Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Lele da dojdam samo do pc, kako ke go snema bugarcevo od temava, kako takvo posle pusteno kazance.
 
georgievski%20povreden%20golema.jpg

Георгиевски опериран, ќе паузира три месеци

Македонскиот фудбалски репрезентативец Даниел Георгиевски, кој синоќа доживеа скршеница на ногата во дресот на Стеауа, денеска е успешно опериран од најдобриот романски ортопед Богдан Кодореан. Романските медиуми информираат дека хируршката интервенција поминала во најдобар ред, а Георгиевски го очекува рехабилитациски процес од најмалку три месеци пред повторно враќање на фудбалските терени.

Македонскиот фудбалер ќе остане згрижен во клиничкиот центар до вторник, кога треба да биде пуштен на домашно лекување. Даниел Георгиевски синоќа заработи скршеница на фибулата, по крвничкиот старт што над него го имаше фудбалерот на Северин, Кадер Бари.

Извор

Е супер, таман почна да игра како што треба му се случи ова.
Се надевам дека ќе закрепне што е можно побрзо и ќе ја има посакуваната форма да игра добри утакмици.
 
Голем потег на клубот :)

Великодушен потег: Стеауа му понуди нов договор на тешкоповредениот Георгиевски
Даниел Георгиевски, македонскиот фудбалски репрезентативец и член на Стеауа, кој вчера на дуелот со Северин заработи тешка скршеница на ногата доби понуда да потпише нов четиригодишен договор со неговиот клуб од Букурешт.​
Овој великодушен потег на управата на романскиот клуб доаѓа во време кога Даниел е во тешка состојба по вчерашната повреда, тој ќе паузира околу шест месеци, па за да не биде во неисвесност за неговата кариера, клубот најде начин да го утеши десниот бек. Инаку, актуелниот договор на Георгиевски завршува наредниот месец, откако тој во Стеауа дојде како слободне фудбалер од редовите на хрватскиот Шибеник.​
Георгиевски, кој е еден од најдобрите играчи во националниот тим предводен од селекторот Чедомир Јаневски ќе ги пропушти наредните два квалификациски натпревари против Белгија во март, а на репрезентацијата на располагање ќе и биде дури во јуни.​
Романските медиуми пишуваат дека семејството на Георгиевски, кое живее во Австралија, било во шок кога разбрало за повредата, па неговата мајка се качила на првиот авион за Букурешт со цел да биде крај нејзиниот син во овие тешки моменти за него.​
Последните информации од Букурешт се дека операцијата над Георгиевски минала успешно и дека на фудбалерот ќе му требаат околу три месеци за да почне да работи со топка на тренинг.​
373618_136334363141956_697401563_q.jpg
 
Тоа си беше според договорот, (дека ако исполни 10 настапи, ќе му го продолжат за уште година ипол), така да не е нешто „сензационално“ или незнам си каков гест од клубот...
 
Тоа си беше според договорот, (дека ако исполни 10 настапи, ќе му го продолжат за уште година ипол), така да не е нешто „сензационално“ или незнам си каков гест од клубот...
Добро, според состојбата во која ни е фудбалот, поголем број информации собираме од рекла казала отколку официјално.Можда не сме налетале на таква вест.А после вакви повреди, многу поголеми екипи би го одјебале играчот, заеби фер плеј и договори...
 
Беше во одлична форма,тоа го докажа преку настапите за репрезентацијата .. штета за повредата :/ Нек се опорава брзо
 
штета за георгиевски ке отсуствува против белгија, кога е закажана пријателската со полска?
 
штета за георгиевски ке отсуствува против белгија, кога е закажана пријателската со полска?
Накај 14ти декемрви мислам,птприлика тогаш негде е.
 
штета за георгиевски ке отсуствува против белгија, кога е закажана пријателската со полска?
На 14 декември е закажана, и мислам дека на оваа пријателска ќе играме со фудбалери од домашното првенство, односно од првата лига, барем така беше најавено.
 
На 14 декември е закажана, и мислам дека на оваа пријателска ќе играме со фудбалери од домашното првенство, односно од првата лига, барем така беше најавено.
Според мене мислам дека нема да пречи доколку сепак ги вклучи и фудбалерите од странство кои ќе бидат слободни тој период (дека тогаш само неколку лиги во Европа немаат натпревари, повеќето играчи имаат обврски со своите клубови, но сепак би можеле да ги повикаме тие што играат во Швајцарија, Полска, Романија и Србија оти тие првенства ќе имаат пауза тој период, или поконкретно мислам на Јаховиќ, Тодоровски, Кико Наумовски, Баже Илијоски и Лазевски)... Дека пред се за Тодорвски и Јаховиќ добро би било пак да настапат (со оглед на тоа што они немаат играно многу за нашиот тим, а и двајцата ќе ни требаат за со Белгија), па подобро и нив пак да ги викнеме и спремаме за со Белгија отколку да играме стриктно само со играчи од домашната лига кога и онака нема на нив сериозно да рачуна за следниот квалификациски натпревар кој е доста важен!
 
Не го сфаќаш баш концептот на Б-репрезентација а?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom