А
Антоние
Гостин
Последниов месец чудна работа ми се случува во поглед на самодовербата. Уште пред 2 години кога си ја донесов телесната тежина у нормала и почнав со теретани постојано се чувствував се подобро и подобро. И сега кога неморам нескромно да се чувствувам кога ќе речам дека изгледам добро , од никаде почнав повторно да се плашам за изгледот. Значи никогаш не сум изгледал подобро , а некако страв ми е дури да искочам од дома пред да се облечам у тесно и да дигнам две-три серии за да дигнам васкуларитет и да се познава. Почнав да се понашам полошо од осмооделенка у Бариста. Незнам што ми текна баш сега од нигде-никаде да морам да сум среден и у топ издање и кога до трафика сум отишол цигари да купам. Не сум до толку опсесивен како што изгледа , ама ете во најмала рака ми е непријатно ако не ми се насмее огледалото пред да искочам. Совет?
Универзумот е бесконечен. Сите ќе те заборават за период од 100 години. Се' ќе исчезне. Секоја форма на живот на Земјата ќе дојде до својот крај. Се' ќе биде заборавено. Можеби ништо од тоа не е ни вистинско. Можеби се' ќе исчезне кога ќе умреш. Сите твои проблеми ќе ги снема кога ќе бидеш мртов.
Затоа, оттука нема причина да се секираш. Едноставно живеј го животот за прекрасните нешта како архитектурата или музиката или пак за убавиот чај.