Друштво да пишам нешто за Jack3d значи ова е само мој преглед според мојот организам и искуство со овој суплемент до сега. Не правам антиреклама или нешто слично кажувам резултати до сега. За жал кај мене овој суплемент не покажа никакви резултати, дали мојот организам има толеранција кон состојките што ги содржи џекот или е нешто друго во прашање незнам. Би побарал мислење од поискусните како
Myers и
Gjoroski.
Не сум некој голем човек, 1.70 цм висина со 70 кг тежина. Првите три пати терав со пропишаната доза (5.55гр) после уште три пати фурав со двојна доза на користење, 40тина минути пред тренинг. Не почувствував некоја посебна сила и расположение во ниеден тренинг. На бенч исти килажи и на остали вежби исто, можеби сум можел едно повторување плус да направам али за таа цена ништо сензационално (не дека очекував чуда али за таа цена очекував повеќе).
Така да ако може некој да предложи друг пред-вежбачки суплемент со различна содржина од џекот би бил благодарен...
Во меѓувреме ако е некој заинтересиран да го купи тоа што ми остана, џекот има 45 дози мене ми останаа уште 35-6, една четвртина помалце. Ако има заинтересиран нека пише пп па ќе се договориме

Штета што не фати кај мене али тоа е тоа секој организам е различен, ќе пробуваме нови работи
