Во Србија(без Косово) денеска живеат нешто повеќе од 7 милиони жители од кои Србите се 82-3% !
Е сега гледам нешто сте спомнале Санџак, Војводина и сл.
Во регионот Санџак т.е. Српскиот дел од регионот Санџак(инаку дел од регионот Санџак се простира и во северо-западна Црна Гора) ...... значи во Српскиот дел од Санџак(југо-западна Србија) кој опфаќа делови од регионите Рашка и Златибор не се мнозинство Муслиманите туку некаде се 50/50 значи Србите не се малцинство таму, е сега има некои градови кои се мнозинско Муслимански како Нови Пазар, Сјеница... а што се однесува за покраината Војводина ....... која по територија е приближно колку Македонија и има околу 2 милиона жители Србите се 65% или милион и триста педесет илјади ........ а останатите 35% не се само Унгарци(Маѓари) туку има и Хрвати, Буњевци, Романци, Словаци, Русини, Македонци и.т.н. Маѓари односно Унгарци во Војводина има 290 илјади и тие живеат претежно во северниот дел од Војводина, значи во Суботица и околу Суботица, додека пак во останатите делови од Војводина убедливо мнозинство се Србите, во Нови Сад на пр. кој е како главен град на покраината Војводина Србите се доминантни ........... така да проблемите со Војводина не се национални и сепаратистички туку се пред се политички т.е. жителите на Војводина сакаат поголема децентрализација ............ кажете ми по која логика регион/покраина населен доминантно со Срби да сака да се отцепи комплетно од матичното јато од матичното национално ткиво т.е. од остатокот на Србија ............ инаку Војводина до пред 100 години била доминантно населена со Унгарци, но и со Германци, а Србите биле малцинство од 25% ............ после војната(2ра светска) Србите сочинувале само 50% од населението на Војводина, значи сеуште не биле мнозинство, но како резултат на иселувањето на Србите од Хрватска(Српска Крајина), како и од БиХ, Косово и.т.н. за време на војните во 90ите години, истите тие Срби се пренаселувани во овој регион, а од друга страна пак скоро сите Германци и голем дел од Унгарците се имаат иселено од овој регион во текот на 20 век и како резултат на овие ххх фактори денеска таму Србите се мнозинство, така да отцепувањето на Војводина е мит, тоа му доаѓа на исто доколку утре решат Струмица или Гевгелија, или Крива Паланка да се отцепат од матичната држава !
--- надополнето: 3 ноември 2012 во 19:23 ---
Косово беше покраина со своите познати граници , имаше во времето на Југославија (еден период) таква голема автономија , што изгледала како република.
Денеска србите се бунат дека не било можно Косово да се одвои.
Аха !
Но затоа во Босна и Херцеговина немаше никаква покраина со познати граници , но успеаа да ја поделат БиХ , да создадат република која никогаш не постоела.
Интересно , тоа не е ништо лошо за србите , демек ОК било да се подели БиХ.
Сакаа да ја поделат и Хрватска , и таму велеа дека не е лошо насилно да ја поделат Хрватска.
Но кога им се случи поделбата на Косово , одма плачеа , колевка им била , срце и панкреас.
Србите со сила ја добија Република Српска во БиХ ... но исто така со сила го изгубија Косово.
Што плачат сега ?
Дај нека се откажат од Р.Српска , нека биде БиХ целовита како пред војната.
А Косово нека има автономија како што имаше пред нелегалното укинување.
Ајде де.
Бла бла бла бла ............... ти дете со сила се правиш многу умно .............. Србите во Хрватска до пред војната биле 17% .............. или ги имало накај 600-700 илјади, а денеска се петпати помалку од тогаш, а во БиХ се 37% или околу 1 и пол милион(скоро сите од нив живеат во ентитетот Р.Српска) ............ во Црна Гора и ден денеска половината се попишуваат како Црногорци, а половината како Срби ОК има и Бошњаци(Муслимани) и Албанци... но мал процент !
Инаку во Босна најмногу се заебаа Хрватите бидејќи не си добија свој ентитет ............ Србите си ја имаат Р.Српска, Бошњаците па се убедливо мнозинство во Босанско-Хрватската федерација, а Хрватите си останаа со прстот во уста ............... сметам дека и Хрватите кои ги има повеќе од 500 илјади таму си имаат право на свој ентитет наречен Херцег-Босна со главен град Мостар !