Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно“ Матеј 5: 17 - 19
1. Исус вели дека не е дојден ни црта од законите да измени. Значи неговото доаѓање и целта не е менување на законите. - ти велиш дека ко умрел Исус престанале законите да важат иако Исус рекол дека не е дојден (не му е целта) ни црта од закон да измени
2. Исус вели дека додека постојат небото и земјата дека тие закони ќе важат. Се уште постојат и небо и земја иако ти не се фокусираш на нив
3. Исус вели дека ќе постојат законите додека не се исполни се. Се уште не е исполнето се, второт доаѓање на Исус и страшниот суд
Јас ти кажувам она што Исус го рекол и како го рекол ти ми враќаш со толкувања и зборови кои не се на Исус. Нечии мислења “не е то така како што рекол Исус туку поинаку е...“