Девизно или денарско орочено штедење?

  • Креатор на темата ViM
  • Време на започнување

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Па во РМ просечна инфлација во изминативе години (освен една која тамо беше 2007-8!?) не помина 4-5%! Во Еврозоната слично, се смета дека Еврото губи, но не повеќе од 2% на годишно ниво!
Ова никогаш не ми било јасно, дали кога се штеди во денари треба да се земе во предвид и инфлацијата во Еврозоната? На пример домашна инфлација 5% + ЕУ инфлација 2% = 7%. Денарот е врзан за Еврото.
Т.е. дали обезвредувањето на основицата на штедниот влог во денари поради инфлацијата е 5% или 7%?
Ако е 7% тогаш со овие камати ништо не се заработува.
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Ова никогаш не ми било јасно, дали кога се штеди во денари треба да се земе во предвид и инфлацијата во Еврозоната? На пример домашна инфлација 5% + ЕУ инфлација 2% = 7%. Денарот е врзан за Еврото.
Т.е. дали обезвредувањето на основицата на штедниот влог во денари поради инфлацијата е 5% или 7%?
Ако е 7% тогаш со овие камати ништо не се заработува.
Дома ќе ги трошиш парите? :) Земи ја само домашната.
--- надополнето: 1 ноември 2012 во 21:56 ---
Индексот на трошоците на живот што е клучниот показател за движењето на инфлацијата, во октомври бележи пораст од 5,3 отсто на годишно ниво, што е индентична стапка на раст како и во септември, објави Државниот завод за статистика.
Инфлацијата во последните месеци неочекувано забрза, откако претходно до јули се движеше во рамки на проектираните 2,2 отсто
Во август забрза на 3,7 отсто, а во последните два месеци инфлацијата изнесува 5,3 отсто.
Токму поради ваквиот тренд, Народната банка на Македонија денеска ја ревидираше нагоре проценката за стапката на инфлацијата за 2012 и 2013 година од 2,2 отсто на 3,5 отсто, како краткотраен ефект, со очекување за стабилизација во 2014 година.
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
249
Поени од реакции
148
@Branchez имаш ли информација колку провизија се зема при префрлување од една во друга банка,

....пр сакам од една банка без да ги вадам дирекно на рака.....преку трансакциска сметка да ги префрлам на трансакциска во друга банка
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496

Зависи за која банка прашуваш, јас само со Тутунска сум имал вакво искуство бидејќи ми е матична банка.
Исто така зависи и од сумата што сакаш да ја префрлиш.
 
Па еве на пример 600 000ден да префрлам која провизија е приближно .....
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Член од
12 мај 2008
Мислења
249
Поени од реакции
148
Во еуростандард би било 3450 ден месечно.
како мислиш месечно
прашувам за трансакциска сметка од Тутунска банка пример да префрлам во Еуростандард на нивна трансакциска за да ги орочам таму нели поголеми камати детско штедење....., ме нтересира таа провизија за префрлување од една банка во друга
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Eurostandard веке не е со најдобри понуди за штедни депозити во Денари... пред да ги префрлаш било каде добро информирај се за каматите и условите, секако погледни ја и новата понуда на НЛБ, за депозити со рочност 25 месеци. Инаку Еуростандард колку што ми е познато нема ‘‘детско штедење‘‘ тоа го има во Sparkasse банката. На година дена орочување даваат 7% а на 2 години орочување 8% годишна камата. http://www.sparkasse.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=319 исто солидни во овие услови има и UNI банка, за влогови во Ден орочени на 2 г. даваат 7,5% годишна камата. http://www.unibank.com.mk/categories/view/459
Но и во Шпаркасе и во Уни каматата е променлива, што значи третиот месец можат да ја променат сходно условите и политиката на банките...
Инаку за трансфер на поголема сума пари, барем лани не земаа многу... Мене од СТБ кон Еуростандард за сума над мил. ми земаа 150 Денари.... И уште нешто, трансферот секогаш до 13 или 14 часот (додека работи платен промет) по тоа време е ми се чини дупло. Не верувам дека нешто драматично се променило од лани до сега... иако ништо не се знае на оваа денешница!
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Благодариме Dr Zmigo
Оваа е се што барав !!!!
Само внимателно читајте ги условите во договорот на Шпаркасе, на пријател му барале 1500 денари за предвремено раскинување и тоа за помала сума. Испаднало дека он им платил што штедел кај нив.
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
249
Поени од реакции
148
Само внимателно читајте ги условите во договорот на Шпаркасе, на пријател му барале 1500 денари за предвремено раскинување и тоа за помала сума. Испаднало дека он им платил што штедел кај нив.
Сакам да тргнам одредена поголема сума за моето дете и да не ги вадам тие до 18 год нека стојат
Притоа да одберам банка каде немам орочени денари, а да е најголема камата, ке ги разгледам убаво сите банки
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
317
Поени од реакции
277
Само внимателно читајте ги условите во договорот на Шпаркасе, на пријател му барале 1500 денари за предвремено раскинување и тоа за помала сума. Испаднало дека он им платил што штедел кај нив.
Многу битен детал друже... во секоја банка за предвремено раскинување се плаќаат пенали, во зависност од условите во договорот за штедниот влог...
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Многу битен детал друже... во секоја банка за предвремено раскинување се плаќаат пенали, во зависност од условите во договорот за штедниот влог...
Во овој случај пријателот платил кеш пари за да си ги земе сопствените пари.
Во Стопанска на пример само ти кратат една третина од каматата за предвремено исплаќање на депозитот. Ем некаква камата ќе земеш ем нема да плаќаш пенали во кеш. Можеби и кај другите банки условите за предвремено раскинување се поповолни од Шпаркасе.
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
317
Поени од реакции
277
Мене највише ме нервира мењањето на камата... т.е. намалувањето од кога веќе ќе ги ставам парите...
Им ставам 3 миљона денара и нив после 2 недели, 1 месец, им текнува да ги намалат...:mad: Значи банката е заштитена небаре бела мечка, никад не може да се заебе...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom