Што ви недостига од детството?

R

redhead

Гостин
Ми фали буквално се. Безгрижноста, не се замараш што ќе се случи наредниот ден. Дружбата. Некако тогаш луѓето беа поискрени. Сега се е трка за време и пари. Немаше тогаш мобилни, интернети и фејсбуци. Ми фали киснењето пред зграда до сабајле, и сончогледот. Кога ќе ми текне колку не пцуеа што правевме толку ѓубре. Ми фали се, ама баш се. Денешниве деца некако многу ми се извештачени. Порано други вредности беа. Али па се си доаѓа со времето.
 
Член од
30 мај 2011
Мислења
554
Поени од реакции
130
''Обнова '' ширинката позади куќа каде што го поминавме детството со другарите од маало.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Веројатно имам пишано на темава. Ама ако. И онака есента е период во кој покрај грипот и настинката, носталгијата е најчесто заболување. Ми фали способноста наједноставните нешта да се доживуваат со таква радост, каква што во позрелите години ја нема кога се во прашање и поголеми работи. Еден цртан во 19.00 на пример, паѓање на снег, или некоја безвезе играчка. Може и чоколадо.
Зимскиот и летниот распуст: да се заборавиш, да се изгубиш во времето, да не знаеш колку е часот и кој ден е (оваа состојба се менуваше постепено, некаде по 20 август). Имаше еден џокер за нас, кај зимскиот распуст и го имам начекано/искористено два-три пати - моментот кога на вестите ќе кажат дека поради раширеноста на грипот, започнувањето на школувањето се одложува една недела! :vozbud:
Имаше и еден збор, „симпатија“, со кој беше означувано девојче (или обратно, кај девојчињата: момче) кое ни се допаѓа. Нешто како прва љубов, ептен детска и наивна, ама и најискрена. И другарствата беа такви, искрени, и скарувањата и смирувањата. Знаевме да се собереме повеќе деца и цел ден, до касно навечер, да забегаме со некои игри, па да не прибираат од дома.
 
Член од
10 ноември 2012
Мислења
29
Поени од реакции
18
starata kujka sto ni ja urnaa, baranje na zlato i premini na drugi dimenzii, vremenski masini, kujkicki na drvo i monopol, fudbal pozadi zgradata, "setanje" po livadi i sumi preku avtopati dodeka tvoite doma nemaat vrska kade si, pravenje planovi za izlaganje sred nok i vlaganje vo "prokolnati" kuki, povikuvanje na dozdovi, veruvanje vo se sto ke vidis na crtan ili vo kniga, nepoznavanje na zborot "pari".
damn :(
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~A~
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Граница,жмурка,лозинка,љубовно фото/шише,врел компир,глеање Cartoon Network буквално по цел ден и играње на нинтендо исто толку, прва љубов,прва корпа итн :)

пс:Тие сериите покемон,дигимон и коњаникот сабја не ги ни спомнувам - ептен солзи ќе ми надојдат :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.880
Поени од реакции
116.179
Граница,жмурка,лозинка,љубовно фото/шише,врел компир,глеање Cartoon Network буквално по цел ден и играње на нинтендо исто толку, прва љубов,прва корпа итн :)

пс:Тие сериите покемон,дигимон и коњаникот сабја не ги ни спомнувам - ептен солзи ќе ми надојдат :D
Ти си од поновата генерација, изопачен. :D И шо демек сеа не ти е убаво вака ко коцкар а? :D
Втор болд: Ти фали првата корпа зашо сеа не можеш да ги доброиш. :D
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Ти си од поновата генерација, изопачен. :D И шо демек сеа не ти е убаво вака ко коцкар а? :D
Втор болд: Ти фали првата корпа зашо сеа не можеш да ги доброиш. :D

ниско ...многу ниско :)

Која понова генерација бе ? Дигимон и покемон беа години после коњаникот сабја :D ама ПАК ги глеав :D

едит: и секоја недела имаше Нинџа Желки :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.880
Поени од реакции
116.179
ниско ...многу ниско :)

Која понова генерација бе ? Дигимон и покемон беа години после коњаникот сабја :D ама ПАК ги глеав :D

едит: и секоја недела имаше Нинџа Желки :D
Пиши бе Мечето Ушко, Калимеро, Штрумфови, да се осети дека си од старата гарда. :D:D
 
R

Rockstar90

Гостин
Безгрижноста. Искреноста. Дружењето во маало. Радувањето на ситници, макар да е тоа и едно малечко чоколадо. Играњето жмурка, граница, седењето пред зграда и муабетите за секакви мистерии, духови и секакви измислени работи заради кои не можев да заспијам навечер и кои воедно ми беа единствениот страв. Чувството кога се запознав со симпатијата. Натпреварите Кенгур по математика и гордоста кога освоив прво место. Спиењето кај баба и путерот со чај насабајле пред да тргнам во школо. Радувањето на првиот снег, спремањето за Нова Година со уште три другарки кај мене дома. И можам цел мемоар да напишам и да паднам во тешка меланхолија зошто сите сакаме да пораснеме, а на крај секогаш сакаме да останеме деца. Ми фали детето во мене, многу..
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Пиши бе Мечето Ушко, Калимеро, Штрумфови, да се осети дека си од старата гарда. :D:D
Лееееееее да беееееееееееееееееееееееее ги заборавив ХАХАХХАХА :D

и секако ....ХИМЕН !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom