Секакви рецепти

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Rekof, merak e golema rabota.

No, moze i bajagi poFkusni da se ako otsotjat preku nokj vo marindata udaeni.
Не, во оваа маринада не смеат да стојат удавени цела ноќ, саат до два им е потребно само од причина што крилцата потемнуваат од соја сосот и го губат вкусот.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Да бидам искрен не го заушив соја сосот. дека ја не им стаам соја сос. Еве и сеа не им стаиф. А се печат.
Бујрум.
И ег флајд лајс ќе праам.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Нека стои советот за останатите што ќе ги прават по комплетна рецепта, да не се зезнат цела ноќ да ги оставаат.
А тебе наздравје нека ти е. :)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Понудено, ќе биде и послужено.

И да, соја сос не се остава прекуноќ дека после само на соја ќе вкусува.

Инаку, јас користам Silver Swan soy sauce. Ти?
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Oвој моментално што го имам е на Hainz, а на претходниот што го земав од Веро не му ја паметам фирмата, барем не во моментов.. Секако не го сакам премногу, па може и затоа не се замарам за фирмата.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Мојов го штедам дека го нема тука. А тукашниве не ми прават многу ќеиф. Ко да е тешко да донесат асален и вкусен. Или им е скап, не знам.

Али, кога ќе направам чајниз, мљац, мљац.
--- надополнето: 6 ноември 2012 во 18:39 ---
Турлитава

Еднокило мешано месо (свињачко, телечко, јагнеќе)
сомешан зеленчуЌ (компир, патлиџан, пиперка, кромиТ, бамЊи, модар патлиџан, борања)
1 глаучка кромит
олио за јадајне
сољ
алев пипер сомељан
црн пипер

Подготвление

Месото се сецка и се пржи на олиото. Зеленчукот се насецкуе по ситнежливо, се додава на месото со уште малкуцка олио и војца од чешма. Треба да се клај достаточно вода за да се свари смешанието, а па послем печењето не остане многу. Се додаваат зачините и се подварува накратко. Послем се клава во тава и се пече на 200 степени целзиусови (оние од Нивес) околу час и полојна. Во текот на печењето се проразмешуе дваш до триж пати. Јадењето е готово кога ќе добие црвено златна кора ко маќедонсцкото знаме со осум кракој.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Чорба од желка

Една желка, зелен оклоп. Се сече глаата, ногите, опашот.
Лукче, толчено, мелено.
алев пипер,
олио
црн пипер
веЃета
патличанче на коцки
тиквица на коцкиж
грашоче, не на коцки
или зеленјаво по фкус


Се вади оклопот, телото се чисти од изнутрица, се сече на мали парчиња, соли, става во тенџере со вода, се вари додека не омекне, путер да се стори меко.
Се вади, динста околу 15 мин, става брашно, налива вода во кое била варена желката, става зачини (лук мелен, бибер алев, црн, веЃета, шо по фкус), се става селенчук (по избор, ама поарно палтиџанче, тиквица на коцки, грашоче итн), се дотура вода од претходно вареното, се вари уште сат и 15-20 мин на тивко ама да подкључнува (кломбирчиња да праи).

Се сервира во чинија :) и се јаде со слас(т).

П.С. Крвта од желка, исцедена, може да се пие за тешки кашлања и белодробни проблеми (старински лек за црна кашлица)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.687
Поени од реакции
33.856
Чорба од желка
Се сервира во чинија :) и се јаде со слас(т).

П.С. Крвта од желка, исцедена, може да се пие за тешки кашлања и белодробни проблеми (старински лек за црна кашлица)
Каде ги фаќаш желките?
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Пита на поинаков начин





Состојки

  • 350 мл млеко
  • 100 мл вода
  • 600 гр брашно
  • 20 гр свеж квасец
  • 1 и 1/2 лажиче сол
  • 100 гр маргарин и 5 лажици масло (за премачкување)
  • спанаќ и сирење за фил
Подготовка

Најпрво ставете го квасецот во топлото млеко, заедно со водата и оставете го така дваесетина мин. Потоа ставете го брашното и солта и измесете меко тесто. Тестото поделете го на три дела.
Сега земете еден дел од тестото и исучете го што потенко можете во правоаголна форма. Префрлете го на некој кујнски чаршав и испрскајте го со половината од стопениот маргарин измешан со маслото.
Потоа исучете го и другиот дел и ставете го преку првиот. На него ставете го филот од обарен и исецкан спанаќ, промешан со сирењето ( можете плус едно изматено јајце да ставите во филот за да добиете поубава хомогена смеса).
Одозгора ставете го и исучениот трет дел од тестото. Испрскајте го со другиот дел од смесата со маргарин.
Сега од лево и од десно преклопете го тестото, па одгоре и оддолу, да се добие нешто како плик

Пликот што ќе го добиете префрлете го во плех покриен со хартија, со преклопот одоздола.
Одозгора премачкајте ја питата со жолчка промешана со а лажиче масло, пресечете ја на 8 триаголници и украсете ја со семки. ( јас користев само сусам )

Вклучете ја релната на 180 с. и додека се загрее, питата малку ќе скисни.
Печете додека убаво не се зарумени, отприлика 40 минути.


Јас ја имам оваа рецепта малку поодамна и ја имам правено и со друг фил. Последниот пат ставив печурки, моцарела и ајдамер и беше исто вкусна, па најверојатно трпи секакви варијанти во филот. :)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Мојов го штедам дека го нема тука. А тукашниве не ми прават многу ќеиф. Ко да е тешко да донесат асален и вкусен. Или им е скап, не знам.

Али, кога ќе направам чајниз, мљац, мљац.
--- надополнето: 6 ноември 2012 во 18:39 ---
Турлитава

Еднокило мешано месо (свињачко, телечко, јагнеќе)
сомешан зеленчуЌ (компир, патлиџан, пиперка, кромиТ, бамЊи, модар патлиџан, борања)
1 глаучка кромит
олио за јадајне
сољ
алев пипер сомељан
црн пипер

Подготвление

Месото се сецка и се пржи на олиото. Зеленчукот се насецкуе по ситнежливо, се додава на месото со уште малкуцка олио и војца од чешма. Треба да се клај достаточно вода за да се свари смешанието, а па послем печењето не остане многу. Се додаваат зачините и се подварува накратко. Послем се клава во тава и се пече на 200 степени целзиусови (оние од Нивес) околу час и полојна. Во текот на печењето се проразмешуе дваш до триж пати. Јадењето е готово кога ќе добие црвено златна кора ко маќедонсцкото знаме со осум кракој.
Не бидува тава со јагнешко...Се става комбинација од телешко месо со коска и свинска удина во сооднос 70/30. Само се додава една телешка опашка за сосот од тавата да буде погуст.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Мусли колачи

200гр мусли (јас ставив овошни)
200мл јогурт (сеедно е дали е овошен или обичен)
1 голема лажица мед
1 голема лажица мармалад (од што си имате дома)
кора од лимон/портокал
малку пециво
1 ванила
сецкани ореви и/или бадеми...
сецкано овошје (што имате дома, јас ставив вишни и модри сливи. суво грозје си има во муслите)

Муслите ќе ги прелиете со јогуртот и ќе ги оставите 10мин. да омекнат. После ги додавате сите други состојки во садот и правете хомогена смеса. Можете да си направете слатки со некоја форма или па целата смеса да ја ставете во тавчето па потоа да ја исечете на парчиња. Печете 15мин. на 180 степени.
Малку е меко и додека е топло не е многу убаво, значи оставите да се изладе.

ПС. Не ви ставам слика, ќе ви се одјаде. Ама убави се, исто како мусли чоколатцата во маркетите.
 
A

AnFem

Гостин
Обично сум скептик за домашните ликери (а и не сакам да ја расипувам ракјата), ама овој ептен ми се допадна. Баш сега си ја мљацкам втората чаша, многу сум задоволна.

Ликер од ракија

500гр шеќер
1000мл ракија
500мл млеко
100гр кокосово брашно

Ракијата и кокосот се мешаат во еден сад и се оставаат да стојат 48 часа. Потоа во половина литар млеко се става 500гр шекер. Откако ќе се олади сирупот, се меша со претходно процедената ракија. Delicioso!
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.373
Поени од реакции
113.753
Не знаев кај да пишам али ако може некој да ми каже кој кашкавал најубаво се топи? Сакам утре да направам еден специјалитет и ми треба квалитетен кашкавал. :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Обично сум скептик за домашните ликери (а и не сакам да ја расипувам ракјата), ама овој ептен ми се допадна. Баш сега си ја мљацкам втората чаша, многу сум задоволна.

Ликер од ракија

500гр шеќер
1000мл ракија
500мл млеко
100гр кокосово брашно

Ракијата и кокосот се мешаат во еден сад и се оставаат да стојат 48 часа. Потоа во половина литар млеко се става 500гр шекер. Откако ќе се олади сирупот, се меша со претходно процедената ракија. Delicioso!
Ова од твојата ракија ли е?
Мора да ја измешаш за да ја пиеш:ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom