СФ во Македонија!

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.561
Драги форумџики и форумџии,

Една моја пријателка се интересира за СФ сферата во Македонија, па би сакала да ми одговорите на неколку прашања.
Важно: под СФ таа подразбира научна фантастика и сродни жанрови (фантастика и хорор).
Фантастика и хорор не би ги ставил зедно со научна фантастика.

1. Од кога читате СФ?
Од основно училиште, значи некаде доцни 80-ти години на минатиот век.

2. На кој јазик читате?
Српск-хрвастски, чат пат на англиски

3. Омилени автори и дела
Исак Асимов, Артур Кларк, Харлан Елисон, Роберт Силверберг, Фредерик Пол, Клифорд Симак....
Серијалите роботи, задужбина, Рама, капија/хичи, Крај на детството, Рекламократија

4. Омилени автори и дела од неанглиско говорно подрачје
имам читано, ама омилен автор или дело немам.

5. Сте читале ли Сириус?
Да, едно 50-60 броја.

6. Сте слушнале ли за SFeraKon?
Да, ама не сум бил. Исто и со еурокон и ворлдкон

7. Сте слушнале ли за Зоран Живковиќ?
Да, преведувач на СФ, основач на поларис - сф издавачката куќа и автор на СФ енциклопедијата. Во скоро време автор, иако е добро, тоа што го пишува не е сф. Најзаслужниот за достапноста на СФ литературата во поранешна Југославија, заедно со Боривој Јурковиќ.

8. Сте слушнале ли за Дарко Мацан?
Да, хрватски стрип автор, скоро црташе нешто за војна на ѕвездите во, но немам ништо читано од него.

9. Сте слушнале ли за наградата SFERA?
Да, се доделува на сферакон

10. Сте слушнале ли за Eurocon?
11. Сте слушнале ли за Worldcon?
12. Кои СФ книги се преведени на македонски и каков е квалитетот на преводот?
Скоро ништо.

13. Македонски автори кои пишуваат СФ: има ли; кои се; какви се?
Има по нешто, ама не е баш сф.

14. Збиднувања во Македонија чија тема е СФ (трибини, фестивали итн.)
Немам чуено за такво нешто, барем за некоја редовна активност. По нешто инцидентно се случуваше порано, за сега незнам.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Вокерка
Фала ти. Да прашам, дали си го читала Влада Урошевиќ? Мислам дека романот се вика „Невестата на змејот“ ...

@ Vlatko_Gjorce
Има многу преводи на „Автостоперски водич“, ама најдобар е српскиот од 1983 мислам.

Сабазиј
Супер пост! Колку што гледам, во Македонија повеќе се преферира фантастичната книжевност, отколку СФ-от.
Јас ја имам читано само „Вкусот на праските“ од Влада, и не мислам да ми биде последна.
За него повеќе знае CafeDelMar
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
@moongoses

Супер осврт! Тенкс. И јас не би ги ставала фанастиката и хоророт заедно, ама тие така ги обработуваат. И попрактично е, инаку би требало да отворам 3 теми.

Luki Junior
Стивен Кинг е хорор, колку што знам, значи спаѓа овде и чувствувај се слободен да напишеш нешто за него. Ми се допадна многу твоето мислење за „Господарот на прстените“ кое спаѓа у фантастика, па затоа те повикав да се вклучиш :)

Вештица, ја чекаме CafeDelMar да каже нешто за Урошевиќ.
 
L

Luki Junior

Гостин
1. Од кога читате СФ?
Не знам. Првите чекори ми беа со Жил Верн, ХЏ Велс, Шамисо, Свифт ( 20 000 милји, Невидлив Човек, Временска Машина, Петер Шлемил, Гуливер(иако е повеќе политичка сатира, отколку сај фај))
2. На кој јазик читате?
На времето почнах на Македонски, сега Англиски (најчесто).
3. Омилени автори и дела
Animal Farm, Clockwork Orange, I Robot, Brave New World, Lord of The Rings
4. Омилени автори и дела од неанглиско говорно подрачје
Преданија и приказни од Цепенков/Шапкарев (Народна мудрост) Не са типичен сај фај, ама има доста добра лирика и имагинација.
5. Сте читале ли Сириус?
не
6. Сте слушнале ли за SFeraKon?
не
7. Сте слушнале ли за Зоран Живковиќ?
не
8. Сте слушнале ли за Дарко Мацан?
не
9. Сте слушнале ли за наградата SFERA?
не
10. Сте слушнале ли за Eurocon?
да
11. Сте слушнале ли за Worldcon?
да
12. Кои СФ книги се преведени на македонски и каков е квалитетот на преводот?
Последните 5-6 години се на се 3 книги имам прочитано на македонски. (Цепенков Собрани Дела, Шапкарев, Зборник Миладиновци)
13. Македонски автори кои пишуваат СФ: има ли; кои се; какви се?
не знам.
14. Збиднувања во Македонија чија тема е СФ (трибини, фестивали итн.)
не знам.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
arakenx,
Секоја чест за постот.
„....голем дел од СФ делата...зад параванот на вселенски бродови, вонземјани, далечни планети и слично...во суштина се научни книги, психолошки книги, антрополошки книги...а пред се нудат визионерски поглед на иднината....мислам дека е поверојатно дека СФ книгите ја креираат иднината отколку што ја предвидуваат....многу пронајдоци и опшествени случувања се директно инспирирани од одредени СФ книги...“

Токму тоа ми го кажува сопругот, кој е голем љубител на научната фантастика, а малку помалку на фантастиката и хоророт. Баш убавото во тие книги не се толку изместените нешта (болдот не е вистинскиот збор што го барам), колку идејата што стои зад нив, самите карактери, нивните дилеми, желби...
Не е доволно само да се има идеја, истата треба да биде оправдана. Значи ако на една планета нема гравитација, мора да се оправда како нешто може да опстои во такви услови. И се разбира, авторот треба да има одредени предзнаења. Пример за лоша книга е „Дигиталната тврдина“ која е полна со неточности, затоа што авторот нема познавања од областа за која пишува.

За жал, не само во Македонија, туку на пошироко ниво, за културата има се помалку пари. Таа е ставена на пазарот, па бестселери стануваат сра+а од типот „50 нијанси сиво“ кои немаат ни к од книжевност. Што се однесува до организирање трибини или читања или фестивали на СФ, може да се почне со многу малку. Девојката што ме праша е член на таква група и тие се собираат еднаш емсечно во една книжарница и зборуваат за тоа. Се разбира, тоа треба да биде осмислено, т.е. да се има тема на којашто ќе се зборува, да не дојдат сите со рацете во џебот :)


Овердрајв

Фала ти. Јас никако не можам да се навикнам на аудио книги- имам една аудио книга за медитација и а ја пуштам, а заспијам со слушалките на уши.

Па и не се малку луѓето кои сакаат сф;)

@Вокерка
Не само @Вештица, туку @Windfucker, @Luki Junior, @VLJ ...Мора да видам подобро да не смешам некој со некого :)

има една книга која се нарекува потенцијалот на желадот (не е СФ)....односно во секој мал желад се крие стогодишен џиновски даб....книгата е за персонален развој но дава добра метафора како од мали нешта произлегуваат големи работи

на времето и јас ги презирав аудио книгите....но пробав неколку и не е се така црно....во ниту еден момент аудиокнигата не може да ја замени вистинската книга...но понекогаш е добра алтернатива

офтопик
ретко кој го користи македонскиот збор вдахновение наместо латинскиот инспирација
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
@ arakenx
Сега имам многу книги за читање, ама ќе ја побарам таа книга (веројатно е на англиски) :)

Немам ништо против аудио книгите, само не ми лежат. Многу сакам радио-драми. Едно време емитуваа на Македонски радио некаде околи 20ч секој четврток или вторник, не се сеќавам, и редовно го испуштав почетокот. И еве баш се сетив на една драма што беше СФ, многу ми е матно, ама мислам дека се работеше за група луѓе кои се собираа тајно за да пијат ВОДА!!
За офтопикот си прав. Тоа е стих од Ацо Шопов, од песната „Љубов“ којшто јас малку си го модифицирав.
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Немам ништо против аудио книгите, само не ми лежат. Многу сакам радио-драми. Едно време емитуваа на Македонски радио некаде околи 20ч секој четврток или вторник, не се сеќавам, и редовно го испуштав почетокот.
Зошто не гледаш турски серии? Тоа ти е исто како радио драма, само бонус добиваш Турци.
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Во врска со аудио-книгите.. "трикот" е да ги слушате додека правите нешто друго. На пример, јас ги слушам додека шетам, или додека сум на компјутер, а не гледам филм/серија или не читам нешто важно. Нормално, не е за сите, исто како што постојат луѓе кои читаат книги по 20+ пати и можат истите да ги рецитираат од било која точка, а тоа мене ми е несфатливо, затоа што јас читам/слушам книги за приказната, не за да ја запамтам секоја ситница.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Да, има и свои книги, се надевам ќе најдам време и за него

12. Кои СФ книги се преведени на македонски и каков е квалитетот на преводот?

1984, Кланица 5(одличен превод), Фаренхајт 451(одличен превод), Пеколен портокал, нешто од Жил Верн
Сите од овие горенаведени се дистописки книги и не би требало да се мешаат во жанр со СФ, освен Жил Верн секако.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
@moongoses

Супер осврт! Тенкс. И јас не би ги ставала фанастиката и хоророт заедно, ама тие така ги обработуваат. И попрактично е, инаку би требало да отворам 3 теми.

Luki Junior
Стивен Кинг е хорор, колку што знам, значи спаѓа овде и чувствувај се слободен да напишеш нешто за него. Ми се допадна многу твоето мислење за „Господарот на прстените“ кое спаѓа у фантастика, па затоа те повикав да се вклучиш :)

Вештица, ја чекаме CafeDelMar да каже нешто за Урошевиќ.
И ја ќе напишам впечаток за него, мислев дека ти треба таа конкретна книга што ја спомна.
Урошевиќ е единствен надреалист што сум го читала. Верувам дека на многумина не би им се допаднал затоа што во неговите книги не владее Аристотеловата логика. Секоја реченица е практично свет за себе, реалноста ставена во некоја нова димензија, всушност во милион паралелни универзуми, работите немаат смисла а сепак изгледаат природно убаво. Во „Вкусот на праските“ дејството се случува непосредно пред и по земјотресот во Скопје `63та, а се спомнуваше палеолит, сезмички чудесии пред илјадници години итн.
Најдобар опис што можам да го дадам за книгата што ја читав е дека го прави воздухот вкусен, баш така.
И не преувеличувам, жими мајка.:pipi:
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
@ arakenx
Сега имам многу книги за читање, ама ќе ја побарам таа книга (веројатно е на англиски) :)

Немам ништо против аудио книгите, само не ми лежат. Многу сакам радио-драми. Едно време емитуваа на Македонски радио некаде околи 20ч секој четврток или вторник, не се сеќавам, и редовно го испуштав почетокот. И еве баш се сетив на една драма што беше СФ, многу ми е матно, ама мислам дека се работеше за група луѓе кои се собираа тајно за да пијат ВОДА!!
За офтопикот си прав. Тоа е стих од Ацо Шопов, од песната „Љубов“ којшто јас малку си го модифицирав.
На Македонско радио сеуште се емитуваат радио драми...успевам да фатам по некоја од време на време

Името на книгата е The Acorn Principle: Know Yourself, Grow Yourself - Јim Cathcart исто така ја има и на српски во издание на Финеса....а желадот го употребив во контекст на малата група љубители на СФ (или можеби поправилно би било НФ)...која можеби изгледа безначајно...но сепак има потенцијал да промени некои работи

....во времето во кое комуникацијата очи во очи ја заменивме со криење зад монитор... реткост е некој да се осмели да се организира и да дебатира за нешто поразлично од дневна политика и "стегање сеир"....голема подршка за групата каде и да се
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
И ја ќе напишам впечаток за него, мислев дека ти треба таа конкретна книга што ја спомна.
Урошевиќ е единствен надреалист што сум го читала. Верувам дека на многумина не би им се допаднал затоа што во неговите книги не владее Аристотеловата логика. Секоја реченица е практично свет за себе, реалноста ставена во некоја нова димензија, всушност во милион паралелни универзуми, работите немаат смисла а сепак изгледаат природно убаво. Во „Вкусот на праските“ дејството се случува непосредно пред и по земјотресот во Скопје `63та, а се спомнуваше палеолит, сезмички чудесии пред илјадници години итн.
Најдобар опис што можам да го дадам за книгата што ја читав е дека го прави воздухот вкусен, баш така.
И не преувеличувам, жими мајка.:pipi:
Не преувеличуваш, јас дури мислам дека се она што тој го има напишано е навредувачки да се сублимира во неколку реченици. :) Имам доволно прочитано од надреализмот и низ светот ама Влада ми останува меѓу омилените. Светско, а наше.
Покрај "Вкусот на праските" и "Алдебаран" е дело со есеистички раскази т.е записи и патописи од Скопје, кое за жал веќе тешко се наоѓа. Изданието е на Култура 1991 ама сега единствено во Табернакул го најдов и тоа како антиквитет зошто ја немаат реиздадено.

"Знаете ли што е Алдебаран? Тоа е најсјајната ѕвезда во соѕвездието на Бикот, од Земјата оддалечена 68 светлосни години. Видлива е навечер зиме и на почетокот од пролетта. Видлива е и од Скопје, на јужната страна на небото, над Водно.
Алдебаран е „јужната ѕвезда“ на современиот македонски писател и поет Влада Урошевиќ: „таа земја...“, „таа песна...“, „таа жена...“, „триж вистина триж измамна Алдебаран“. Позната песна објавена како вовед во книгата „Алдебаран“, збирка на текстови пишувани и објавувани во подолг временски период, што ги поврзува нишката на минатото, изминатото, забележаното, доживеаното. "

Е за делот со фантастиката ( и чудесното :) ) за кој тој има пишувано ( значи настрана надреализмот) има неколку книги : Збирката есеи "Подземна палата", "Демони и галаксии", "Црна кула" и "Чуда и чудовишта" која патем ми е меѓу омилените. Еве и краток опис за нејзе:
Без фантастиката, сликата на светот создадена од човекот соочен со сите појавни облици на универзумот чијшто е тој, истовремено, и составен дел и набљудувач, ќе беше многу посиромашна. Но човекот не ја создал фантастиката загледан во надворешниот свет – туку гледајќи во себе. Еден шпански калуѓер од 16 век, Фелипе де Гевара, точно ја има почувствувано новината на фантастичното сликарство пројавена во делото на Хиеронимус Бош еден век пред тоа: „Разликата која постои, според мене, меѓу сликите на овој човек и оние на другите сликари е во тоа што другите настојуваат да ги сликаат луѓето онакви какви што тие изгледаат однадвор, а овој, пак, има смелост да ги слика такви какви што се одвнатре“.


За фантастиката и фантастичниот расказ има доволно повеќе во книгата "Во лавиринтите на фантастиката: фантастичниот расказ во македонската литература" на Лидија Капушевска - Дракулевска, во издание на Магор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom