Работи од минатото

Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Јас се качував по дрва и се лулав на гранките од дрвата.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Сакате ли војскааааа?
Дааааа!
Од когооооо? :D

Колку само не ја можев играва еј. :D
Ај пред зграда ако му притекнеше на некое дете да игра или ги предомислував или едноставно не играв, али ми се темнеше коа не тераа у школо на физичко да ја играме (ова до 4 одд. најчесто). :rolleyes:
Проблемот беше што единствена предиспозиција за играва беше физичката сила, или поточно телесна маса (F=m*a, duh) а на мене и на моите 20 кила сосе кревет тоа не ни идеше у прилог. :pos:
Па и колку сериозно ја сфаќаа децана, ко да е прашање на живот или смрт.
Тие до тебе те зграпчиле за рака ко божем готово, дошол судниот ден, ти ги згмечиле прстите и тие ја сопреле циркулацијата, не осеќаш ни рака ни бутур, па уште и од другата екипа некој сивоња се улетал ко да го брка крдо слонови јеботе. Тапа. Али затоа у народна владеев. :cool:
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Многу слична беше на „Сакате ли војна“ (така ја викавме ние) беше
„Иде мајка, школо ѕвони“( школо ѕвони треба да биде с колодвора).
Ја играа само девојчиња, поделени во две групи кои стојат една наспроти друга, фатени за раце, и додека пејат едната група оди кон другата, ја крева ногата (кан/кан) и се враќа назад.


Иде мајка, школо ѕвони дија, дија, де
Шта че мајка, школо ѕвони, дија, дија, де
Мајка тражи једну черку, дија, дија, де
Како да се зове, дија, дија, де
Нек се зове Марија, дија, дија, де
Ево вашу черку, дија, дија, де
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.658
Поени од реакции
35.291
Песничкиве ги паметам и ден денес :pipi:

Мајка

Мајката е
нежност драга
- цвет што збори.
за нас таа се би дала.
се ќе стори.
Мајката е
ден што расте,
- зрак што грее.
Најмила е, најдобра е,
над нас таа бдее.

Прваче

Брзај, брзај прваче
кон школскиот двор
те чека учителка
со мајчински збор.

Букви, сказни, песнички
со волшебен глас
таа ќе ти кажуваа
на секој нов час.

Брзај, брзај прваче
ѕвонче шири глас
децата се собрани
на првиот час :pipi:

Дури и поезијата во минатото беше поубава од оваа денес, ни рима ни ништо(n)
На што ли ќе се сеќаваат денешните деца, освен на тоа како Хурем ја зезна величенствената, како малечката невеста преживеа куршум во чело и како Саваш беше спремен да убие за влакно од косата на таа неговата (незнам како се вика:icon_mrgr:)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Леле се сеќавам, ама ептен мала бев, може 4-5 години имав, мајка ми возеше 128ца, рачките само и паѓаа жива мака беше да затвориш прозор :) Ама мене па забавно ми беше, ми даваа обврска, голема се осеќав :) :) :) :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom