Toneh
is a turtle
Дали некој од постарите генерации може да ми каже каква е примената на Калкулусот во програмирањето? Навистина ме интересира колкава примена има, затоа што е стварно најтешкиот предмет што го имаме... И ако може некој да каже колку луѓе поминале минатата година на прв колоквиум
A и колку време отприлика ќе треба да чекаме за резултатите од полагањата?
Зависи за какво програмирање се работи... Ако е нешто поврзано со web development, не ти треба којзнае колку математика, во зависност од апликацијата што треба да се развие. Истото важи и за desktop application development. Ако работиш на некоја програма за сметководство, нормално дека нема да ти требаат изводи и лимеси и конструкција на граф, но ако работиш на некоја програма за симулација на штознам јас, ефектите на ветерот врз структурниот интегритет на зградата, таму ти треба ептен познавање од математиката, а и од физиката.