Најдобра дискотека/клуб во Скопје?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Најдобра дискотека/клуб во Скопје?


  • Вкупно гласачи
    136
Еве еден добар настан:
533795_531445210220844_611835153_n.jpg
 
Za mene Club Kapan An vo stara charsija e bez konkurencija momentalno najdobri zurki gi imaat
--- надополнето: 28 јануари 2013 во 18:25 ---
F7F04BC2C479094596DBCA6E4EDC00EB[1].jpg
 
Од 69 диското (арно си беше) сеа направија селска курва со 1000 нови имиња.:facepalm:
 
Decki daj predlozete nekoja diskoteka ili klub onaka da e za povozrasni i kaj moze da se pomine edna luda vecer ;)
 
СКОПЈЕ НОЌЕ - НЕКОГАШ И СЕГА

Ако на сепаре ти седеа најзгодните девојки, тогаш дискотеката беше полна!

"Тогаш не ти требаа многу пари за да си поминеш убаво. Девојките, на пример, излегуваа во град и воопшто не трошеа пари. Никогаш, апсолутно никогаш ние не сме дозволиле девојка сама да си плати пијачка. Во тоа време и не се обрнуваше многу внимание на тоа како изгледаш. Да, се дотерувавме, но тоа не ни беше приоритет. Повеќе сакавме да уживаме и да играме. Денес младите ретко играат и се забавуваат. Ние во наше време не седнувавме. Се пуштаа исклучиво ретро и модерни хитови и на подиум се играше до раните утрински часови", се сеќава Љупа, еден од првите скопски менаџери

Да живееш значи да се бориш и да создаваш. Да бидеш дел од средината во која функционираш, да земаш од неа, но и да придонесуваш за нејзиниот развој... А секое време носи промени и има свои обележја. Има и недостатоци и придобивки. Убави и помалку убави работи...
Имун на промените не останува ниту ноќниот живот. Токму тој е можеби најголемиот показател на општествените ситуации.

"Скопје некогаш имаше шмек. Имаше шарм, слобода, други вредности... Луѓето беа поразлични", вели Љупчо Ангелов - Љупа, еден од легендарните скопски менаџери, кој заедно со Пиже, Зеко и Пеџа е дел од сениорскиот менаџерски тим, кој со години наназад ја диктира скопската шема.
Љупа по враќањето од војска, добил покана да биде дел од првиот менаџерски тим на тогашната дискотека МНТ. Огромен подиум опкружен со сепариња, неколку шанка добро опремени со пијалаци, плочи донесени специјално од Италија... Вака отприлика изгледала дискотеката чие отворање цело Скопје го очекувало со нетрпение.

"МНТ дефинитивно беше врв во тоа време. Скопје немаше видено таква дискотека. За да привлечеме гости направивме специјални покани и гратис влезници. Ние всушност бевме и првите кои ги смислија гратис влезниците за во дискотека. Друг момент на кој во тоа време обрнувавме внимание беа и убавите девојки и згодните момци. Ако во дискотека на сепаре седат најзгодните девојки тогаш дискотеката ќе ти биде полна. Ќе ги поканевме и помоќните "фраери" во градот и тоа беше врв. Тие и ни беа целна група, оти привлекуваа гости. Сите одеа таму каде што се тие. Наше беше да ги честиме цела вечер, а тие само да седат и да уживаат", се сеќава Љупа и додава дека денешните вредности и култура на излегување се тотална спротивност од она што некогаш било важно и клучно за да си поминеш убаво.

"Тогаш не ти требаа многу пари за да си поминеш убаво. Девојките, на пример, излегуваа во град и воопшто не трошеа пари. Никогаш, апсолутно никогаш ние не сме дозволиле девојка сама да си плати пијачка. Во тоа време и не се обрнуваше многу внимание на тоа како изгледаш. Да, се дотерувавме, но тоа не ни беше приоритет. Повеќе сакавме да уживаме и да играме. Денес младите ретко играат и се забавуваат. Ние во наше време не седнувавме. Се пуштаа исклучиво ретро и модерни хитови и на подиум се играше до раните утрински часови", додава Љупа, кој по една година помината во МНТ се сели во тогаш новоотворената дискотека Хард Рок.

"Хард Рок беше втората поголема дискотека што се отвори во Скопје. Ни понудија повеќе пари и веднаш се префрливме таму. Е ова беше дискотека каква што само Скопје можеше да сонува. Озвучена со најнова опрема, осветлување на ниво, подиум кој собира над 3.000 луѓе, сепариња од кои боли глава... Се чекаа редици и редици надвор за да се влезе во тогашното Хард Рок. Имаше и посебен дрес-код. Не можеше секој да биде внатре. Убави времиња беа тоа. Вака сега кога ќе се сетам, ми се навраќаат спомените и навистина ми недостасува тоа време", заврши Љупчо, кој сега има сосема поинаква професија и е далеку од сите ноќни збиднувања.

Освен МНТ, Хард Рок, Силекс, Метропол, Мусандра, дискотеките во Градскиот парк, кои тогаш почнувале со работа, меѓу местата за излегување пред 20-ина години актуелни биле и Аполон, Уна, Менс, Академија, Корнер, Рома, Булевар, Тунел... Речиси сите оние, кои биле дел од тоа време, се едногласни - ноќниот живот во Скопје тогаш имал поинаков шмек. Имало ред. Се знаело кој каде припаѓа. Но има и од оние другите кои велат дека кога изборот е поголем, поголеми се и можностите за забава.

Саша Шотаровски - Шоте, една од оние градски фаци кои целиот живот покрај името ја имаат наставката "менаџер" вели дека денес ноќниот живот е многу подобар.
"Има избор, порано се се сведуваше на 2-3 кафулиња и една дискотека. Постарите се тие што се жалат денес, а тоа е само жал за младоста. Зашто, како што сега има избор, никогаш немало", вели Шоте.

За Столе Бојков, сегашниот сопственик на кафулето Чао, клучна нишка во приказната наречена - скопски ноќен живот и место во кое своевремено имало "невидлив" знак стоп за помладите, кои сонувале кога ќе "пораснат" да влезат во локалот, ноќниот живот веќе го нема некогашниот сјај единствено поради беспарицата.

"Луѓето сакаат да се забавуваат, но проблемот лежи во финансиите. Денес се нема толку пари, како што се имало некогаш. Ние, сопствениците на кафулиња, константно се трудиме да го следиме светскиот тренд во однос на ентериер, програма и слично, а фидбек, за жал, немаме, барем не таков каков што би сакале да имаме. А има и многу конкуренција, па секој втор кој нема што да работи отвора кафуле. Не се прави тоа така и мислам дека тоа е причина плус за хаосот кој владее. Всушност и тука лежи проблемот во ноќниот живот", вели Столе.

Истомисленик му е првиот сосед, Гоце Урдин, еден од сопствениците на уште едното култно кафуле во ГТЦ - Стоби. Во Стоби "пораснале" многу генерации, кои со мерак се сеќаваат на времето кога после предавањата на факултет трчале на кафе во Стоби, или биле дел од првите градски караоке забави.

"Проблемот дефинитивно е во конкуренцијата и беспарицата. Генерално не можам многу да се жалам затоа што работиме добро, но ноќниот живот е замрен и мене лично не ми се допаѓа, но што е, тука е. Со менаџерскиот тим се трудиме да го вратиме некогашниот сјај и се надевам дека ќе успееме во тоа. Денес е тешко да се работи ова - треба да осмислиш програма за секој ден, да поканиш луѓе, да го наполниш локалот, а и одзема навистина многу време. Го даваме максимумот од себе, а судејќи по посетеноста добро ни оди", раскажува Гоце, кој вели дека е особено горд што имаат неколку забави кои веќе се препознатливи и им се своевиден заштитен знак, како на пример, оние во средите кои се резервирани за живите свирки со Амир и Ивица.

Кога се дискотеките или ноќните клубови, пак, во прашање денес ги има на претек, па можеби токму заради тоа се оди на квантитет, а не и квалитет. Мешање на музички стилови, генерации... И нормално забавата во голем дел, чест на исклучоците, недостасува.

"Проблемот лежи во луѓето, па тие сами не знаат да се опуштат и да уживаат. Многу се стегнати, воопшто не се забавуваат. Ние угостителите нудиме програма каква што има насекаде низ Европа. Кога би се опуштиле, тогаш не би правеле муабет за тоа како било пред 20 години, туку би ја повториле историјата и би се фалеле со она што ние го имаме како ноќен живот", тврди Бобан Бошковски, сопственикот на клубот Миднајт.

Младите, угостителите, менаџерите... вината може да се бара до утре, се разбира, од страна на оние кои жалат по времето кога се знаеше кој каде оди. Кому му е местото на сениор, кому на јуниор. Забава во Скопје има факт, но има и хаос! Сепак, различни размислувања, различни желби, различни потреби... Различни вкусови, а за нив нели не се дискутира, оти вкусот е релативна работа.

Дали некогаш Скопје ноќе сјаеше, а денес живурка во мрак оценката нека ја дадат ноќните птици.

Пеџа (Тренд): Клучот на успехот е во следење на трендовите
"За да опстоиш долги години во оваа професија мора да си лесно прилагодлив. Времињата се менуваат, а со нив се менуваат и потребите на младите. Ние мора да ги следиме и да ги задоволиме нивните барања и потреби, токму во тоа се крие клучот на успехот", појаснува Предраг Васиљевиќ-Пеџа, еден од сопствениците на ланџ-барот Тренд, локал кој години наназад е култно место на скопскиот плоштад и омилено место на сите градски фаци. Ланецот на Пеџа и неговите бизнис-партнери продолжува со ширење во истата бранша, па во своето портфолио има запишано и ноќен клуб.

D8A0382F659EC04096F251237DCAB1B6.jpg

Некогашните плакати и гратиси

87AD6EF4B67F9F4AA3043AA72938EB43.jpg

Фотка за спомен од една од дискотеките во Парк

Извор:Вечер
 
Денешната атмосфера е катастрофа, дискотеките се се само не дискотеки, освен можеби Сектор каде што стварно има подиум со простор каде што можеш да играш, другиве диксотеки се диско - кафани. Пример од летните дискотеки, Колосеум и Централ парк. Во летното Колосеум оваа година бев само на Функерман и место како на секој нормална журка да има место да се игра таму подиумот буквално имаше наместено 5 - 6 редици од коњопои. Буквално редици по 5 - 6 маси у ред и такави 5 - 6 реда. И нормално во тој случај треба да се пробиваш ако сакаш да мрднеш до негде, а луѓето нормлано си стојат покрај масите и се постатични и нема атмосфера. За Централ парк па и не ми се збори, музиката можеби е во ред, ама поголема кафана од тоа немам видено, 1000 сепариња, коњопи на сегде, на подиум, во делот измеѓу шанкот и сперињата, па затоа иди пробиј се ако сакаш да свртиш круг. Сие глумат некои лудило седнале на сперињата и дремат. па со оглед на тоа дека толку е осветлено местото и сеприњата се горе, коа си доле се осеќаш како да си на стадион а овие од сепраињата публика што те звери. Повеќето не играат туку нешто демек кулираат, атмосефра нула кога ќе споредам со порано. Едноставно дискотека без слободен подиум, не е дискотека. Има луѓе што сакаат да си поминат добро да си поиграат а не да дремат на сепаре или на глупите коњопој маси.
 
Од копиљ сум за Вардар и искачам у град. Ми се може.
Поминав секакви револуциии, еволуции, срања и промени во ова село. Ама во 21ви век да немаш клуб е срамота, зошто?...
Оние на плоштад - сељачана. Миднајт - сељачана еден левел помалце од претходниве, Колосеум - ни К од тоа што беше. Сегде дрес код ала Милениум или резервација иначе нема шанса. Папаја - дупка пуна џанаци, Капан ан - исти курац само во чаршија, Менада - за несфатените + еден тон педери и пички со карактер, Сектор - едини добар клуб во градов каде што иако си парти фрик пун кеш да си поминеш топ, се случува да окапаш на врата, зошто си прават ќејф на курот. Кај се другите клубови/диска? А пази, главен град.

И после сакаат пари, а не пуштаат народ внатре.
Мој предлог, направете си ги приватни само за вас и лепо друштво па кој ве ебе, јас моите пари ќе ги трошам надвор по клубови зошто во овој мочан град нема еден асален клуб. Истите тие кои се борат против ограничена маса, се ограничени со луѓе и списоци, ROFL!
 
Летово најдобри дискотеки за мене беа Privilege во недела и Сектор во четврток.Петок и сабота ретко излегував(петок живо пиле нема,а сабота се искача и ќоро и сакато).Бев неколку пати во Привилиџ сабота и буквално неможев да поминам да идам до вц.
Единствена позитивна работа за ноќниот живот во Скопје беше тоа што се забрани турбофолкот.Многу помирна атмосфера,многу поубави луѓе.

Сега зимава ќе биде тапа за искачање во Скопје,дефинитивно!
 
Летово најдобри дискотеки за мене беа Privilege во недела и Сектор во четврток.Петок и сабота ретко излегував(петок живо пиле нема,а сабота се искача и ќоро и сакато).Бев неколку пати во Привилиџ сабота и буквално неможев да поминам да идам до вц.
Единствена позитивна работа за ноќниот живот во Скопје беше тоа што се забрани турбофолкот.Многу помирна атмосфера,многу поубави луѓе.

Сега зимава ќе биде тапа за искачање во Скопје,дефинитивно!


Позитивно што се забрани да, ама во тие места кај што имаше т фолк сега џабе им е што и да пуштаат иде таа клапа на народ, тешко да ја искорениш. Примери- Колосеум и Ц парк. У право е Бавча погоре, преку зима е особено катастрофа, нема аселн клуб дискотека за искачање. Миднајт предосадно со живите свирки, огормна гужва што на таква гужва се ебе и расположение, коа место да си се журкаш мора цело време да се буташ те лево те десно. Сектор е добро, ама зимското е подрум, брзо се пуни, и џабе е не може после да се влезе па макар и да знаеш некој. Тоа е тоа нема Скопје како главен град асална дискотека со доволен капацитет. Едино можда Колосеум али тоа е т фолк место веќе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom