- Член од
- 18 јануари 2009
- Мислења
- 1.407
- Поени од реакции
- 339
Што нема да е крај на светот во 2012? Еееј за џабе ги подарив сликичките животинско царствоА капак на се ми е кога некој ќе се затрча да ми објаснува како тоа "знаел" дека Нострадамус и Ванѓа предвиделе за крај на светот во 2012та
А ние ќе и правиме спомен паркBugarite sakale Vangja da ja proglasat za svetica:
:pos2:
На стогодишнината од раѓањето на јасновитката Вангелија Пандева Гуштерова, попозната во светот како Баба Ванѓа, која предвидела многу светски случувања, чешмата која се наоѓа во Ново Село општината ќе ја уреди во спомен-парк. Според кажувањата, на оваа чешма Баба Ванѓа си го измила лицето за повторно да прогледа, откако на 12-годишна возраст останала слепа.
- Баба Ванѓа го слушнала божјиот глас дека ако на оваа чешма ги измие очите, ќе прогледа. Таа го направила тоа, но почнала да гледа со слепи очи. За таа чешма се заинтересира бугарската национална телевизија, која снима филм за големата јасновитка. Ја снимија чешмата, а сега ние ја наоѓаме сопствената приказна за тоа место кое планираме да го понудиме на туристите преку изградба на спомен-парк - вели Петре Спасов, градоначалник на Ново Село.
Баба Ванѓа предвидела многу настани, како што се бомбардирањето на Белград во април 1941 година, смртта на бугарскиот цар Борис, скопскиот земјотрес, па дури и сопствената смрт во 1996 година. Помош од неа побарале голем број обични луѓе, но и светски познати личности. Токму поради белегот што Баба Ванѓа го оставила во Ново Село, локалната самоуправа иницира изградба на спомен-парк кај чешмата, од која некогаш се миела Баба Ванѓа.
- Имаме најави од бугарски и од наши компании дека ќе учествуваат во изградба на спомен-паркот и со тоа да привлечеме туристи од Бугарија и Македонија. Планираме тоа да биде туристички локалитет, кој ќе направи зближување меѓу двата народа. Со овој и со другите туристички локалитети со кои располага општината, како што се познатите Смоларски и Колешински Водопади, уште повеќе ќе ја зголемиме понудата - рече градоначалникот Спасов.
На стогодишнината од раѓањето на Баба Ванѓа, Бугарската православна црква иницира таа да биде прогласена за светица. Таа е родена на 31 јануари 1911 година во Струмица. Најголем дел од нејзиниот живот, од мажењето, па се до нејзината смрт, го поминала во Петрич, Бугарија. Легендата вели дека на 12-годишна возраст во ведар ден силен ветар ја подигнал и ја носел неколку метри, по што таа паднала и ослепела.