Добро зошто ги извртуваш постовите без врска, никој не бара изговор во тоа дека некои играчи не играле, само рековме дека ако играше барем еден од Кедира или Есиен каде што треба подруго ќе беше, Реал играше без класичен деструктивец кој е еден многу клучен играч против таа игра на Дортмунд, впрочем колку е важен тој играч можеше да се види од самиот тој натпревар, додека играше Кедира, до 20тата минута Дортмунд имаше упатено само ЕДЕН лесен удар преку Кел, откога испадна Кедира се разигра и Дортмунд. Главен виновник за победата на Дортмунд е Клоп и неговите играчи кои знаеа перфектно да ги искористат сите слабости на Реал, и напаѓаа таму каде што Реал беше најслаб.
Околу тоа дека сме биле сигурни дека лесно ќе победиме, само дечишта што не изгледале ни еден натпревар на Дортмунд во последните 2-3 години може да напишат дека Реал ќе победи лесно во Германија, и тоа на еден од најжешките терени.. Јас ни против Аугсбург да играме не би рекол дека лесно ќе победиме.