- Член од
- 25 јануари 2009
- Мислења
- 2.008
- Поени од реакции
- 917
Нова фудбалска класика во недела. Лидерот Јувентус патува во Милано по 3те бода за да го одржи воството пред Интер, Наполи и најпријатно изенеадување оваа сезона Фиорентина. Додека пак Ѓаволите од Милано се во потрага по 3ти бода за да се искачат погоре од 12тото на табалета и да фатат приклучок во битка за место во еврпа. И двете екипи имаат доста тежок распоред во овој период. Во предходното коло херојските одбрани на Маркети беа причината зашто Јувентус освои само 1 бод. Додека пак прекрасната изведба на Шарави ги спаси Милан од пораз против незгодните Наполи. Во меѓувреме и двете екипи имаа настапи во најелитното европско натпреварување. Јувентус го победи европскиот шампион Челзи со импресивни 3-0 во Торино. Додека пак Милан славеше со 1-3 на гостувањето против белгискиот Андерлехт. ( При што беше постигнат еден од најубавите голови во натпревањето од страна на Мексес со неверојатни ножички)
Јувентус продолжи во ист стил од прошлата сезона со одличните игри и резултати со само еден единствен пораз од страна на лутиот ривал Интер што им беше прекината неверојатната серија без пораз во Серија А. Моментално се први на табела со 32 бода на 13 натпревари и импресивна гол разлика од 29 дадени и 9 примени гола.
Милан е во период на транзиција и тимот е сосема видоизменет од минатата сезона. Тимот од Милано има проблеми оваа сезона што јасно се рефликтира на нивната позиција на табелата . 12 место со 15 бода и гол разлика од 20 дадени и 18 примени гола.
Според мене клучни играчи а и воедно најдобри оваа сезона во тимот на јувентус се Видал и Асамоа. Видал прикажува доста добри партии во средината на теренот при што има постигнато неколку гола и ассистенции. Средината на Милан ќе треба да биде доста внимателна со овој играч. Додека пак на левата страна Асамоа прикажува неверојатни игри. Неуморниот играч од Гана постојано трча , дрибла, подава по левата страна и предизвикува терор на противничките екипи. Милан мора да бидат перфектни под нивната десна страна во одбраната ако сакаат да го сопрат овој играч.
Додека клучни играчи во таборот на Милан се двајца млади и новопечени репрезентативци на италија Ел Шарави и Де Шиљо. Малиот фараон според игрите што ги прикажува можеби е моментално играчот што е во најдобра форма во серија А. Моментално е прв стрелец во серија А со 10 постигнати гола и тоа сите од игра. На неколку пати ги спасува Росонерите од пораз и им носи доста важни бодови. Де Шиљо е моментално најдобриот дефазивец на росонерите. Младиот десен бек прикажува одлични игри по десната бековска линија, а нема проблем да игра и на левата страна , при што Милан конечно најде еден млад, перспективен и квалитетен дефанзивец што доаѓа од нивната младинска школа.
Се очекува интересен дуел во недела. Без разлика на позициите на двата тима на табелата Дербито секогаш било интересно за гледање. Се разбира навивачки типувам на победа на Милан со резултат 3-2. па оставете ги и вашите типови и мислења за овој натпревар. И се разбира ФОРЦА МИЛАН!