Како да и кажам дека ми се допаѓа?

  • Креатор на темата Креатор на темата gokitrajkov
  • Време на започнување Време на започнување
Добро ајде, однеси ја на ирско кафе, или ирско чајче.. Да најдеме компромис..
 
Стави и лајк на неколку слики и порака у инбокс :))))))))
 
хахахахахахах, Абе јас би и направил грејана ракија дома. Ама ајде викни грацка мома на прв состанок дома и згреј и ракија... Модерните моми имат модерни барања... :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
Додуша и греаната ракија може да се ставе у групата на чаеви, особено ако ја направеш со мед... :icon_mrgr::icon_mrgr:
Море шо ми спомна греана ракија, сега ми се припија.... в'ци да те јадат ебиветер...

Таа е невестинска ракија со мед, и може да се изгубиш ако се зачукаш со неа. Машка топла ракија се пие без шеќер со малку црн пипер во чашето наполу и строго на екс.
Околу црвената ракија муабетот го добила кога некоја млада невеста се запила во комшии баеги со таква топла ракија и требало да го викнат свекорот за да ја довлечка дома, кога станала утрото го прашала свекорот...
А бе свекре од топла ракија само глава боли или и газ боли?
Муабетов ми е дека младинава многу не преферира чај со колачиња Луки, некако си викам на раќија ќе се нафати побрзо.
 
Добро ајде, однеси ја на ирско кафе, или ирско чајче.. Да најдеме компромис..
Луки утре идам за Радовиш кај една мома, а и дома со нејзините ќе треба да се упознавам, дај некој совет што како, озбилна е работава :)
 
Луки утре идам за Радовиш кај една мома, а и дома со нејзините ќе треба да се упознавам, дај некој совет што како, озбилна е работава :)
Колку што знам јас луѓето од Подареш за Радовиш викаат дека од таму бишка не се купува, не пак жена да земиш...Но да почекаме Луки да се изјасни.
 
Таа е невестинска ракија со мед, и може да се изгубиш ако се зачукаш со неа. Машка топла ракија се пие без шеќер со малку црн пипер во чашето наполу и строго на екс.
Околу црвената ракија муабетот го добила кога некоја млада невеста се запила во комшии баеги со таква топла ракија и требало да го викнат свекорот за да ја довлечка дома, кога станала утрото го прашала свекорот...
А бе свекре од топла ракија само глава боли или и газ боли?
Муабетов ми е дека младинава многу не преферира чај со колачиња Луки, некако си викам на раќија ќе се нафати побрзо.

Јас ја знам приказната оти од греано вино г'з болит.. У една книга на цепенков имаше неколку варијации од неа..
Иначе знам оти со шеќер/мед е женска, а машката е само со црно пиперче.. Коа бееме деца, тате ни даваше по малку греана со шеќер, за од машко...
Не сам до толко прос... ;);)
А за младината моја грешка, имам маалку верба у неа, ама изгледа неоправдана е... :)
Значи јас требе да си тренирам црнио дроб ако сакам моме македонско... :(:(:(
--- надополнето: 13 ноември 2012 во 00:50 ---
Луки утре идам за Радовиш кај една мома, а и дома со нејзините ќе треба да се упознавам, дај некој совет што како, озбилна е работава :)
Бегај подалеко од там бе... Од там не бишка, маче не е за зимајне.... Совет, одма ќе сакат да те женат ако имаш врски и пари... Питај ја од коо село са мајка и и татко и.. Ако са од Инево/Дедино/Габревци накај Конче, или па откај Војславци/Сулдурци/Калуѓерица не припарувај душата ќе ти ја извадат..
--- надополнето: 13 ноември 2012 во 00:51 ---
Ако имат подарешко потекло са половин човеци, ако са биле домаќини немало да се преселат од помало село у поголемо село...
 
Бегај подалеко од там бе... Од там не бишка, маче не е за зимајне.... Совет, одма ќе сакат да те женат ако имаш врски и пари... Питај ја од коо село са мајка и и татко и.. Ако са од Инево/Дедино/Габревци накај Конче, или па откај Војславци/Сулдурци/Калуѓерица не припарувај душата ќе ти ја извадат..[/quote]

Од друг град се, преселени се само таму колку што знам...ее рано е за зимање уште чекај ова вака на првични впечатоци....Пари и врски немам многу така што ваљда безбеден сум :))
 
Де објасни поопширно, може и на ПП шо невеста си аресал... Пази се, дигнани са грацките, особено за сељаци како мен... Ама јас ги перкам дека стигнам.... љут на уста сам. :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
 
Па така интересно.. Прво ке се запознаеш со неа и потоа ќе и речеш дека ја сакаш, ако сака ќе прифати ако не не :)
--- надополнето: 13 ноември 2012 во 10:32 ---
Па така интересно.. Запознајсе со неа и речи и дека ја сакаш ако прифати ќе прифати ако не не :sneaky:
 
Така тебе ти е то цик-цак хD
 
Прашај ја што музика слуша, тоа е многу темелно јет податливо прашање.
Ги обожава One Direction :)
--- надополнето: 13 ноември 2012 во 13:32 ---
Стави и лајк на неколку слики и порака у инбокс :))))))))
За лајк лесна работа, али пораката е проблем тука, ја немам задрано до сеа :(
 
Ги обожава One Direction :)
--- надополнето: 13 ноември 2012 во 13:32 ---

За лајк лесна работа, али пораката е проблем тука, ја немам задрано до сеа :(
Епа за се има прв пат :) само храбро!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom