Имало фрка меѓу навивачиве на Интер и Забранетите, ама не верувам дека ова италијанците го направиле туку како што приметив, бугарите, односно имаше една мала фракција на луѓе од фан клубот во Бугарија кои беа сместени кај CN, и по сликиве гледам тука бугарско знаме. Овие ја прекачиле оградата и се упатиле кон Забранетите али џандариве спречиле нешто посериозно да се деси па се повлекле овие во '' кафезот ''.
Што се однесува до двомечот, во првиот меч искуството беше пресудно, Интер беа лоши, мислеа со одење дека можат против Партизан што не беше случај, Маркович утна зицер и на сила стапи непишаното фудбалско правило и следуваше казна.
Во вториот меч пресуден беше квалитетот зашто Страмачиони и дефинитивно ги склопи коцкиве во екипата, далеку посериозно делуваа денес и фудбалерите, излегоа Интер со идеја која скоро и перфектно ја спроведоа, пишав на темата на Интер каков беше пристапот за денес, да не се повторувам.
Партизан можеше да дојде до гол од прекин во прво ама Ханданович и дефинитивно потврди дека е светска класа од голман и е и повеќе од идеална замена за Цезар, сепак го искористија фактот што Интер за прв пат играа со тој избор на играчи во задната линија но касно беше за да се извади нешто повеќе од натпреварот.
Тренерот на Партизан искрено не ми делува на фаца за да води ваков тим, неговиот претходник од друга страна беше она вистинското али балканскиот менталитет си го направи своето. Маркович е одличен фудбалер, можно е да премине во Интер, србите денес пак шпекулираа за тоа а и Бранка беше во Белград а он ретко оди на гостувања па можно е да почнале преговори за него.
--- надополнето: 9 ноември 2012 во 01:59 ---
Одбранета е заставата од CN ( али мислам дека едниот крај го искинаа )
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Т.е., ова е знаме на бугарите, не на Curva Nord.
Иначе како што разбрав од коментариве, не биле организирани овие од Забранетиве, незнам ја како стојат тие работи сега со нив, али ова е дело на членови од таа фракција на Гробари.