Пак ќе се скараме
Значи една од последните, ако не и последната декада на квалитетната музика, ја сведе на ниво на бљувотина. Крајно претенциозно и сомнително од гледна точка на издржан критички аспект е да нападнеш не еден правец, туку скоро сите правци кои коегзистираат во период од една декада, дури и да си експертски музички критичар, а не си. Веројатно сум самобендисана, што секако мораш да се сложиш, може да биде и оправдано, ама ќе застанам во одбрана на музиката од тој период. Од стајлингот на изведувачите не прифаќам практично ништо во однос на мојот личен стајлинг, тоа е исто како да очекувам дека ти имаш фризура како Аца Лукас
...
Значи ич не ми е грижа дали некому му звучи конкретната музика како поезија или бунт на несфатените (што и да значи тоа) сигурно знаеш дека и Dead Can Dance се категоризираат и во пост панк, готик рок, њу вејв покрај другото. Ама за нив сигурно ќе направиш исклучок
. Она што мене ми избива од твојот пост е сведување на дискусијата на ниво пијаните сељаци турбофолкери наспроти џанкерите рокери, што мислам дека ми е напуштен концепт уште од тинејџерскиот период...
Пред да се разгори дискусијата уште повеќе, еве ќе ти ја презентирам листата на бендови од овие музички правци (пост панкот, готик рокот, њу и дарк вејв, индустриал) кои јас ги слушам, па би сакала да знам дали си ги преслушал барем делумно, или онака ги плукаш, чисто рекреативно и бидејќи ти се чини кул - Joy Division, Swans, Bauhaus, Christian Death, The Sisters of Mercy, Nick Cave & The Bad Seeds, (The Smiths и The Cure влегуваат во листата, ама за нив веќе се изјасни)?