Прашања до атеистите

  • Креатор на темата Креатор на темата Дмт
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
На кратко во Библијата Бог извршува или подржува големи неправди убиства силување робовладетелство казнува неправедно итн. Сум пишал и нашол многу такви цитати во Библијата. Некои ги пишав погоре. Моите погледи на светот често пати во директна контрадиција со тие на Библискиот бог. Не само моите многу денешно општо прифатени норми и општествени правила ги сметаат божји дела од библијата како неморални и неправедни.
Еее сега ми е малце тешко да се адаптирам заш сега сефте ја отворам темава.... читнав 10-тина страни наназад... онака набрзина од око, и претпоставувам дека ова што сега го пиша се согласува со следниот квоут
1. Извини а по што се води црквата ако не по Библијата или има некоја тајна книга која не ни ја кажуваат на обичните смртници. Способен сум сам да читам и да се чудам на „мудростите“ на Библијата. Знам да читам и знам што пишува таму. И можам слободно да ти кажам тоа што го проповеда библијата и тоа учење на МПЦ се доста далеку.
2. Што е тоа „почитување“?Никаде не пишува во Новиот Завет дека старозаветните правила не важат.
3. Црквата(која и да е) како институција воошто не се споменува во Библијата. И никој не и го дал тоа право само таа да може да ја толкува Библијата.
4. Каков е тој бог да даде едни правила а после да се попишмани и да даде други поради тоа што времето се сменило. Очигледно бог се адаптира на луѓето а не обратно.
*Во врска со стариот завет, Исус Христос е завршеток на законот ( тој стариот што им бил даден на Израелците ) Провери си во Римјаните 6:14 и 10:4, ќе те интересира.
Законот служел како бариера која ќе ги одвои Изреалците и сите останати народи. Со тоа што Исус умрел тој го ’уништил’ законот и од двата народи ( Изреалците и сите останати ) создал еден народ. Прочитај Ефешаните 2:11-18
Може некој ќе помисли дека законот се делел на 10-те заповеди и другите 600-тина закони ама со тоа што Исус цитирал делови и од 10-те заповеди во својата проповед на гората, тој покажал дека всушност законот е еден и не е поделен. Сеедно, со неговата смрт законот престанува да важи. Римјаните 7:6,7
*Во врска со вториот болд, само би те замолил да си прочиташ во Малахија 3:6 и сам да си добиеш одговор.
 
Во Библијата, по наредба на Бог, или од стана на Бог лично, се убиени повеќе од 2 000 000 луѓе.

Љубов, ах љубов...
Има една песна која со цело срце би им ја препорачал на Христијаните,а песната е од Елена Ристеска и групата Реџина и гласи:Љубав није за нас.:)
 
Има еден цитат од библијата кој со цело срце би ти го препорачал, а цитатот е напишан од апостол Јован и се наоѓа во: 1 Јованово 4:8
 
Има една песна која со цело срце би им ја препорачал на Христијаните,а песната е од Елена Ристеска и групата Реџина и гласи:Љубав није за нас.:)

Елена Ристеска!???

Ахххххх....:X3:
 
*Во врска со стариот завет, Исус Христос е завршеток на законот ( тој стариот што им бил даден на Израелците ) Провери си во Римјаните 6:14 и 10:4, ќе те интересира.
Законот служел како бариера која ќе ги одвои Изреалците и сите останати народи. Со тоа што Исус умрел тој го ’уништил’ законот и од двата народи ( Изреалците и сите останати ) создал еден народ. Прочитај Ефешаните 2:11-18
Може некој ќе помисли дека законот се делел на 10-те заповеди и другите 600-тина закони ама со тоа што Исус цитирал делови и од 10-те заповеди во својата проповед на гората, тој покажал дека всушност законот е еден и не е поделен. Сеедно, со неговата смрт законот престанува да важи. Римјаните 7:6,7
Исус вака кажал:
Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно“ Матеј 5: 17 - 19

Дали се уште постојат небото и земјата? - Да!
Дали се е исполнето? - не, затоа што се уште треба да се исполни второто Исусово доаѓање и страшниот суд
Дали некој дошол и ги научил луѓето да ги нарушат тие заповеди - Да

Чиј збор има поголема тежина и значение, оној на Исус или на Павле кој никогаш не го ни видел ни слушнал Исуса и кој бил во конфликт со Исусовите ученици и наследникот на Исус на чело на Ерусалемската заедница - брат му Јаков. Непочитување и отфрлањето на законите е Павликанство а почитување е Христијанство.
 
Тебе како верник топло би ти ја препорачал,бидејќи многу љубов не е на арно 2.000.000 народ не е мала работа.

Хвала...:)

А препораката се однесуе на Елена, така?...Или...:(
 
Исус вака кажал:
Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно“ Матеј 5: 17 - 19

Дали се уште постојат небото и земјата? - Да!
Дали се е исполнето? - не, затоа што се уште треба да се исполни второто Исусово доаѓање и страшниот суд
Дали некој дошол и ги научил луѓето да ги нарушат тие заповеди - Да

Чиј збор има поголема тежина и значение, оној на Исус или на Павле кој никогаш не го ни видел ни слушнал Исуса и кој бил во конфликт со Исусовите ученици и наследникот на Исус на чело на Ерусалемската заедница - брат му Јаков. Непочитување и отфрлањето на законите е Павликанство а почитување е Христијанство.
Вистина дека Исус го рекол овие зборови, но што всушност значи зборот исполнам? Да ти го илустрирам малку тоа. Еден градител ќе го исполни договорот да изгради некој објект, не со тоа што ќе го искине договорот, туку со тоа што ќе го направи објектот. Меѓутоа, штом ќе ја заврши работата и муштеријата ќе биде задоволен, договорот е исполнет и градителот повеќе не е обврзан да се придржува за него. Слично на ова, Исус не го поништил или искинал Законот, туку го исполнил со тоа што СОВРШЕНО го држел ( иако претходно Израелците го имале законот но никој од нив не можел совршено да го држи бидејќи и самите биле несовршени, но Исус бил совршен човек и затоа го држел законот совршено ) . Штом бил исполнет тој „ договор “ на Законот, Божјиот народ повеќе не бил обврзан да го држи.
Едит : Тоа најдоле што го пиша за Павле воопшто не му обрнав внимание во постов заш мислам дека е не важно, иначе иако тој првенствено ги прогонувал христијаните но тој се преобратил и станал христијанин. Така и станал Павле уствари.. пред тоа бил Савле. Како и да е... сосема друга тема е тоа
 
Хвала...А ја па се фанах веднага за Еленчето...:love:
Абе туѓото секогаш е послатко,ете гледаш и грев направи,ама нема гајле тебе Господ ќе ти прости инаку пуштај YouTube пиши Елена Ристеска и :drk:и ич да не се секираш.:)
 
А бе сцрка е това Еленчето, ама ај ја троа да се созема и да се врата на темава...:rolleyes:
 
Вистина дека Исус го рекол овие зборови, но што всушност значи зборот исполнам? Да ти го илустрирам малку тоа. Еден градител ќе го исполни договорот да изгради некој објект, не со тоа што ќе го искине договорот, туку со тоа што ќе го направи објектот. Меѓутоа, штом ќе ја заврши работата и муштеријата ќе биде задоволен, договорот е исполнет и градителот повеќе не е обврзан да се придржува за него. Слично на ова, Исус не го поништил или искинал Законот, туку го исполнил со тоа што СОВРШЕНО го држел ( иако претходно Израелците го имале законот но никој од нив не можел совршено да го држи бидејќи и самите биле несовршени, но Исус бил совршен човек и затоа го држел законот совршено ) . Штом бил исполнет тој „ договор “ на Законот, Божјиот народ повеќе не бил обврзан да го држи.
Значи Исус исполнил се. Нема луѓето повеќе што да очекуваат од него.
Е сега уште да видиме дали се уште постојат небото и земјата.....
 
Па нели погоре пиша да се исполни и неговото второ доаѓање кај е до сега,се скапавме чекајќи?:)
 
Значи тоа се однесувало на времето додека се уште бил Исус на земјата... Исус го исполнил законот со неговата смрт, а ова го кажал на својата проповед на гората веднаш откако се крстил. Тоа ти се 3 години и нешто подоцна.
--- надополнето: 18 ноември 2012 во 18:14 ---
Па нели погоре пиша да се исполни и неговото второ доаѓање кај е до сега,се скапавме чекајќи?:)
Ај прочитај 2. Петрово 3:9
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom