буде Југославија брате......

Значи текстот не е од Марс паднат,туку тој што го напишал точно знаел каде е проблемот.....
 
Текстот не е од МАрс паднат, ама ти си дефинитивно.
 
Во твоите негативни постови од буква до буква ти ја опишуваш денешната македонија.
Моите ниту беа комунистички боржуи,шпиони или кодошии ниту добиле стан ниту нешто слично туку рмбаа за една плата од 1-ви до 1-ви, и пак мислат дека животот во југославија не се споредува со денешниот во "слободна" :cautious: македонија. И не само моите.

Да, а бидејќи денес тебе ти стигнуваат и супер ти е со 200 евра, затоа си отишол во авганистан да го ризикуваш твојот живот.
:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:

OMFG! Каков лик дискутирал до сега на темава!

Апел да го игнорирате лицемеров којшто од што му е толку убаво денес во македонија отишол да си го ризикува животот во авганистан. А овде ни продава розеви приказни за македонија.
И апел да го игнорирате ликов којшто интернетот и мобилниот телефон денес ги смета за непотребни луксузни работи.

:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:

Ако не ти се допагаат моите текстови не мораш да ги читаш,и не ги туркај работите со сила.Кога не ти одговара нешто,тогаш не го читај.....

Дали сум јас лицемер тоа не е твоја работа,и зошто сум отишол во Авганистан на печалба.....Не можеш да разбереш некои работи.Пробај да најдеш а има еден куп статии на нет за таа ЈУ зошто се распадна како кула од карти

И порано одеа гурбет од таа ЈУ во Германија,Канада,итн зошто им било добро во Ју?Зошто имале среден живот?Зошто имале добра заработувачка?Зошто се било наредено,а?

Отвори ги очите малку,но сепак тоа доага со годините....Ке научиш млад си
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom