Краток преглед на темава, значи вчера се отворија две теми, првата
Данок за ергените над 35 години и момите над 30 години која има 6827 Прегледи , 287 Одговори. А втората тема
Годишно бројот на Македонци се намалува за околу две илјади а на Албанци се зголемува за пет ијлади која има1362 Прегледи и 56 Одговори. Што е интересно тука Македонците многу повеќе се потресоа , на некој што изјавил , а не го поднел ни како предлог закон во собрание , а не дај боже да го изгласале, и дигнаа ненормална паника , отколку податокот дека секоја година Македонија има помалку секоја година 2000 етнички македонци значи имаме поголем морталитет отколку наталитет , за разлика од албанците кој имаат секоај година 5000 луѓе повеќе ,односно поголем наталитет од морталитет . Е сега уштеднаш ќе ископирам дел од текстот пак да не објаснувам
Општина со најголемморталитет е Прилеп, а најголем наталитет има во скопски Сарај. Во Скопје, по Сарај, најпозитивни резултати бележи Гази Баба, а најголем морталитет има во Карпош и Кисела Вода.Пороценките се дека Македонија, сепак 2012-тата ќе ја финишира со сличен природен прираст како и изминатите години.
Анализите покажуваат дека минималниот наталитет го држат етничките Албанци.Така на пример во 2010-та биле регистрирани 12.658 новородени етнички Македонци, а умреле 14.298. Кај албанската популација бројките изгледале вака. Родени 7.888 Албанци, а починале 3.073. Тоа на годишно ниво е + 4.815 во корист на наталитетот на етничките Албанци.
Значи тоа што повеќе Македонци умираат отколку што се раѓаат не е алармантно, не аларматно тоа што на 3072 умрени албанци се раѓаат 7888 албанци. Алармантно било што некој анонимус спосмнал закон за данок за ергени, а тој закон ни се поднесе во собрание ни ништо напротив и самиот автор на идејава се повлече.
А на темата Годишно бројот на Македонци се намалува за околу две илјади а на Албанци се зголемува за пет ијлади која има најмногу лајкови 10 доби
Anne Boleyn со нејзиниот коментар
Многу ми е гајле.
Значи заклучок баш ние е гајле на нас како Македонци што секоја година сме во минус 2000 ,а албанците секоја година 5000 во плус, ако продолжат вака работите за едно 10 години не треба да не чуди ако Македонците се по 4000 во минус а Албанците по 10 000 во плус, ама на нас баш ни е гајле. Баш многу ни е гајле што албанците се во волку висок наталитет, а македонците се со овој морталитет , Албанците има шанса да станат 40% од оваа држава а Македонците да паднат испод 50%, Значи тоа не ни е гајле. Сега некој форумџија ќе проба да ме разубеди дека албанците немаат веќе по 6 или 7 децаа туку по 3-4 деца, а јас на тоа ќе одговорам ако до пред 20 години кај македонците просекот беше околу 2 деца сега просекот кај македонцит е опаднат и на помалку од 1,5 дете. Ова беше инаку забалешка за тие што кажуват како албанците се еманципираат и не раѓале толку деца како порано. Но како што реков нашиот став за овие прашања ни е
Многу ми е гајле. Сигурно Брисел и Вашингтон ќе ни го решат и овој проблем како што ни решија многу други проблеми на чие благодарение сме членки на Еу и Нато

Толку од мене и ова тема што имав кажав нема да одговорам на реплики или на провокации. А да и за крај уштеден податок да не останам должен во развиените земји посебно во западна Европа е присутен тој феномен на поголем морталитет отколку наталитет , а таму една мајка во просек има околу 1,3 деца ( нешто слично како и во Македонија зборам кај етнички македонци) значи не проблемот само до парите тие земји со многу богати итн, а од друга страна најсиромашните земји во свет имаат едни од највисоките стапки на наталитет. Ако продолжиме вака Македонија за 30 години ќе биде држава на старци и на по некој возрасни луѓе, со многу малку младо население, а без младо население нема ни Економија ,ни Спорт ни ништо. и гратис 40% Албанци во државава кој во добар дел ќе бидат младо население наспроти, Македонците кој ќе бидат старци.