Работи од минатото

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
Во 3-то - 4-то одделение, поминување на јато чавки на небото, значеше да се клекне долу и да се фатиш за коса, за да не добиеш единица :pos::pos::pos:
 
И ја се тоа прашувам.
И тоа трипати требаше да кажеш.
Да не ти падне косата да не оќелавиш, мртво животно му паѓаат влакната при распаѓањето, па во случај да останеш без коса да ги собереш тие од животното и да ги ставиш наместо твојата коса :)
 
А кога ќе прелета авион викавме - чичко пушти летки, да добијам петки
 
Летни, летни бубамаро, донеси ми гости!!!!!!
ladybug.gif

mmmmm.... Better not :icon_mrgr:
--- надополнето: 10 ноември 2012 во 19:00 ---
Да не ти падне косата да не оќелавиш, мртво животно му паѓаат влакната при распаѓањето, па во случај да останеш без коса да ги собереш тие од животното и да ги ставиш наместо твојата коса :)
Ayyyyyy........ аман бе :sick:
 
Во 3-то - 4-то одделение, поминување на јато чавки на небото, значеше да се клекне долу и да се фатиш за коса, за да не добиеш единица :pos::pos::pos:
ние викавме „колку чавки толку петки“ :D
 
И ја се тоа прашувам.
И тоа трипати требаше да кажеш.
прв пат слушам :) дечинска работа.
-ние кога ќе здогледавме авион викавме: авионче, авионче чичко пушти бомбонче :rolleyes:
-кога летаа многу чавки: колку чавки толку петки, колку чавки толку петки......
-летни, летни буба маро донеси ми гости
-не броевме ѕвезди оти ќе сме остареле за миг
и слични срања :D

п.с. ако фатиш стап, оној што има како рогови ќе си имал женски деца :cuc:
ваква слика најдов, сигурно имате видено и во живо:
stap.jpg
 
а дали се сеќавате - кога во продавница наместо кусур ни’ даваа мастики- :pos:демек немам ситно еве ти 1-2 мастики кои беа во кутија одма до касата
 
vhs-lionking.jpg

Филингот кога го гледаш Lion King на касета :love:
 
Во 3-то - 4-то одделение, поминување на јато чавки на небото, значеше да се клекне долу и да се фатиш за коса, за да не добиеш единица :pos::pos::pos:
И да не поминуваш под оние потпрени "V" бандери или било што прекриено. Исто ако видиш регистерска табличка со три исти цифри како 333 значеше дека добиваш петка без разлика што книга не си фатил :)

Исто, не постоеше збор „викенд“ за сабота и недела :pos:
 
А ако одиш по улица со другарка, и рандом бандера ,,ве раздели,, треба да се удрите глава со глава... за да не се скарате :)
 
И да не поминуваш под оние потпрени "V" бандери или било што прекриено. Исто ако видиш регистерска табличка со три исти цифри како 333 значеше дека добиваш петка без разлика што книга не си фатил :)

Исто, не постоеше збор „викенд“ за сабота и недела :pos:
Бандерите се налегнати во форма на буквата Л :D
Ако поминеш под неа ќе ти донесе несреќа пошто Л било лошо :D
Ама кај некои такви налегнати бандери има еден дел во средина што ги поврзува, и место буквата Л, се спојуваат во форма на буквата А.
Ако поминеш под ваква спојка ондак ќе имаш среќа пошто А=Арно :icon_mrgr:

За регистрациите, ако видиш регистрација на која втората и третата бројка се исти, ондак те мисли некој на буквата што е втора на регистрацијата.
Пр. 199 АЈ те мисли некој на Ј :D
 
Е де, Л, да имаше фонт што ја покажува како што треба ќе ја пишев :)

За регистрациите, се сеќавам и на тоа. Нумерологија :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom