Подарок кој (наводно) е заглавен на царина. Може ли нешто да се направи?

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.787
Поени од реакции
4.039
Значи на 14ти Октомври ми имаат пратено подарок од Нов Зеланд кој сеуште не е стигнат.
Девојката што ми го праи подарокот ми пиша дека била во поштата во која што го пратила и и рекле дека од таму не може да го следат затоа што веќе е стигнат во Македонија.

Јас отидов во мојата локална пошта веќе неколку пати и ми кажуваа дека не е стигнат, дека кога ќе стигне ќе ми пратат известување или поштарот ќе ми го донесе дома блабла.
Последниот пат кога отидов малце им се запнав пошто помина месец дена и ми рекоа дека они ја немаат пратката и дека можно е да е заглавен на царина - ќе стигне кога ќе стигне. Да сум отишла до главна пошта на железничка. Мене патот не ме носел натаму а и да одам не знам што можам да направам доколу е заглавен на царина.

Девојката ми има пратено некои шминки, што не е прв пат да ми праќаат шминки - лани ми пратија од Америка и од таму стигнаа за 20 дена. Значи не верувам дека го задржале заради содржината.

Не знам што да правам со оглед на тоа дека имам на ум тоа што на царина може си го зеле или во пошта си го зеле, знаеме како функционираат тие ствари. Ама се надевам дека не е така и ако веќе некој тоа го напраил сакам малце да и се дерам :)

Дали некој има искуство со вакви пратки? Дали може некаде да се обратам за подетални информации? Некој совет?
 
Ако имаш број за следење на пратката (tracking number) можеш на интернет да провериш каде е. Ако е изгубена, треба да те обештетат (ама тоа само во случај ако е пратена препорачано (registered) во тој случај и ќе го имаш и бројот за следење).
Ако е по обична пошта пратена, тогаш ништо неможе да се направи, или ќе стигне или нема. Ако е така пратено, можно е уште да патува, јас исто така чекам пратки кои се пратени од кина од пред еден месец.
 
Имаш ли тракинг број? Ако да тогаш барај тука.
Ако не го гледаш на страната, можно никогаш да не го добиеш.
Ако го гледаш и е во МК доволно е да пуштат потерница и за 4-5 дена ете ти го пакетот кај тебе.
 
јас имав вакво слично искуство со пенкала другар од америка ми испрати 10 наливни пенкала за техничко пишување и 45 дена ми ги држеа на царина во пошта 1 во ск и покрај тоа што пратката беше препорачана со тракинг број... ужас се најубаво ке биде да се јавиш утре на 3116188 кај што ме пратија мене јас да се јавам и ке ти кажат понатаму што како...
 
Немам број за следење на пратка а и девојкава не ми спомнала дека има, зошто инаку би отишла во нејзината пошта да праша.
PsychoalieN што број е ова?Треба да имам број за следење пратка за да се јавам или... ?
 
тоа е бројот на царинската управа во ск (извини заборавив претходно да ти пишам хехе) не мора да имаш тракинг број за да се јавиш, имаат оддел во пошта 1 таму е поштенската царинарница и сите пратки од странство идат прво таму, па после низ сите пошти во републикава, тракинг бројот е само за поголема безбедност на пратката од губење, крадење... и без тракинг број сум се јавувал за разни ствари што ми каснеле или никогаш не стигнале...
 
Прво и најважно, (според мое искуство) не е многу да се чека околу месец дена за пратка од Нов Зеланд, башка што исполнила критериум да влезе на царина. Тие пратки кај мене многу повеќе доцнат.
А второ
Да сум отишла до главна пошта на железничка. Мене патот не ме носел натаму а и да одам не знам што можам да направам доколу е заглавен на царина.
појди до главна пошта на железничка :/
 
За да не одиш до главна пошта на железничка,еве ти број(02/2401878) и фино лепо ќе им се јавиш,мене ми завршија работа луѓето таму.
 
За да не одиш до главна пошта на железничка,еве ти број(02/2401878) и фино лепо ќе им се јавиш,мене ми завршија работа луѓето таму.
Е добро што да каже таму, ми фали пакет, немам никакви податоци за тракинг кај ми е пакетот?
 
Дали е препорачана или осигурана пратката? Ако не е, тогаш никој нема да се замара да ја бара. Ако стигне ок, ако не...јебига.
 
Е добро што да каже таму, ми фали пакет, немам никакви податоци за тракинг кај ми е пакетот?

Ќе си каже име и презиме и ќе каже од која држава е пратката.
 
Лани, поточно на 29. септември 2011, од Австралија ми прати ја поклон за роденден и јас се` уште го чекам. :pos:

Бев во главната пошта и ми рекоа дека не е во Мкд, а од Австралија ми кажаа дека поштата им издала потврда дека пакетот е стигнат во Мкд! Милион пати појдов кај нас в пошта, најдов и некои луѓе, ама не може ништо да се направи. Значи, таму пријавивме и дека пакетот не стигнал, тие им даваат доказ со печат дека пратката е во Мкд, ама тој документ овде не ми го признаваат - велат нема ништо на царина.
Дива лига е кај нас...

Патем, за да биде посмешно, препорачана пратка е, не е обична. :LOL: Џабе е, нема кому да се дереш. Таа на шалтер ти вика дека те нема во списокот и може да ти понуди да нурнеш во пратките, ама џабе, оти некој веќе ги користи твоите поклончиња. :pos:

Е добро што да каже таму, ми фали пакет, немам никакви податоци за тракинг кај ми е пакетот?

Имаш број на пратка и преку интернет си ја следиш пратката до каде е, на крај ти покажува дека е во Мкд, ама кај нас в пошта ти велат дека не стигнала.
 
Имав јас сличен случај со Кина не ми текнува кај ми беше постот некаде во интернет нарачки. Со тракинг бројот побарав во пошта на царинска служба да направат потерница по пратката, пишуваше дека е пристигната пратката. Промучкаа по тоа компјутерите таму и ми вика само што пристигнала. Како го ресетираа тоа уште ќе ми биде енигма. Поминато беше 3 месеци.
Ова е во случај да има тракинг број. Ако нема одпиши го.
Значи потерница да си барате ако има тракинг број.:)
 
Јас имам потерница од Австралија и ми ја прати ја со оригинал печат, доказ дека пратката е во Мкд, ама кај нас ми велат дека тоа не важи. :pos:

На 3 листа ми е објаснето и движењето на пратката, ми напишале дури и колку саати авионот се задржувал во некоја држава (велз и излез од воздушен простор), ама тоа не е доволен доказ во Мкд.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom