Најдобра дискотека/клуб во Скопје?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Најдобра дискотека/клуб во Скопје?

  • Вкупно гласачи
    136
Гласав за Колосеум...Не дека е нешто најдобар клуб, ама у споредба со останатите понудени ми е топ...А, и таму излегувам најчесто (за зимското Колосеум зборам...) Единствено Жаре Берберот (читај сељакот тежок) би го отстранила од таму, да не прави свирки...
А 69 не работи...
 
momentalno colosseum e najkatastrofalna diskoteka vo skopje,neznam sto se sluci so colloseum od naj jaka diskoteka do gjubre stigna:D
mozebi kako najdobra sektor ili midnight ili mozebi havana :)
 
А 69 не работи...

Ќе го отстранам од листата. Никогаш не сум го сакала 69, не ни одев таму, така што ете врска немав и дека не работи повеќе. :)
 
Омилена немам не знам дали премногу очекувам или едноставно недоволно се трудат менаџерите.
Што недостасува?
Па повеќе работи.
Прво мора да има некоја атмосфера.
Друго нешто треба да си одлучат дали клубот е +18 или -18 така подобро е за сите.
Што бара некој/а 15 годишен/а да се меша со 30-40 годишен/на и за едните и за другите е подобро така.
Трето треба да има некоја традиција значи не е важно дали се одлучиле за турбофолк,рок,поп,метал,латино важно е да се одлучат за нешто.
Да си вработат професионалци кои ќе створат атмосфера музиката да се усогласува со амбиентот.
Можам да кажам најголем проблем се некои ситници.
Како на пример претерана гужва од која и да сакаш не можеш да си поминеш убаво.
Нелогични цени на пијачки, подобро за 200 ден ќе пијам виски отколку 180 да давам за пиво.
Веќе споменав погоре не постои ноќен клуб со традиција секоја година се само името се мењава, а се работи по старо.
После да има специјални настани не е само донеси некој странец да пее и готова е работата.
Кај нас мислам дека проблемот е што не успеваат да направат да се чуствуваш high(се мисли на задоволство не на други работи).
Не знам уште што да додадам некако проблемот е што не им работи екосистемот можеби ќе се смени па ќе уживаме во подобар ноќен живот.
 
Хавана, по моја мерка е, такви се и фаците, не ти треба многу кеш да излезеш, музиката е ок, репертоарот разноврсен и повеќе не ми ни треба. Уште вратарите некако да ги средиме во сите дискотеки ќе биде супер :)
--- надополнето: 15 ноември 2012 во 22:39 ---

Кај е бе тоа пиво за 180 сеа и ти не претерувај :D
У право си за +18, -18, ама уште побитно е ова +18 да не станува +20,21,22,23,24, во зависност од гужвата. Ако не си доеш на време, и не знаеш никого на врата џабе ти е личната карта, колку и да имаш години магично една плус требало да имаш за да влезеш :)
 
Друго нешто треба да си одлучат дали клубот е +18 или -18 така подобро е за сите.
Нема луѓе ко порано, па да ги делат на јуниор и сениор забавите, сега сите на купче, тоа е доказ дека ноќниот живот во Скопје полека изумира. Ретко одам по клубовиве, мрење е, нема никаква атмосфера. Последен пат добро да сум си прошол, па има сигурно 4 - 5 години во Ритокс (кај Католичка), сега не постои, до душа таму трансоини фучеа само, местото не беше големо, ама многу ок народ се собираше. Кога сме кај клубска сцена најдобрите времиња беа пред 10 тина години во МНТ, тогаш ко копиљ у средно сум собирал цела недела 350 ден. за журка плус 350 за психотропни супстанци :D и се пичело до 5 - 6 сабајле па после директно у школо.:)Од меинстрим клубовиве тогаш знам актуелни беа Малибу, Декорум, Златна Ружа кај Соборна (особено последново, и бев симпатија на шанкерката па ме частеше текили :) , до душа ракија беше тоа кога подобро ќе размислам :) ) кои имаа краток век на траење, ама имам многу убави средношколски спомени од таму.:) Не знам дали тинејџериве денес се доследни на своите предци, ама по она што сум имал прилика да го видам изминативе години не ќе да е така.
 
Супер место беше Колосеум кога беше кај дом на градежниците на времето, тука ме однесе братучет ми прв пат, едвај ме прошверцува, мислам дека бев најмал по години таа вечер таму. Колосеум држеше и летната шема кога доаѓаа скоро сите диџеи во парк. Летното повеќе го сакав од зимското. Филингот беше журче до изгрејсонце, после тоа бурек кај Коки и свежо скопско ветре кога сите одат на работа а ти се враќаш дома. Сега нешто слушам од север има некоја експанзија на печалбари. Немам отидено долгоооо време ни во летното ни во зимското. Не сакам ни да одам.

Место каде се чувствував топ ми беше Мамас, кога свиреше Гиш ама и Day Off со Крле (не знам дали уште свират не сум бил и тука долго време) Мамас си е шмекерско местенце. Си се качуваш како господин по скалите немаше вратар да те умара ни ништо. Си влагаш имаш супер опуштени луѓе, пивце мивце Гиш пее од Морисон па се до Лед Цепелин и Муди Ватерс. Крле прави кавер на Франц Фердинанд.

Во Сектор имам неколку пати отидено на Зоки Бејбе ама местото ми е некако клаустрофобично.

Хавана ја практикував кога пееше Светле на бендот ич не ми текнува во моментот. После дојде Бени и на него одев неколку пати, се додека не приметив дека човеков ги пее истите 15 песни секој викенд и си реков а доста е.

Морав еднаш да отидам во Ла Кања кај несфатените да испочитувам другарче кое пушташе музика. Местото е така..... ама тие кои одат таму се ......... :свиркам:

Тоа е тоа од аспект на местенца. Ми фалит нешто како Охриѓани што имет Џез Ин е тоа фали во градов. Фали поголема култура од вратарите, ама и поголема хигиена кај луѓево.
 
Хавана, по моја мерка е, такви се и фаците, не ти треба многу кеш да излезеш, музиката е ок, репертоарот разноврсен и повеќе не ми ни треба. Уште вратарите некако да ги средиме во сите дискотеки ќе биде супер :)
--- надополнето: 15 ноември 2012 во 22:39 ---

Кај е бе тоа пиво за 180 сеа и ти не претерувај :D
У право си за +18, -18, ама уште побитно е ова +18 да не станува +20,21,22,23,24, во зависност од гужвата. Ако не си доеш на време, и не знаеш никого на врата џабе ти е личната карта, колку и да имаш години магично една плус требало да имаш за да влезеш :)
Во 69 180 ден хајнекен 200 ден виски.
Абе добро екстремен беше примерот ама сепак зборот ми е секој будала со кеш раководи со дискотека.
Се знае како иде тоа имаш кеш си плаќаш менаџер да си ја води дискотеката, а ти си уживаш.Не може секој да биде менаџер како што не може секој премиер да биде.
 
Субјективно гласање, верувај. Нема да добиеш одговор од најдобра дискотека, зошто никој не иде во сите. Негде имаш рок, негде рап, негде србизам, негде сељачизам...кој каде си се наоѓа, за таму и ќе си гласа.

Иначе, го дадов гласот за Миднајт од причина предходно наведена (Процес) и тоа што моите ми тупат (да не речам) за Мусандра, како тоа тие таму излагале, па некако...најомилена ми е. (повторно, субјективно мислење)
 
Златно Мараканче од клубовиве а ми се свиѓаше 69 на хип хоп додека имаше. За Колосеум не правам муабет... Нема што да се прави, центар на сељачизмот станаа.
 
Секаде кај што има доволен простор да се игра.Миднајт е ок 30 мин и после се загушува и сите идат надвор да се акумулираат.Мамас е добро во среда може да ве научам да играте салса :),бачата и самба.Сега имало и во среда латино во некој друг клуб треба да се провери атмосфера,малку да се промени.Генерално миднајт е ок ако беше малку поголем клубот да има простор да се дише.Тоа е најголем проблем кај нас нема простор кај ќе се игра кај може да направиш муабет од толку гласна музика тешко.Генерално секаде е ок ако знаеш да си направиш сам атмосфера,нема место кај што не можеш да си најдеш нешто убаво :)
 
Секаде е исто, седат на сепариња и се зјапаат по цела вечер. Освен Маракана, иако коа идам сум најстар сеа, гајле ми е, местото се држи уште.
 
Од детството ми беше Елемент,Ла Фабрик (МНТ) и секако Вулкан :)

Моментално Миднајт и Хавана.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom