Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100
Крајниот резултат е ист. И 2та се во Челзи. Околностите не ми се битни. И Торес кажа дека имал причини шо заминал.
А за Овен грешка си ме сфатил, и за мене е најголемиот предавник.

Работат двајца младичи во една фирма. Еден ден фирмата го кикнува едниот. Друг ден вториот сам си дава отказ за да отиде во конкурентска фирма. По некое време, првиот одлучува да ја прифати понудената работа во истата конкурентска фирма затоа што немал работа (препрочитај го болдот). Кој е “предавник“?
 
Ranomi си го сака Торес познато е тоа али лошото е тука што е контраш и што прави лоши споредби т.е иде со глава во зид само за да докаже нелогична работа.

Торес и Рафа неможе да се споредат( кажано и погоре ) ама ајде ќе повторам и јас.
Рафа беше избркан и од управата а и од навивачите кој тогаш беа против него( од причина- лудост)
Торес си отиде кога дојдоа нови газди кога се врати Кралот(кога требаше да тргне цела работа), си замина на последен ден оставајќи го Кени,управата и цел тим на цедило па мораа да лупнат пари на бафтана( за Керол).

Сума сумарум,Торес му нанел штета на клубот додека Рафа НЕ.

Бенитез за мене е number 1, а Торес е само еден од многуте кој се полакомил по пари..
 
Торес за разлика од Бенитез никогаш не даде изјава дека Ливерпул му е се и слично :icon_lol:. Двајцата одат во ист кош, или и двајцата се предавници или ниеден од нив. Не споредувај Торес со Овен, Овен е роден Скаузер а овој Шпанец.
Не дал изјава ама затоа до мене стои книга Torres el Nino My Story. У нејзе многу убаво кажува кој тим му е во срце а кој не. Ама пак си отиде.
 
Крајниот резултат е ист. И 2та се во Челзи. Околностите не ми се битни. И Торес кажа дека имал причини шо заминал.
А за Овен грешка си ме сфатил, и за мене е најголемиот предавник.
Всушност околностите се битни во ваква ситуација. Едно е да убиеш некој ладнокрвно а друго е во самоодбрана. При судењето за делото околностите се земаат во предвид а не крајното дело.
Така е и со ова. Торес на напушти во последниот ден т.е во последните 5 минути. Рафа беше ИЗБРКАН па летово и сакаше да се врати. Имаше многу изјави каде сакаше да се врати па не го вратија. Што треба да прави сега, да седи без работа пошто ќе сме го сметале за предавник??
 
Peja989 Торес и Бенитез.
stormspeaker Едниот отпуштен, другиот заминува под неразјаснети околности, му ветуваат трансфери а го носат само Суарез едвај. Овој отпуштениот(Бенитез) во мегувреме вика дека нема да прифати работа од конкурентот а сега доаѓа во позиција да оди таму.
Scouser88 Торес изјави дека ќе го напушти Ливерпул на 27 јанаури. Да беа способни во управата ќе најдоа адекватна замена за тоа време. Ама неспособниот Камоли шо не го биваше е друга прича.
Gojak YNWA Си замина со цел да освои трофеи со Челзи, нешто шо Ливерпул не можеше да му го овозможи 3ипол години.
Rosemberg ги исвести 3 дена претходно дека сака да си замине, ќе најдеа квалитетна замена да беа посбособни. Не е он крив шо не му исполнија ветувањето и цели 15 дена се ебавааа да го донесат Суарез.

Не ми е мубаетот дека Рафа е предавник, туку дека Торес не е предавник како што повеќето го гледате. А ако веќе овој го гледате како предавник би требало и другиот бидејки изјавува дека од почит кон Ливерпул не би отишол таму.
За мене ниту едниот ниту другиот не е предавник.
 
Ranomi...за мене Торес не е предавник ама не го оправдувам неговото идење во последен момент. На 12ти или 13ти Јануари искочи со изјава дека го сака клубот и сака да освојува трофеи со него, за после 15 дена да си отиде во Челзи. Да го направеше тоа во лето, на 15ти Јули ќе ми беше онака. Плус, Ливерпул е крив што не успеа да го задржи, исто како што е крив пример Арсенал за РвП. Не конкурентна екипа. Што треба, да го сметаат за предавник навивачите на Ајакс, што Суарез отиде во поквалитетен тим (знам дека не е иста лига, ама таков е муабетот). Не е Торес толку крив, колку што е криво раководството на Ливерпул. На крај краева, Хенри имаше 2 месеци да го убеди да остане, не успеа во тоа и тој си отиде.
 
И јас не го оправдувам неговото заминување, ама не гледам причина толку да се плука по него. И Алонсо замина па и понатаму сите како херој го третираат. Колку толку меѓу најдобрите играчи ни беше тие-3 сезони. 82 гола постигна. Не гледам причина постојано да се плука па и да се изедначува со Овен како предавник...
 
Торес е предавник и готово. Да си одеше летото после светското ќе разберев. Ама тогаш имаше изјави како го сака клубот, како ќе остани а истото го рече и зимата. Едноставно човек не го менува мислењето за 5 секунди. Нож во грб ни заби. А за во ривал и ние сме криви што го пративме. Тоа што Хенри па и Кени немаат мозок а вториов немаше мадиња да го запри е друга приказна. Сакате плачете сакате смејте се ама Бенитез имаше повеќе мадиња од сите менаџери заедно досега што сме ги имале последниве 20тина години па и повеќе. Мислев Кени ќе е поарен ама јок
 
Ranomi Напаѓач предводник, голгетер на кој можеш секогаш да се потпреш дека ќе дава голови не се наоѓа за само 4 дена...
 
Ranomi Напаѓач предводник, голгетер на кој можеш секогаш да се потпреш дека ќе дава голови не се наоѓа за само 4 дена...
Тоа да, ама можеа да ангажираат порано напаѓач и да не го преплаќаат толку многу.Сето тоа требаше да го направат кога Торес изјави дека сака да си оди. Преплаќањето лошо влијаеше и на Керол.
 
Тоа да, ама можеа да ангажираат порано напаѓач и да не го преплаќаат толку многу.Сето тоа требаше да го направат кога Торес изјави дека сака да си оди. Преплаќањето лошо влијаеше и на Керол.
За болдираново се слагам 200%. А за другото не. Се очекуваше да дојде Суарез и целта беше да се формира партнерство меѓу него и Торес. Али Торес заеба работа на крај, па мораше набрзинка нов партнер да се бара.
 
Знам дека и Торес е виновен, ама не е предавник. Толку во врска со него.
 
http://www1.skysports.com/football/...s-has-credited-the-board-for-showing-patience

Ова лиглево само ги фали сите,те фановите,те играчите,те управата.. до вчера леќа сркал у Свонси сеа овде начека кавијар и се лигави за да не го избркаат и вратат на леб и вода..Се поодвратен станува со секое интервју, доста фалење нека наведне главата и док не сврзе 3 победи нека не се јавува.
 
Демек сите наеднаш менаџеришта станаа? И не го бркаат минимум година време, те уверувам во тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom