- Член од
- 13 септември 2007
- Мислења
- 5.787
- Поени од реакции
- 4.039
Значи на 14ти Октомври ми имаат пратено подарок од Нов Зеланд кој сеуште не е стигнат.
Девојката што ми го праи подарокот ми пиша дека била во поштата во која што го пратила и и рекле дека од таму не може да го следат затоа што веќе е стигнат во Македонија.
Јас отидов во мојата локална пошта веќе неколку пати и ми кажуваа дека не е стигнат, дека кога ќе стигне ќе ми пратат известување или поштарот ќе ми го донесе дома блабла.
Последниот пат кога отидов малце им се запнав пошто помина месец дена и ми рекоа дека они ја немаат пратката и дека можно е да е заглавен на царина - ќе стигне кога ќе стигне. Да сум отишла до главна пошта на железничка. Мене патот не ме носел натаму а и да одам не знам што можам да направам доколу е заглавен на царина.
Девојката ми има пратено некои шминки, што не е прв пат да ми праќаат шминки - лани ми пратија од Америка и од таму стигнаа за 20 дена. Значи не верувам дека го задржале заради содржината.
Не знам што да правам со оглед на тоа дека имам на ум тоа што на царина може си го зеле или во пошта си го зеле, знаеме како функционираат тие ствари. Ама се надевам дека не е така и ако веќе некој тоа го напраил сакам малце да и се дерам
Дали некој има искуство со вакви пратки? Дали може некаде да се обратам за подетални информации? Некој совет?