Ако ги имал тој договорено ќе ги земеше. Ама го даде Керол па после трчаше бараше последниот ден да купи нешто. Видоа сите дека очајно му требаат играчи и си ставија високи цени па останавме со стапот в раце. И суперстар тврдеше дека во Август се правеле трансфери. Ајде де што не направивме тогаш?? Во Август земаш играчи ако си нормален тим, воигран и спремен. Ќе земиш уште играч два и тоа е. Не можи во Август цел тим да го прајш одново па да го воигруваш. Ама нели паметен е Роџерс. И Кени и Хоџсон беа па платија со главите. Не урлав јас за џабе кога викав дека уште во Јули почеток, треба се да е средено со трансфери. Ама ич кур не ме боли дали можи или не можи. 20 Јули најкасно сите трансфери да се завршени да има време тимот месец дена да се воигра колку толку. Не можи почнала сезоната тогаш продаваш купуваш 100 играчи и ајде до Мај ќе се воиграме. Кога нема мозок Роџерс нека пуши кур сега. Борини тој го зеде, а кутриот 1 гол даде и тоа беше. Керол не чинел ама ете го Борини видовме колку чини. Ален го плати 15 милиони ФУНТИ или 19 милиони евра. Па уште некој милион и Ериксен ете го. Асаиди за кој кур го зеде?? Ем не го игра ем не му чинел. Значи промашен трансфер. Шахин игра лошо. Плус последно време ич не го игра. Пак промашен трансфер. Сите трансфери ги промаши. Кој е крив за тоа? Јас ?? Или Буанко?? Ќе чистел зимава. Тој летото исчисти па сега ќе чистел. Што ќе чисти?? Играчите кои тој ги донесе?? Срамота е ова бе
Чекај.... дали тоа слушам јас за промашени трансфери..... а притоа се бараше Кени да остане?
--- надополнето: 29 ноември 2012 во 06:46 ---
Дај не ме ебавајте тимов има капацитет повеќе отколку што покажува. Не можи кој сака и како сака да ни дава гол. Не се толку Агер и Шкртел лоши колку што изводи Роџерс нешто. Не можи средината да е некреативна кога ги имаш Шахин, Џерард, Сусо па и Шелви. Го имаш Стерлинг, Асаиди го имаш Суарез. не можи да не можиш голот да го погодиш. Еден играч немаме кој знај да шутни в гол. На тренинг што прават??Се ебаваат??? Ова е дебилизам бе. Дајте ваму некој поручник да ги тренира, некој мајор, генерал или нешто. За овие треба тренинзи како на маринците, да цркнат од тренирање
Како можеш Асаиди да го кажеш играч.....?
Розо.... ја оддамна констатирав дека некој пат се губиш, ама сеа тотално се изгуби!
Како шо кажав... оваа изгубена утакмица е на душа на Роџо, но не на тактички план.... туку во распоредот на играчите.
Како шо кажав повеке пати...... Асаиди не е играч кој може да игра во Премиер, или не барем сега... човекот синоќа (а богами и на секој натпревар) играше како изгубен.
Шо се однесува до Ален.... па што очекувавте бре вие... МЕСИ, да земе сам топка и да даде гол.
Неговата задача е принудна ..... заден везен. Не ми се јасни вашите очеквуања од играч кој после Суарез и Енрике има најмногу истрчано!
Борини..... сеуште неможам да кажам дека е промашен играч се додека не го видам во константност 3-4 натпревари (и не не споредувајте со Асаиди, дечкото ни константност од година дена не би го оправила)
И сега за донесени 3 играчи вие му се фативте за трансфер политиката, која патем воопшто немаше никаква помош за неа, затоа што треба да се вратите назад и да видите дека во тој период ние воопшто немавме Скаутирачки кадар, да не зборам за преговарачи... Иан Ајре воопшто не е тоа!
Кени имаше една цела Институција за такво нешто и погледнете што донесе?
Хендерсон, Даунинг, Адам, Кероли тоа за енормни суми на пари.....
Единствен успех на Кени беше двањето на Џо Кол на позајмица (ако може да се нарече успех)
Колку ли само испаднавме смешни со Том Инс..... играч кој е даден за БЕЗ пари!
До овој момент, не смее никој да се фати за таа трансфер политика на Роџо.
Во период во кој немаше ниту еден стручен кадар за скаутирање и преговори, патем и период во кој имаше ограничена сума на пари, тој успеа да донесе барем некој.
Тимот кој што го имаме во моментов е најслабиот Ливерпул (зборам за играчки кадар) во овие 15 или повеке години колку што го пратам Ливерпул.
Да не ја барам сега статистиката која кажува дека Ливерпул оваа сезона го има најмладиот тим во Премиер лигата.
Луѓе имаме помлад тим и од Арсенал кој сите знаеме дека го има најдобриот Скаутинг систем.
Е сега некој ке каже како Арсенал со таков тим може да е со години пред нас на табелата.
Арсенал го има тој систем веке 10 години, или поточно кажано после ерата на Беркамп, Љумберг, Петит и други!
Ние немаме ниту 6 месеци стаж за вакво нешто...
Ние не сме префрлиле играч од младите категории кој знае колку години (кривица на Бенитез) а сега имаме 3 првотимци...замисли ТРОЈЦА.
Е сега кога еден Ливерпул ке почне да се крсти во тие 3ца млади играчи знаеш дека згуснала работата.
Факт е дека Роџо нема играчи, факт е дека и тие што ги има половина од нив уште не почнале да се бричат шо би се рекло.
Но факт е дека и синоќа негова беше кривицата за изгубениот натпревар, или барем делумно!
Хендерсон и Даунинг.... играчи кој до вчера и јавно ги прозва дека не се квалитет кој во моментов може да го задоволи Ливерпул ги фрли во утакмица која и те како е важна!
Асаиди кој до сега сите од авион видоа дека е играч кој не е на рамниште ниту на резервниот состав тој го пушти на можеби најважната позиција на овој натпревар.
Позиција на која требаше да се концентрира цел тим.
Вокер грешеше од минута во минута, во тој момент требаше еден и единствен играч..... СУСО.
Брз дриблер кој ке му го извршеше додатниот притисок на Вокер од каде бев сигурен дека ке паднеше барем еден гол.
Асаиди можеби е брз и продорен... НО... тој едноставно неможе да се носи со притсокот кој го носи самата публика, неможе да се носи со притисокот на самата Премиер Лига.
Сусо го докажа спротивното во сите натпревари кои ги одигра досега и покрај тоа што иако и Асаиди сеуште нема брада за бричење... овој нема ни В’на на курот, па пак во моментот беше најдоброто решение!
Од сето ова можеме да кажеме две работи
1.Кога доаѓа моментот за списокот на играчите, Роџерс паѓа под притисокот што тој воопшто ги нема. Па во такво бунило ги греши и овие што ги има!
2. Роџерс едноставно не е дораснат да се носи со притисокот наречен Ливерпул.
Освен од овие две работи не верувам дека може да има трета.
Никој неможе да му замери за тактиката и играта која тој сака да ја имплементира.....
Јас би рекол и добро е тоа што тоа се прави токму во овој момент, момент во кој може да се искористи ова лудило да да помине адаптацијата безболно.
Безболно затоа што и да се вратеше Бенитез со ваков Ливерпул можеше само да се слика за годиншна слика во Премиер Лигата.
ПС. Штета што треба да пијам кафе, па мора да прекинам тука!
