Најдобра дискотека/клуб во Скопје?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Најдобра дискотека/клуб во Скопје?


  • Вкупно гласачи
    136
Излегува дека цела Стара Чаршија е со несфатени:)
Јас би рекла фино место, убав народ. Галерија 8 е фино местенце, само има наплив на сфатените и се создава страшна гужва. Од оваа листа би го избрала Балет, ако се погоди атмосферата сите се качуваат на шанк и e едно од најдобрите места за после 3 по полноќ. Ако си уморен од алкохол можеш и да си преспиеш нели La Española;

И тоа како :) Ќе ти станат од сепаре да прилегнеш :D Покрај што можеш да дремнеш, Балет е местото и за резимирање на впечатоците од вечерта нели? :)
Покрај тоа Балет е место кај што ретко кој трезен влегува, зошто на сите последна станица им е, место кај што остануваат порачани, а неиспиени бајги пијачки, зошто нели се силиш можам јас уште, а не можеш ни капка повеќе :ROFLMAO: Опуштено место со фини фаци и музиче и атмосфера и тоа што најкасно затвара најбитно :)

Да се даде објективна оценка кој е најдобар клуб/дискотетка е невозможно, зошто кој клуб/дискотека ти одговара зависи од годините, вкусот за музика, типот на луѓе меѓу кои сакаш да се движиш и т.н. Мамас е добро местенце што нуди неколку вечери, со различна музика и изведувачи, убава атмосфера и ок луѓе :)
Галерија 8 изненадувачки добро место, често со добри DJ-и и со предобра музика или со музика различна од други места што не си ја чул со години. Интересни вечери се организираат. Весела атмосфера секогаш. Само гужвите летото беа ненормални.
Хавана им ја препуштам на помладите, исто така и Маракана :) Иако можно некогаш случајно сосема случајно да се избацам во нив. :свиркам:
Миднајт- кое лудило човече :eek: Гужвање внатре, не можеш секунда да застанеш без да те турка некој и не можеш да мрднеш. Ок е во саботите музиката ама гужвата е неподнослива. А и се имам одвикнато од такви места.
Џубокс е добро местенце исто, ама и таму знае да биде многу гужва, но кога и да сум отишла убаво сум прошла. Капан- ан е исто место кај што последно одиш и седиш до сабајле :) MCM е исто така едно од моите дестинации на излегување, ама оваа сезона немам воопшто појдено, прошлата сезона добро беше :)
 
Ја не ве разбирам,како може дискотека/клуб да нарекувате каде што нема транс,хаус и стриптизерки чат пат :D . не не не сваќам сварно е срање и мака ми е шо не можам да проживеам нешто како во амстердам прага и тако даље. мака ми е кога ќе ми речат ај да излеваме во таа и таа ДУПКА и ќе пиеме ракија или узо и ќе јадеме вешалица....мака ми е. И после од таму како мрсен работник одиш у некоја си тако-звана дискотека и таму ти пее( рика не пее по точно) некој си дибек и има плакат LIFE PERFRORMANCE......


ете може офф ми е постот ама си ја кажав долгогодишната мака.
 
Во Буњаковец во пролазот (од партизанска кога идеш накај Седмица преку пролазот). Напред имаш кладилница некоја и назад е Балет.
Љубов кафичот знаеш каде е?
Знам,знам имам со металците седено порано таму:).Фала ти што ме посочи.:P
 
Иначе знам кое е најлошо - Шери во Бардовци. Турбофолк цела вечер, доле срчи од чаши искршени, под не се гледа. Газдата коа сака да ги избрка гостите зашто е касно, пушта рап и стварно сите си одат дома тогаш.
 
Колку потенцијал имаше Колосеум.......али како ја заебаа со овие српскиве шалабајзери, и со пуштање копиљаци....:facepalm:
 
Субјективно гласање, верувај. Нема да добиеш одговор од најдобра дискотека, зошто никој не иде во сите. Негде имаш рок, негде рап, негде србизам, негде сељачизам...кој каде си се наоѓа, за таму и ќе си гласа.

Иначе, го дадов гласот за Миднајт од причина предходно наведена (Процес) и тоа што моите ми тупат (да не речам) за Мусандра, како тоа тие таму излагале, па некако...најомилена ми е. (повторно, субјективно мислење)

А бе се у животов е субјкетивно. :)
Затоа е и темава, секој да каже зошто тоа место му е омилено. Има луѓе кои одат заради музиката, некои заради луѓето, некои заради атмосферата и така натаму.

Темава, покрај анкетата е и да се развие дискусија, што чини, што не чини, што треба да се промени општо во дискотеките и слично. :)
 
Иначе знам кое е најлошо - Шери во Бардовци. Турбофолк цела вечер, доле срчи од чаши искршени, под не се гледа. Газдата коа сака да ги избрка гостите зашто е касно, пушта рап и стварно сите си одат дома тогаш.
Незнаеш поизглед - Шкорпион Волково ;)
 
Незнаеш поизглед - Шкорпион Волково ;)

Од Ѓорче сум - знам. Едино место каде што Ламбе и стриптизети може да се видат на исто место. Плус срчите.
 
Субјективно гласање, верувај. Нема да добиеш одговор од најдобра дискотека, зошто никој не иде во сите. Негде имаш рок, негде рап, негде србизам, негде сељачизам...кој каде си се наоѓа, за таму и ќе си гласа.


Ај бег, море ај паша ту дифер.
Вака сега од овие сите сум бил секаде по неброено пати освен во Социал само еднаш ама и клубот е релативно нов. Доста работи можам да кажам од последниве мои деценија и пол акање низ скопскиот ноќен живот. Една работа сепак е скоро неизбежна, а тоа е дека ноќните клубови имаат рок на траење. Колку повеќе клубот удира на трендови, ново, шеми, меми толку побргу пропаѓа. Најбргу пропаѓаат тие што ставаат вратари. Во моментот кога ќе видите арогантни вратари пред влез со строги критериуми за кој влага а кој не за 3-4 сезони кладба ставам дека клубот ќе стави кључ. Тука нели не ги ставам воскреснатите клубови кои некогаш постоеле па ги снемало па пак се реотвориле, тоа не е континуитет а најчесто не се ни истите газди. Некои работи се оставаат во времето.Како на пример серијата Беверли Хилс. Абе беше успешна на времето сите ја сакавме, али тешко срање е сега што кур им текнало да прават продолжение, кога не е тоа тоа. Даклем Хард Рок го реотворија и на почеток беше уау јако ука-бука олд скулерите ама турија кључ.
МЦМ такоџе, за Покемон генерацијата појаснување-МЦМ си беше и на времето клуб уште од крај 80-ти почеток 90-ти. Иако сега не е лошо, има фина клиентела, немаат вратари, уствари имаат ама не од тие сељачааната и од мене имаат тамбс ап, добро местенце лајтерица седиш на шанк и пасеш мозок, МЦМ секогаш е фина дестинација и мислам дека Крејзи ин Тигар треба да го стави во листата. И влез не се плаќа, а јас имам некоја тивка благодарност кон клубови каде што не се плаќа со тоа што пуштам срце за некоја пијачка плус, нека има за куќата мој додатен скромен придонес чим е добродушна на врата.
Мамас многу го сакав како кафич особено вечерите со џез свирки на пијано, иако неретко со кого и да одев таму ние бевме единствените гости, а мене тоа воопшто не ми сметаше. Го обожавав ентериерот, стално си викав дека газдите како да ми влегле во глава и од таму ми го извадиле концептот на како јас би сакал да ми изгледа домот и скоро 85-90% го направиле истото. Сега откога е клуб луѓето стојат и ентериерот не доаѓа до полно светло, затоа некогаш одам таму малку порано од таа причина. Петок обично е тапа клабески ден, и ако некаде одам тоа е Мамас оти се Деј Оф и ми ја свираат оваа
а не некои новикомпоновани срања како Марун фајв, Секс он фајр, Јади ми куро за тинејџерки да пијат многу водка-боровница. Може и денес да одам што да не. Мамас е топ место. Не им требаше тој периодот со Бени Шачири кога почнаа и сељаци да се збираат и карти да наплаќаат и истата клиентела од Жаре Берберот да иде. Значи газди иако е вери лонг шат дека некогаш ќе го прочитате ова, ви бев гостин уште кога се отворивте како клуб сакам и така да остане. Ама не ја правете таа грешка уште еднаш. Сите клубови кои оделе на мас продакшн пропаднале па макар и газдите им биле луѓе со дебели врски и пари. Мамас треба да си остане клубче со свој идентитет и своја клиентела, на почетокот тоа добро го изградивте, продолжете понатаму и не се лакомете. Почитувајте си ги гостите и ќе си терате уште долги години како нешто кое барем по мене има капацитет да стане култно место во Скопје.
Хавана за мене беше убава приказна на почетокот. Во Хавана многу работи се исповрзани, а и јас си имам мал дел во тој историјат и затоа Хавана ми е драга како клуб. Бојан и Леа од Ај Кју ми се генерација од ЈБТ, и не врзуваат многу заеднички дружења, кафани, домашни журки и почетоците на Ај Кју и нивните свирки во тогашниот Чех паб со Хусо (кафе бар Љубов) на тапани, това бева легендарни времиња. Од друга страна па братот на една исто од таа наша генерација е еден од сопствениците на Хавана, па така преку неа ги повика Ај Кју да свират, и така почна се. Во Хавана кога и да влезев беше како да е времеплов во 99-та моите луѓе, мојата генерација и сите стари друштва бевме на куп, Хавана беше Наше Место од газди до бендот до луѓето внатре сите се знаевме и дружевме години уназад. И уште си е добро местото, само што сега има помлада клиентела, некако го нема тој првичниот шмек некако се дисперзиравме (иако уште сме тука), ама за тоа не е крив клубот, едноставно смена на генерации. Добро сум си проаѓал во понеделник кога се на 50% пијачките. Додуша сум плачел на работа следниот ден али ипак. Лајк за Хавана.
Џубокс од увек ми било ВПШ место (Ваша Последна Шанса). Значи се што не се омажило/оженило до 40, се што сака да боцне нешто на страна, швалерај, тетици во потрага по млади куриња, чичковци како спонзори на млади пичиња се тоа е на куп во Џубокс. И нормално Фрчко 2. Него секаде го гледав во секој клуб, има таква пуцвал коса како Фрчко и затоа го викав Фрчко 2. Фрчко 2 го гледав на секаде. Оди во Балет таму е, истата вечер оди во Сектор ќе го најдеш, јас цел збунет-Како кур дошол овој пред мене во Сектор пред 5 минути беше во Балет. И накрај ги видов заедно. Они близнаци да ми ти биле ама за мене они двајцата уште се еден исти човек-Фрчко 2. Да се навратиме на Џубокс. Дефинитивно најнетипично место за ноќниот живот за Скопје. Ако странец влезе само во еден ноќен клуб во Скопје пак колку толку може да добие некоја груба претстава за ноќниот живот. Ама ако влезе во Џубокс ќе добие скроз лоша претстава. Да се разбереме Џубокс е со право култно место да почнеме со тоа што Чичко Кумплунг е менаџер таму, а каде што е Чичко Кумплунг менаџер местото МОРА да е култно. Многу јавни фаци од секоја фела одат во Џубокс. Меѓутоа магијата на Џубокс е во тоа што местото е ненаметливо. Иако како што кажав одат и некои фаци таму местото не л'шти со некои си луксузи, обезбедувања, ручки од тупани. Ептен, ептен е кежуал Џубокс. Самата атмосфера и култура наложуваат и поспонтани запознавања нешто за кое на други постови ги клеветам жените тука не важи. Е добро сега има улога и тоа што напукала 38 и не може да изиграва пичка кога возот може и отиден да и е засекогаш али ипак, во Џубокс комуникацијата е спонтана, атмосферата олабавена, швалерај и дали знаш да права љубав године не броје колку ти душа сака, музиката од Битлси до екс ју Хитчиња ама асални не оние лејм од Црвена Јабука, Дивља јагода и остало овошје и зарзават него оние еснафските. Едина маана е гужваата, кога ќе се закрчи стварно игла нема кај да падне. Ок си е Џубокс бе, може некад го мрчам ради геријатријата али јас мрчел-не мрчел местото си е три и пол (од 3.6).

Ќе мора и оваа тема да ја терам фељтонски, како сум тргнал не 8 000 иљади него 80 000 збора да ми дозволи Бидик малце ќе се. И не заборавајте-Не е ноќниот живот во Скопје толку тапа колку што сте вие. Клабингот не е само локалот, музиката таму, луѓето, светлечите ефекти, лајт шоуата, ласерите, куглите што се вртат или жанрот. Клабингот е пред се стејт оф мајнд, нешто што го носиш во себе и со себе. Клабингот е таму каде што си ти. За добар клабер нема лоша журка. Рџавоме тулумару свака му глазба смета што би рекле Хрватите. А денес е петок...
 
Мислам дека зимското Хард рок не го спомнавме...И не ми е јасно зашто не работи...? Беше екстра дискотека тоа...Урбано место со ок ликови горе-доле...
 
Мислам дека зимското Хард рок не го спомнавме...И не ми е јасно зашто не работи...? Беше екстра дискотека тоа...Урбано место со ок ликови горе-доле...
И со вратари тешки сељачишта(колку луѓе сум гледал супер облечени ги враќале,врвките од патиките не му одговарале со шалот...).
 
Сусаро - фала што ме потсети додадено е и МЦМ. :)

Инаку, јас си гласав за Маракана, едноставно местото секогаш ќе ми биде при срце. Прекрасни излагања и убави спомени имам од таму. :)
 
Незнам кое диско беше,од кога ја слушнав песнава се начукав во рок од 2 мин,најдобар мој провод дефинитивно.:D
Он: Миднајт добро местенце е,е сега што во средите(најчесто тогаш одев или вторник беше не ми текнува) царуваше Бени сељакот тоа е друг муабет инаку фино место нема тепања,нема сељачишта,мирно,лабаво.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom