- Член од
- 6 јули 2011
- Мислења
- 3.829
- Поени од реакции
- 7.711
Не, благодарам.Зошто не гледаш турски серии? Тоа ти е исто како радио драма, само бонус добиваш Турци.
--- надополнето: 13 ноември 2012 во 22:06 ---
Ќе пробам некогаш. За книгата што јас ја имам треба да лежиш, и целта не е да заспиеш, ама додека дојдам до главното јас сум заспанаВо врска со аудио-книгите.. "трикот" е да ги слушате додека правите нешто друго. На пример, јас ги слушам додека шетам, или додека сум на компјутер, а не гледам филм/серија или не читам нешто важно. Нормално, не е за сите, исто како што постојат луѓе кои читаат книги по 20+ пати и можат истите да ги рецитираат од било која точка, а тоа мене ми е несфатливо, затоа што јас читам/слушам книги за приказната, не за да ја запамтам секоја ситница.
--- надополнето: 13 ноември 2012 во 22:12 ---
Да, ама нели спаѓаат и тие во СФ? Еве ги овде и нив :Сите од овие горенаведени се дистописки книги и не би требало да се мешаат во жанр со СФ, освен Жил Верн секако.
http://en.wikipedia.org/wiki/Science_fiction
--- надополнето: 13 ноември 2012 во 22:14 ---
И ја ќе напишам впечаток за него, мислев дека ти треба таа конкретна книга што ја спомна.
Урошевиќ е единствен надреалист што сум го читала. Верувам дека на многумина не би им се допаднал затоа што во неговите книги не владее Аристотеловата логика. Секоја реченица е практично свет за себе, реалноста ставена во некоја нова димензија, всушност во милион паралелни универзуми, работите немаат смисла а сепак изгледаат природно убаво. Во „Вкусот на праските“ дејството се случува непосредно пред и по земјотресот во Скопје `63та, а се спомнуваше палеолит, сезмички чудесии пред илјадници години итн.
Најдобар опис што можам да го дадам за книгата што ја читав е дека го прави воздухот вкусен, баш така.
И не преувеличувам, жими мајка.
Не сум го читала, баш затоа што мислев дека е префантастичен за мој вкус. Тенкс
--- надополнето: 13 ноември 2012 во 22:18 ---
arakenx
Ќе проверам за книгата, можеби и ја имаме дома. Навистина мислам дека би можело да се организира такво нешто. Треба само луѓе што читаат СФ, место (може да биде некоја книжарница како што е Магор, ан пример) и еден модератор.
--- надополнето: 13 ноември 2012 во 22:23 ---
CafeDelMar
Ме наежи! Фантастичниот расказ на Дркулевска-Капушевска го имам видено, а ен знам каде.