Сали Бериша: Ја славиме независноста на сите албански територии, од Превеза до Прешево, од Скопје до Подгорица!
Прво
Ѓорге Иванов, претседателот на Македонија, а сега и
Димитрис Аврамопулос, шефот на грчката дипломатија, во последен момент го откажаа присуството на прославата на 100 години од албанската држава во Тирана. Грчката влада и официјално изјави дека е незадоволна од изјавата на албанскиот премиер
Сали Бериша за „Голема Албанија“, за време на денешното одбележување на 100-годишнината од независноста на Албанија.
„
Изјавите на албанскиот премиер за голема Албанија не придонесуваат за создавање клима на пријателство, доверба и добрососедство меѓу двете земји и за развој на заеднички иницијативи во сектори од заемен интерес, како политика, економија и енергетики“, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.
Албанскиот премиер Сали Бериша на прославата во Валона зборувал за „независноста на Албанија на сите албански територии, од Превеза до Прешево, од Скопје до Подгорица“.
„
Во Валона, за нејзините граѓани, за Исмаил Кемал Влора и другите борци на нацијата, кои во овој вечен град на 28 ноември 1912 година ја прогласија независноста на Албанија, на сите албански територии од Превеза до Прешево, од Скопје до Подгорица. Вечна почит кон таткото на независноста на Албанија, Исмаил Кемал Влора, луѓето што го потпишаа чинот на прогласување независност, граѓаните на Валона во Албанија и сите! Среќна 100-годишнина!“, рекол Бериша во својот говор.
Аврамопулос го откажал патувањето неколку минути пред да се качи на авион за прославата во Тирана.
Во Тирана од Македонија беа вицепремиерката
Теута Арифи, лидерот на ДУИ Али Ахмети и министерот за одбрана
Фатмир Бесими. Гости во Тирана биле црногорскиот претседател, хрватскиот и унгарскиот премиер, а премиерот на Косово Хашим Тачи имал третман на специјален гостин. На дел од централната воена парада во Тирана, заедно со војниците на земјите-членки на НАТО, маршираа и тројца офицери на АРМ, од кои еден го носеше знамето на Република Македонија.
Пред два дена, идејата за голема Албанија во Скопје ја промовираше и поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија
Реис Ул Улема Сулејман ефенди Реџепи. „Божја волја е обединување на сите Албанци во една земја“.
Оваа порака Реџепи ја упати во интервју за весник на албански јазик.
„
Сојузот на албанските земји е божја волја и ние имаме обврска да го вратиме тоа и да му се заблагодариме на Бог за тоа“, изјавил Реџепи.
Поглаварот на ИВЗ повика на „
обединување под исто знаме и во иста земја каде што Бог ги одредува границите“, пренесе порталот на албански јазик, „Журнал“.
http://www.mkd.mk/79062/makedonija/i-avramopulos-ne-otide-vo-tirana-berisa/