Да си ми жив и здрав за ова што го напиша.
За останатото нема да ти реплицирам многу многу ама само едно мора да истакнам.
Ова не е најслабиот Ливерпул( по состав) .Најслабиот беше оној на Ходсон ,каде Торес му беше повреден и надвор од форма, каде немаше брзо крило како Стерлинг, каде го немаше Сахин( а ни Аквилани), тоа беше тим во кој играше Нгог напад,па сеа ти види

Кога беше Ходсон таа година му отиде,Маскерано,Риера,Инсуа и Аквилани кој година дена пред тоа беа првотимци.. а ги замени со Полсен,Кончески и Меиралеш.
Ходсон имаше по први 15 кола 22 бода ,велемајсторот ако успее да ги победи Саутемптон ќе има 19 што значи минимум 3 бода помалце од факинг Рој.
+ фактот дека Рој го немаше Агер( т.е Агер почесто се повредуваше) + фактот дека Рој ги победи Наполи 3-1 а овој неможе да ги победи Јанг Бојс, т.е неможе да сочува 2 пати водство на еден меч со нив и со неговите менаџерски способности го донесе ЛФЦ пред испаѓање од Лига Европа во групна фаза.
Ние денеска го браниме Роџо демек немал скаути демек немал пари а што да каже Рој ондак, каде тимот беше распарчен по одење на Бенитез ..атмосфера 0, одење на играчи, немање пари итн итн да не се повторувам.
Намерно го споредив со најмизерниот тренер што сме го имале а тоа е Рој .. епа чим нема подобра статистика т.е поени на контото од него со Суарез во тим ,со Агер во тим со Сахин во тим со Керол( кој паметниот го пушти) што повеќе треба да збориме ?
Затоа Брендан аут што побрзо док не сме отишле втора лига али најсериозно.
ПС - Уште еден факт што го приметив сезонава, а тоа е дека Брендан не претвори во тим каде неможеме да тепаме ''конкурент'' Арсенал,Сити,Јунајтед,Евертон,Њукасл,Тотенхем..што значи можеме да ги тепаме Виган али со главнава 6ка можеме да се надеваме евентуално на бод што не става на рамниште на Астон Вила и Вест Хем..
--- надополнето: 29 ноември 2012 во 12:57 ---
Не прочитав,еве реплицирано е веќе
--- надополнето: 29 ноември 2012 во 12:58 ---
Ми пишуваше грешка а уствари се постирало..