- Член од
- 17 февруари 2008
- Мислења
- 53
- Поени од реакции
- 5
1. Внесувањето на податоците е real time, нема време за толку копирање, така да со овој начин (ако е изводлив) нема да добијам на време.За вакви „рачни“ процедури ако веќе неможеш да испрограмираш макротоа да го направи, пробај со Excel. Направи ги сите колони од базата и внесувај го во Excel. Колоната со баркодови со помош на бројач е лесно да ја направиш таму и после само ископирај ги.
Инаку може да пробаш ако користиш форма да направиш модул кој ќе го зема последниот баркод, стрингот да го преработиш во бројка (да отстраниш C) да го зголемиш и пак да му залепиш C, па добиената вредност да ја доделиш на полето за баркод.
Трета варијана за да направиш свој индекс е да направиш помошна колона (аутонамбер) и при снимање, односно по снимање на записот со функција да го дефинираш вистинскиот бар код со лепење на стрингот и бројката. Но ова може да е и зафркнато ако бришеш редови ... бројката ќе рипа па ќе имаш дупки.
Со среќа
2. Значи ќе ти дообјаснам, немам последен баркод, се работи за баркодови на кутии од тутун.
Е сега производители на тутун ги носат тие кутии и на секоја од нив има баркод и таа се мери и се одредува класа итн. Тој прозводител да кажеме има 5 кутии. Тие 5 кутии имаат баркодови подредени (1.Ц2201010-2.ц2201011-3.ц2201012-4.ц2201013-5.ц2201014). Кога се донесат тие кутии веднаш се внесуваат во базата. Но не само од тој производител туку од многу други. Вториот што ќе биде на ред да се додаде во базата веројатно нема да има баркод следовен на последниот од првиот производител. Така да во никој случај јас немам последен баркод за да правам калкулации со него. Овде сам се негирам и се прашувам зошто воопшто така го поставив прашањето кога сега сам велам дека нема такво решение
3. Третата варијанта не е изводлива
Единствено решение кое има смисла, а не знам како да го изведам, е да доделам опсег на баркодовите.
Пр: ако има 5 кутии му дадам опсег од ц2201010 до ц 2201014 и редовите автоматски да се создадат и пополнат со баркодовите, но немам поим како да го изведам тоа.
Ако имаш идеја на таков начин дали може да изведам нешто помагај.
Во секој случај благодарам за обидот да ми помогнеш