Еванѓелиа Ванѓа Димитрова - Мистерија или?

mALEFACTOr

..:[iluzionist]:..
Член од
30 април 2007
Мислења
512
Поени од реакции
24
Баба Ванѓа потекнува од Македонија од Струмичкиот крај, а мажена е во Бугарија. Тамо почнува да помага. Уште кога била мала додека се шетала по поле почнала бура и во тој момент се онесвестила, а кога се разбудила видот и бил изгубен. После ова приметила дека има дарба и моќ да им помага на луѓето. На почетокот комшиите и доаѓале дома и ја прашувале за маките што ги имале, а она им кажувала што да прават. Набргу се раширил гласот за неа низ цела Бугарија и пошироко. Можела да пронајде изгубена личност, знаела каде расте некое растение, во некој дел од земјата каде што никогаш не била, што лечи одредена болест. Можела да застане на некое место и да види што се случувало на тоа место стотина години наназад.
По смртта во 1996 таа предвиде дека нејзината моќ ќе ја наследи некое слепо девојче во Франција.
 
А

Адриано

Гостин
за оние што ги интересира за баба ванѓа може да прочитаат во книгата од нејзината внука.убаво е се објаснето за неа и за нејзиниот живот.Има и една ситуација кога неколку луѓе сакале да го снимат разговорот со неа.Луѓето си носеле касетофонче и го ставиле на масата и ја прашале дали може да ја снимаат,таа се согласила и им зборувала за нив за нивната иднина итн.кога си отишле дома луѓето и го пуштиле касетофонот на него имало само снимено Македонска народна музика а од баба ванѓа немало никаков глас.
 
Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812

Да бе, а кај некои најновиот албум на Ноне бил снимен. Без претерување молам. Жената била моќна да предвиди иднина и да им помага на луѓето за разни работи, ништо повеќе.
 
Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707

Clairvoyant and healer

Born 31 January 1911(1911-01-31)
Strumica, nowadays in Republic of Macedonia
Died 11 August 1996 (aged 85)
Petrich, Bulgaria
Spouse Dimitar Gushterov,
married 10 May 1942

Вангелија Димитрова (девојачко Пандева, мужевљево Гуштерова, а после смрти Димитрова; 3. октобар 1911. - 11. август 1996), бугарска пророчица
Рођена је у Струмици 1911. У преводу са грчког њено име значи носилац радосних вести. Ослепела је у 12. години, а у Дому за слепе у Земуну провела 3 године. После удаје настанила се у бугарском граду Петричу. Предвидела је бројне догађаје почев од бомбардовања Београда 6. априла 1941. године, предсказање смрти бугарског цара Бориса који ју је посетио годину дана пре смрти, земљотрес у Скопљу, судбину италијанског премијера Алда Мора, тачан датум смрти свога мужа. Сматра се да је око милион људи од ње тражило помоћ. Умрла је 1996. године и сахрањена у цркви св. Петке уз присуство и председника Бугарске. Њена сестра Љупка одбила је да да научницима њен мозак на испитивање.
 
А

Адриано

Гостин
Да бе, а кај некои најновиот албум на Ноне бил снимен. Без претерување молам. Жената била моќна да предвиди иднина и да им помага на луѓето за разни работи, ништо повеќе.
неам друга работа ја само за тебе и за форумов ке си измислуам приказки.го прочитав од книгата од нејзина внука ако можам да ја најдам пак книгава во библиотека или од некое дете ке препишам па ке видиш а не овака да обвинуваш за лаги кога не ни знаеш дали е вистина или не.
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Па ако стварно оваа можела да ја предвиди иднината тогаш постои судбина. Значи не морам да се обвинувам себеси за направените грешки (=
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Имам читано и слушано многу работи од Ванга ама најмногу во секавање ми остана она каде што се вели дека Ванга на сите им
кажувала да се осврнат кон природата,кон земјата и растенијата кои можат да излечат се.Имаше 1 совет за мајкте да ги поттикнуваат децата да трчаат боси секогаш кога имаат можност бидејки земјата дава здравје.Исто во книгата имаше и некои чаеви и масти кои секој може да си ги направи и ке биде здрав и долговечен.
Без разлика дали била добар пророк,сепак мислам дека била многу мудра жена.
Интересна книга беше тоа.Ако некој знае како се вика нека пише,оти јас заборавив.
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.853
Поени од реакции
5.693
Баба Ванѓа потекнува од Македонија од Струмичкиот крај, а мажена е во Бугарија. Тамо почнува да помага. Уште кога била мала додека се шетала по поле почнала бура и во тој момент се онесвестила, а кога се разбудила видот и бил изгубен. После ова приметила дека има дарба и моќ да им помага на луѓето. На почетокот комшиите и доаѓале дома и ја прашувале за маките што ги имале, а она им кажувала што да прават. Набргу се раширил гласот за неа низ цела Бугарија и пошироко. Можела да пронајде изгубена личност, знаела каде расте некое растение, во некој дел од земјата каде што никогаш не била, што лечи одредена болест. Можела да застане на некое место и да види што се случувало на тоа место стотина години наназад.
По смртта во 1996 таа предвиде дека нејзината моќ ќе ја наследи некое слепо девојче во Франција.
се извинувам што е на бугарски ама само на бугарски можеш да најдеш за баба Ванѓа :)

тука раскажува како ослепела :)

"- На колко години бјахте като ослепјахте?
- На четиринајсе години, момиче големо бех. Един ветер ме задуха, една вихрушка ме зав'рте, нап'лниха се очите с пес'к и от пис'ко джамчетата на очите се повредиха.
...
Бех у едно село, татковото село, на двајсе километра от Струмица, това село се казва Ново село, с моја братовчедка бех, жива е и сега. Она се беше качила на едно магаре, а мен ме е страх да се качам на магарето, одам по неја и она падна от магарето. Сигур много ја е заболело, она плаче и аз ј викам, ајде стани, ма! Стани, стани и доде се разправјаме, една силна бурја, една вихрушка, силен ветер как ме зави, как нап'лни очите и по-натам не знам.
...
Лекарите от Струмица ме лекуваха три години. И от Струмица - в Скопие, от Скопие - в Белград, от Белград - в Загреб... и накраја казаха: девојко, ние сме до тук. Не можем да ти помогнем.
- Операција правиха ли?
- Седем п'ти."

повеќе информации кого го интересира има тука
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Баба ми била кај Ванѓа, со пријателка нејзина. Пријателката имала изгубено нешто и сакала да оди кај Ванѓа заради тоа. Ја викнала баба ми, баба ми не верувала дека има таква моќ али отишла да и' прави друштво. Им кажала кај да го најдат изгубеното и кога се вратиле, го побарале на местото кај што им кажала Ванѓа и не им се верувало дека точно кажала каде е. Се уверила дека стварно има моќ.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.136
Поени од реакции
25.669
Да си се пофалам, претпоставувам дека сум еден од ретките на форумов што ја имаат запознаено во живо, иако дете се сеќавам на тој момент од некое си времетраење од 10-15 минути како да беше вчера. Колку имала моќ или не, нема да навлегувам само можам да заклучам од сите до сега кажани работи за неа дека е една од ретките така да речам јасновидци за кое почесто ќе чуеш позитивен став или верување отколку скептицизам (воедно ја користам приликава да го поздравам мојот елокветен миленик од ова поле Саше Фактор Х). Мислам дека имаше пред неколку години во Бугарија подигнато иницијатива да се прогласи за светица ама според црковните нормативи мора сепак да помине еден недефиниран но подолг временски период пред да може да се донесе таква одлука.
 
demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Инаку после смртта на баба Ванѓа под нејзината куќа е пронајдена мермерна статуа на коњ во природна големина.Парапсихолозите кои го проучуваат феноменот,,Ванѓа,,тврдат дека таа голема мермерна статуа е извор на некаква енергија,преку која баба Ванѓа комуницирала со ,,отадешниот,,свет.
 
demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Мислам дека имаше пред неколку години во Бугарија подигнато иницијатива да се прогласи за светица ама според црковните нормативи мора сепак да помине еден недефиниран но подолг временски период пред да може да се донесе таква одлука.
Да,пред неколку години во Бугарија ,,фенове,,на баба Ванѓа покренаа иницијатива за таа да се прогласи за светица,меѓутоа Православната црква не ја одобри таа иницијатива затоа што според Црквата пророци од видот на баба Ванѓа се само обични манипуланти,кои што својата надприродна моќ им ја должат на ,,нечисти,демонски,,сили и заради тоа не држат место да се определат како светици.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom