СФ во Македонија!

Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Драги форумџики и форумџии,

Една моја пријателка се интересира за СФ сферата во Македонија, па би сакала да ми одговорите на неколку прашања.
Важно: под СФ таа подразбира научна фантастика и сродни жанрови (фантастика и хорор).

1. Од кога читате СФ?
2. На кој јазик читате?
3. Омилени автори и дела
4. Омилени автори и дела од неанглиско говорно подрачје
5. Сте читале ли Сириус?
6. Сте слушнале ли за SFeraKon?
7. Сте слушнале ли за Зоран Живковиќ?
8. Сте слушнале ли за Дарко Мацан?
9. Сте слушнале ли за наградата SFERA?
10. Сте слушнале ли за Eurocon?
11. Сте слушнале ли за Worldcon?
12. Кои СФ книги се преведени на македонски и каков е квалитетот на преводот?
13. Македонски автори кои пишуваат СФ: има ли; кои се; какви се?
14. Збиднувања во Македонија чија тема е СФ (трибини, фестивали итн.)

Пожелно е одговорите да бидат поопширни, т.е. да не се сведат на „да“ и „не“. :)
Свое мислење можат да дадат и оние кои не читаат таков вид литература, т.е. зошто не читаат СФ? :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Јас не сум љубител на СФ, затоа што едноставно, никогаш не ме привлекувало да читам/гледам за вонземјани, неверојатни моќи и слично.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Јас не сум љубител на СФ, затоа што едноставно, никогаш не ме привлекувало да читам/гледам за вонземјани, неверојатни моќи и слично.
СФ може делува за тебе непривлечно, ама имагинацијата на СФ-от е како непресушена река, нешто што им фали на другите жанрови.


Баш на темата за препорака на книги побарав СФ фанови без да добијам реплика.


1. Од кога читате СФ?

Од бруцошко време иако повеќе бев по филмови/серии наместо книги.

2. На кој јазик читате?

Англиски, српски, ако се најде и на македонски(ама тоа тешко).

3. Омилени автори и дела

Херберт Френк (Дина), Роџер Зелазни (Господар на светлината), Ден Симонс (Хиперион), Артур Кларк (Рајски фонтани, кратки раскази)

4. Омилени автори и дела од неанглиско говорно подрачје

Сакам да читам од Лем и Стругацки ама немам најдено книги

7. Сте слушнале ли за Зоран Живковиќ?

Да, има и свои книги, се надевам ќе најдам време и за него

12. Кои СФ книги се преведени на македонски и каков е квалитетот на преводот?

1984, Кланица 5(одличен превод), Фаренхајт 451(одличен превод), Пеколен портокал, нешто од Жил Верн

14. Збиднувања во Македонија чија тема е СФ (трибини, фестивали итн.)

Колку што знам нема, едино има мак групи на фб
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
@PurplePuma

Не сум ни јас љубител, едноставно не е дојден часот за тие книги.

@Psyside
Tenks


@Max Legend
Ти благодарам за одговорот.
Еве го Лем http://elektronskeknjige.wordpress.com/tag/stanislav-lem/

Го поставив првото прашање зашто дечките (родени од 1960 - 1980) најчесто почнуваа да читаат СФ уште во средно школо. Се почнуваше со списанието „Галаксија“, па се продолжуваше со алманахот Монолит (секој број содржи барем еден роман и околу дваесетина раскази и новели, претежно на американски автори).

Кога девојаката ме праша за ситуацијата ан СФ-от во Македонија, не знаев што да кажам. Гледав и овде низ темиве, ама не наидов на општа дискусија на таа тема.

Еве линк од еден многу фален автор, Питер Вотс. Неговите книги на англиски се наоѓаат тука и може бесплатно да се симнат.

http://www.rifters.com/

Може и да се донираат пари за маченца што се за греота. :)
http://www.rifters.com/real/shorts.htm


Би сакала во дискусијава да се вклучат и оние кои читаат фантастика и хорор.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
И јас не сум фан на СФ, едноставно не ми лежи таквиот жанр.

Ми текнува само на романот за деца, „Кристална планета“ од Томе Арсовски, ми се чини во неговото творештво може да се „ископа“ уште нешто такво, но има онака детски шмек. :)
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.560
Поени од реакции
2.524
12. Кои СФ книги се преведени на македонски и каков е квалитетот на преводот?

1984, Кланица 5(одличен превод), Фаренхајт 451(одличен превод), Пеколен портокал, нешто од Жил Верн
да надополнам :) , Малцински Извештај (добар превод), таа ја имам и Кланица 5 и мислев да ја земам Автостоперски Водич Низ Галаксијата ама преводот е очаен
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
1. Од кога читате СФ?
- Бидејќи ги прошируваме жанровските рамки, тука ќе влезат и дела како Петар Пан, Алиса во земјата на чудата или Гуливеровите патувања - од детските години. Рано, мошне рано го прочитав и Хамлет на Шекспир (се разбира, го читав онака како што дете би го читало, подоцна го препрочитав, а го спомнувам затоа што на читање ме навлече некоја екранизација, каде што татко му, како дух им се прикажува на Хамлет и на некои други лица во драмата, и тука го имаме елементот на фантастика. Значи имам прилично долг стаж како читател на фантастика.
2. На кој јазик читате?
- На македонски (за жал ретко нешто од овој/овие жанрови), српски, потешко и со мака на англиски
3. Омилени автори и дела
- Френк Херберт - целиот серијал Дина, Толкин со Хобит, Господарот на прстените и Силмарилион, Зелазни со Амберските хроники и Господарот на светлината, Џорџ Мартин со SOAF, повеќе дела на Хауард Филипс Лавкрафт, Стивен Кинг, Клајв Баркер, Ден Симонс, Нил Гејмен, Тери Прачет и многу други. (Шекспир, По, Вајлд, Стивенсон, Велс :) )
4. Омилени автори и дела од неанглиско говорно подрачје
- Освен Борхес, ми оставиле впечаток и некои руски автори Булгаков со Мајсторот и Маргарита, Брјусов со Огнениот ангел. Се сеќавам и на Аелита од Алексеј Толстој и на Човек амфибија на, ако не се лажам, Александар Белјаев, но не толку добро за да ми бидат омилени. Секако, тука е и Евгениј Замјатин со Ние. Потоа, Србинот Чучковиќ со морничавиот краток роман Јадење на боговите. Жил Верн, Гете со Фауст. Јапонецот Рјуносуке Акугутава со некои негови раскази. Сепак, доминираат писатели од англиското говорно и културно подрачје.
5. Сте читале ли Сириус?
- Верувам дека се работи за списанието? Неколку броја сф раскази, ама мошне одамна :)
6. Сте слушнале ли за SFeraKon?
- Само ми е познато од некаде
7. Сте слушнале ли за Зоран Живковиќ?
- Мислам дека тој е поранешниот сопственик на издавачката куќа Поларис (која објавуваше главно сф), дека има составено сф-енциклопедија, дека е писател кој што се занимава со сф и со фантастика, како и тоа дека е добитник на некоја престижна интернационална награда која се доделува за дела од овие жанрови
8. Сте слушнале ли за Дарко Мацан?
- Само ми е познато од некаде
9. Сте слушнале ли за наградата SFERA?
- Не.
10. Сте слушнале ли за Eurocon?
- ?
11. Сте слушнале ли за Worldcon?
- Ц.
12. Кои СФ книги се преведени на македонски и каков е квалитетот на преводот?
- Кога станува збор за понови преводи на дела од овој жанр, тие најчесто не се добри. Преведени се повеќе книги на повеќе автори, од она што го напишал Жил Верн па до серијалот за Потер итн.
13. Македонски автори кои пишуваат СФ: има ли; кои се; какви се?
- Еден роман за деца, го заборавив авторот Бамбила од другиот свет, Силјан Штркот, и вампирските приказни на Цепенков и можеби уште нешто на што во моментов не можам да се сетам. Не се овие жанрови толку застапени кај нашите автори, колку што сум информиран, па да има некој повисок квалитет.
14. Збиднувања во Македонија чија тема е СФ (трибини, фестивали итн.)
- Слабо некако одат тие работи кај нас
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Јас не сум љубител на СФ, затоа што едноставно, никогаш не ме привлекувало да читам/гледам за вонземјани, неверојатни моќи и слично.
А за велигден го гледаш филмот со Исус по 10 пати што го репризираат?
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Вокерка
Фала ти. Да прашам, дали си го читала Влада Урошевиќ? Мислам дека романот се вика „Невестата на змејот“ ...

@ Vlatko_Gjorce
Има многу преводи на „Автостоперски водич“, ама најдобар е српскиот од 1983 мислам.

Сабазиј
Супер пост! Колку што гледам, во Македонија повеќе се преферира фантастичната книжевност, отколку СФ-от.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
А за велигден го гледаш филмот со Исус по 10 пати што го репризираат?
Тој ми е омилен.
Коа ќе го окачат на тоа крстот (шо уствари треба колец да биде) и ко ќе потече тоа лажната крв, такви ефекти ни во Хари Потер нема бе брат.
--- надополнето: 13 ноември 2012 во 01:08 ---
СФ може делува за тебе непривлечно, ама имагинацијата на СФ-от е како непресушена река, нешто што им фали на другите жанрови.
Е арно де, не реков јас ништо лошо. Одговорив на прашањето ,,а тие што не читате/гледате, зошто?,,. Затоа што во принцип, ме интересираат криминалистички документарци, а за разонода гледам лимунада Холивуд. Читам лимунада романи.
А останатите, што имаат мерак на СФ, супер за нив :)
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Драги форумџики и форумџии,

Една моја пријателка се интересира за СФ сферата во Македонија, па би сакала да ми одговорите на неколку прашања.
Важно: под СФ таа подразбира научна фантастика и сродни жанрови (фантастика и хорор).

1. Од кога читате СФ?
....од мали години....8-9...моите родители читаа редовно ...па така попчнав и јас
2. На кој јазик читате?
....како дете на српско-хрватски....сега претежно англиски
3. Омилени автори и дела
...Артур Ц. Кларк, Френк Херберт, Исак Асимов, Даглас Адамс, Грегори Бенфорд....
4. Омилени автори и дела од неанглиско говорно подрачје
Исак Асимов, Карл Чапек

Има една книга од Карл Чапек...КРАКАТИТ...која секој љубител на СФ би требао да ја прочита...иако на прв поглед од денешен аспект книгата веќе не е СФ исто како и многу од делата на Жил Верн

5. Сте читале ли Сириус?
...многу ретко
6. Сте слушнале ли за SFeraKon?
7. Сте слушнале ли за Зоран Живковиќ?
...еден од најдобрите преведувачи на СФ (преведувачки пар да бидам попрецизен...заедно со својата сопруга) во свое време...златниот период на СФ во Југославија....репер за тоа како се преведува и толкува едно дело....основач на Поларис....жалам што никогаш не успеав да прочитам ниту едно негово авторско дело...иако никогаш не е доцна
8. Сте слушнале ли за Дарко Мацан?
....цртеж по цртеж...стрип
9. Сте слушнале ли за наградата SFERA?
10. Сте слушнале ли за Eurocon?
11. Сте слушнале ли за Worldcon?
12. Кои СФ книги се преведени на македонски и каков е квалитетот на преводот?
....ретко читам македонски преводи....бидејќи најчесто се катастрофа и додека читам се прашувам дали нешто не е во ред со книгата или јас не разбирам македонски....можеби постојат и некои квалитетни преведувачи...но многу се ретки и се губат во морето....за да може некој да направи добар превод...не е потребно само да го владее јазикот...туку е неопходно и да има солидно познавање од областа од која преведува....не е исто да се преведуваат руските класици и книга за нуклеарна физика
13. Македонски автори кои пишуваат СФ: има ли; кои се; какви се?
...незнам...не ми паднале под рака
14. Збиднувања во Македонија чија тема е СФ (трибини, фестивали итн.)....покрај огромниот број фестивали на алкохол, свински преработки, српски певаљки и разно разни сармијади, костенијади и разно разни јади....и да има некоја СФ трибина или фестивал ќе помине тотално анонимно...во кругот на организаторот и неговите пријатели...културата во Македонија одамна е на маргините...кај нас на сцена е профитот...а профитот и културата ретко одат заедно

Пожелно е одговорите да бидат поопширни, т.е. да не се сведат на „да“ и „не“. :)
Свое мислење можат да дадат и оние кои не читаат таков вид литература, т.е. зошто не читаат СФ? :)


....голем дел од СФ делата...зад параванот на вселенски бродови, вонземјани, далечни планети и слично...во суштина се научни книги, психолошки книги, антрополошки книги...а пред се нудат визионерски поглед на иднината....мислам дека е поверојатно дека СФ книгите ја креираат иднината отколку што ја предвидуваат....многу пронајдоци и опшествени случувања се директно инспирирани од одредени СФ книги

...многу од делата на Жил Верн и Артур Ц. Кларк денес не изгледаат како СФ....туку како чиста реалност и секојдневие....во едно дело на Кларк еден од астронаутите изјавува "Хјустон...имаме проблем" ...години подоцна еден од астронаутите на Аполо ја изговара сосема истата фраза...во едно друго дело (да напоменам пишувано пред 40-50 години)....русите, американците, индијците и другите нации имаат заедничка вселенска програма....само кинезите имаат своја сопствена програма....од денешен асппект...русите, американците, индијците, французите...заедно соработуваат на меѓународната вселенска станица....само кинезите развиваат свој сопствен вселенски програм и не соработуваат со никого

....ние ја креираме иднината во секој момент...затоа бидете внимателни и одговорни за своите постапки
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
1. Од кога читате СФ?
- Крајот на 90тите.

2. На кој јазик читате?
- Преферирам да читам/слушам книги на англиски, многу ретко на македонски или српски.

3. Омилени автори и дела
- Robert J. Sawyer (WWW, Hominids - серијали), Isaac Asimov (Foundation - серијал), Arthur C. Clarke (2001: Space Odyssey - серијал + Rendezvous With Rama), Ray Bradbury (The Martian Chronicles), Douglas Adams (The Hitchhiker's Guide to the Galaxy - серијал), Stanislaw Lem (Solaris). Меѓу последните слушани ми се и Redshirts од Scalzi (добра) и Ready Player One од Ernest Cline (супер, пресупер).

4. Омилени автори и дела од неанглиско говорно подрачје
- Баш и немам читано многу не-англиски sci-fi книги, ама се сеќавам на Аелита од Алексеј Николаевич Толстој, и на целиот серијал на Томе Арсовски (како што спомна Вокерка - Подводен град, Зена: Ќерка на ѕвездите...). Инаку, Асимов од погоре.

5. Сте читале ли Сириус, SFeraKon, Зоран Живковиќ, Дарко Мацан, SFERA, Eurocon, Worldcon?
- Не.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
arakenx,
Секоја чест за постот.
„....голем дел од СФ делата...зад параванот на вселенски бродови, вонземјани, далечни планети и слично...во суштина се научни книги, психолошки книги, антрополошки книги...а пред се нудат визионерски поглед на иднината....мислам дека е поверојатно дека СФ книгите ја креираат иднината отколку што ја предвидуваат....многу пронајдоци и опшествени случувања се директно инспирирани од одредени СФ книги...“

Токму тоа ми го кажува сопругот, кој е голем љубител на научната фантастика, а малку помалку на фантастиката и хоророт. Баш убавото во тие книги не се толку изместените нешта (болдот не е вистинскиот збор што го барам), колку идејата што стои зад нив, самите карактери, нивните дилеми, желби...
Не е доволно само да се има идеја, истата треба да биде оправдана. Значи ако на една планета нема гравитација, мора да се оправда како нешто може да опстои во такви услови. И се разбира, авторот треба да има одредени предзнаења. Пример за лоша книга е „Дигиталната тврдина“ која е полна со неточности, затоа што авторот нема познавања од областа за која пишува.

За жал, не само во Македонија, туку на пошироко ниво, за културата има се помалку пари. Таа е ставена на пазарот, па бестселери стануваат сра+а од типот „50 нијанси сиво“ кои немаат ни к од книжевност. Што се однесува до организирање трибини или читања или фестивали на СФ, може да се почне со многу малку. Девојката што ме праша е член на таква група и тие се собираат еднаш емсечно во една книжарница и зборуваат за тоа. Се разбира, тоа треба да биде осмислено, т.е. да се има тема на којашто ќе се зборува, да не дојдат сите со рацете во џебот :)


Овердрајв

Фала ти. Јас никако не можам да се навикнам на аудио книги- имам една аудио книга за медитација и а ја пуштам, а заспијам со слушалките на уши.

Па и не се малку луѓето кои сакаат сф;)

@Вокерка
Не само @Вештица, туку @Windfucker, @Luki Junior, @VLJ ...Мора да видам подобро да не смешам некој со некого :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom