Тука коментираме книги

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Книгата генерално или ликот?:)
ликот, затоа го пишав на англиски така поише се диференцира.
Кучка еј, не ми е јасно зошо по неа ја нарекол книгата.:eek:
--- надополнето: 12 август 2012 во 02:45 ---
Се надевам дека Вокер овде стручно ќе ми објасни дур ја завршам :)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Тотално се заразив од Мураками! :)
Прва што му ја прочитав беше „Јужно од границата, западно од сонцето“ и таа беше пресудна да го засакам неговиот стил на пишување. Еве денеска после започнувањето вчера со читање ја завршив и „Норвешка шума“, уште предобра од претходната! :cuc:

Сакам да ми предложете која следна да ја читам, дали „Спутник љубов“ или „1Q84“, гледам и дека други има издадено на македонски, но овие две некако по ми изгледаат привлечно.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
ликот, затоа го пишав на англиски така поише се диференцира.
Кучка еј, не ми е јасно зошо по неа ја нарекол книгата.:eek:
--- надополнето: 12 август 2012 во 02:45 ---
Се надевам дека Вокер овде стручно ќе ми објасни дур ја завршам :)
Напиши комплетен став кога ќе ја дочиташ целосно. :)
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Тотално се заразив од Мураками! :)
Прва што му ја прочитав беше „Јужно од границата, западно од сонцето“ и таа беше пресудна да го засакам неговиот стил на пишување. Еве денеска после започнувањето вчера со читање ја завршив и „Норвешка шума“, уште предобра од претходната! :cuc:

Сакам да ми предложете која следна да ја читам, дали „Спутник љубов“ или „1Q84“, гледам и дека други има издадено на македонски, но овие две некако по ми изгледаат привлечно.
Ти препорачувам да го читаш на англиски.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
A Clergyman's Daughter од George Orwell е издадена 11 Март 1935та година, во Велика Британија.
Не се сеќавам на точниот број на страници, а засега ниту книгата не ми е при рака. Како и да е, ова е експериментална новела од Орвел, која, според мене доколку 1984 никогаш не била напишана би била Орвеловото најдобро дело.

Станува збор за одисејата на младата Дороти, нејзиниот животен дебакл во кој ја внесува напад на амнезија.

Дороти е ќерка на ректорот на малото градче во коешто живеат. Куќата во којашто обајцата живеат е натоварена целосно врз грбот на Дороти. Младата девојка во своите доцни дваесети е приморана да ја напушти било која желба, било кој сон како би била присутна за потребите и каприците на нејзиниот татко.
Фијаското со кое ќе се соочи ќе ја води низ најразлични перипетии. Од плантажи со хмељ, преку бордел, улица и затвор, фундаменталистичките христијански животни лекции кои ги доби од татка си полека ќе избледнат од замаениот ум на Дороти.

Книгата е одличен отворач на очи, и за конзервативните и за побунтовничката фела. Ги потенцира и читко и јасно ги распостила пред читателите двете страни на животот, ставајќи акцент не само на оние кои се во центарот на лудилото туку и оние на кои истиот се потпира.
Топло ја препорачувам за сите кои бараат нешто од Орвел, повеќе од неговите две најпознати дела.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Тотално се заразив од Мураками! :)
Прва што му ја прочитав беше „Јужно од границата, западно од сонцето“ и таа беше пресудна да го засакам неговиот стил на пишување. Еве денеска после започнувањето вчера со читање ја завршив и „Норвешка шума“, уште предобра од претходната! :cuc:

Сакам да ми предложете која следна да ја читам, дали „Спутник љубов“ или „1Q84“, гледам и дека други има издадено на македонски, но овие две некако по ми изгледаат привлечно.
Ееј, Спутник љубов јас ја имам читано. Јас преку неа се заразив со Мураками.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Сеа ќе ти ја с`снам Вокерка, па ни Џимеј нема да те вади со бришење на мои постови во Филм.

Шега на страна, за Дојл сум 100% сигурен го наоѓаш во Икона - за жал на англиски. Имаш една џиновска книга (книгиШТЕ) со сите негови собрани дела во името на Шерлок. За Кристи сум да не речам 100% ама 80 сигурно пошто наидував доста често на нејзините наслови. За жал повторно на англиски.
Од матица/ ѓурѓа не те упатувам (имаат некои наслови, но мислам некомплетни) поради сакатењето да не речам книгоцид што прават таму. Така да ова другово ти е на твој ризик :)))
Леле мори мајко каков улов сум направила во Икона морам да се испофалам и да ви се заблагодарам за упатството. Патем одам денес во Икона и ги барам собраните дела на Дојл, ми викаат нема сите се продадоа, ама нарачавме па чекаме да ни стигнат. И таман се разочарав викам кој ќе чека месец дена, продавачката вика има една книга останато од таа едиција, ама малку е оштетена ако ја сакате ќе ви ја дадеме за 400 денари!Ја гледам книгата ништо не и фали, неколку капки вода капнале врз неа одозгора. Среќна коцка сум ти јас. :vozbud:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379

My dear Mrs. Hudson... How many times have I told you to fix the roof! :icon_lol:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Видов на излогот на ТОПЕР плакат за “Педесет нијанси на сиво“ НАСКОРО, значи тие ќе ја преведуваат.

Него знаете ли дали му е преведена најновата од Гијом Мисо “Повик на ангелот“, не влегов внатре а само на српски ја иаше на излог.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Видов на излогот на ТОПЕР плакат за “Педесет нијанси на сиво“ НАСКОРО, значи тие ќе ја преведуваат.

Него знаете ли дали му е преведена најновата од Гијом Мисо “Повик на ангелот“, не влегов внатре а само на српски ја иаше на излог.
Не е преведена. За еден месец ќе биде во Топер, така ми кажаа.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ја почнувам првата книга од Р.Р Мартин од едицијата, Песни од оган и лед. Вчера ја завршив книгата на Агата Кристи Lord Edgware Dies и како и секогаш Кристи ме воодушеви. Пробувам паралелно да си потчитнувам од книгиштето собрани приказни за Шерлок Холмс. Прв пат вака добри книги да имам кај себе во исто време. Итс а блесинг.:)
 
Член од
9 јули 2008
Мислења
256
Поени од реакции
75
Ја почнувам првата книга од Р.Р Мартин од едицијата, Песни од оган и лед. Вчера ја завршив книгата на Агата Кристи Lord Edgware Dies и како и секогаш Кристи ме воодушеви. Пробувам паралелно да си потчитнувам од книгиштето собрани приказни за Шерлок Холмс. Прв пат вака добри книги да имам кај себе во исто време. Итс а блесинг.:)
Читај го Р.Р Мартин и ако сакаш таков жанр на книги невозможно е да не ти се допадне. Јас се заразив со неговиот свет многу одамна, незнам колку е добар преводот само...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom