Staklata na kolata (FIAT BRAVO) mi se zamagluvaat celo vreme. Sto bi mozelo da bide pricina, mi kaza deka moze da e do ladnjakot na parnoto/grejacot. Ima mnogu rabota za mestenje nova ako treba, ili drugo care ako ima nesto. Fala
Најпрвин, види дали вентилацијата може да ја исуши шофершајбната брзо, не на најбрзо, него на некоја средна брзина.
Ако е упорно замаглено, или ако веќе се појавила кондензација во колата, тогаш можно е внатре да има влага.
Провери првин она што над мене го пишал никола-бт. Ако тоа е ОК, тогаш следниот чекор е проверка дали некаде во кабината има влага. Тоа некаде е долу на средината, значи под парното. Ако теписонот е мокар, најверојатно радијаторот од парното. Ако е радијаторот од парното, тогаш тоа е тешка заебанција... Цела шалт-табла треба да се вади за негова замена. Знак дека таму тече е недостаток на антифриз. Значи, дигнеш хауба и погледнеш дали има антифриз на пропишаното ниво или не. Ако нема, а влажен е теписонот, тогаш... радијаторот. Обично внатре мириса на антифриз.
Провери дали има влага на патосот, т.е. зад педалите, исто и на совозачката страна.
Ако е таму влажно, тогаш не е од радијаторот на парното. Обично мириса на мувла. Имаш среќа
. Најверојатно е затнат некој канал за одвод на вода кои се наоѓаат обично под шофершајбната... онаа пластика кај брисачите кајшто е... Се вади пластиката, земаш една подебела жица и ги чистиш каналите. Со тоа работата е завршена делумно. Се додека има влага во колата, ќе се маглат стаклата.
Затоа, клучевите во рака и го вадиш теписонот и го оставаш да се исуши убаво. Се разбира, локвите вода по подот ќе ги обереш со сунѓерче и крпичка... И, убаво ќе ја истискаш онаа сунѓереста изолација, да остане што помалку влага... И, после една недела, фино лепо си враќаш теписонот и се е во ред.
Има уште опции...
Една од позаебаните е да пушта некаде на шофершајбната. Силиконот е палијативно решение тука, треба наново да се мести шофершајбна. За да го откриеш тоа потребно е да земеш цревото во раце и да ја прскаш напред колата а некој да гледа внатре каде ќе протече... ама имаш шалт табла која ти го затвара погледот, па ќе гледаш дали капката доаѓа од висината над шалт таблата па се слива надолу...
Можно е нешто да е гнило напред под хаубата, како на пр. местото каде стои акумулатор. Вадиш се што стои напред под хауба, гледаш во каква состојба е лимот. Секое сомнително место чукни го со шрафцигер. Ако почне гнило да излегува, оди до здрав лим и трк кај лимар на крпење, па нека го заштити убаво и решен проблем.
И, последна опција е да тече од некој спој гума со лим.... значи, имаш гумени црева, па божури за електрика кои влегуваат/излегуваат од кабината, под шалт таблата. Е, некој спој со тек на време попушта, па можно е да лизнува понекоја капка... Пак процедурата со цревото како погоре...и оној спој каде тече го затвараш убаво со санитарен силикон, па пак пробаш со цревото да наливаш вода и ако не тече внатре ОК е.
Напорно е, ама ако не сакаш вода внатре... мораш...
Битен детал е вадењето на теписонот! МОРА да се извади ако е мокар, иначе... отиде лимот јабана.