Не знам каде да го поставам оваа прашање, никаде не најдов таква тема па ке пишам тука.
Се работи за Microsoft Access.
Имам форма каде треба да се внесуваат баркодови со податоци за повеке продукти.
Е сега, баркодовите се подредени по ред, односно кога внесам еден и ги внесам другите податоци за тој продукт, следниот баркод треба да биде за +1 поголем (пр: првиот C2205050; вториот C2205051; третиот C2205052 итн).
Важно е тоа што ова се нови податоци, не се зимаат од некоја табела, впрочем со внесувањето се додаваат во нова табела.
Проблемот е во тоа што секој нов баркод треба да се внесува рачно, а тоа одзема доста време а често може да се случуваат и грешки при испишувањето.
Барам начин како можам со некоја функција или било што да направам откако ке го внесам првиот баркод и ги додадам податоците за него, вториот да не треба да го пишувам туку тој самиот да се пополни (autofill) така што ќе биде за еден број поголем од првиот и се така по ред, третиот за еден поголем од вториот, четвртиот за еден поголем од третиот итн. Нормално останатите податоци пак ќе треба да се пишуваат рачно бидејки се различни за секој продукт.
Ако има некој решение ке бидам многу благодарен.
HELP!