karan
бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Ќе ме извиниш ама мислам дека овој професор сам си го вовел ова правило во наставата на основа на неговиот роден дијалект.Ова го вели професор по Македонски јазик и литература. А мислам дека сум го учел и на училиште. Побарај Граматика од Круме Кепески.
http://lpartik.blog.mk/2010/10/12/samoglasnoto-r/
И во граматиката на Кепески не пишува ништо за изговорот, само за означувањето:
"Р — (слоговно) — има самогласничка функција. На пример: прво, црвен, прв, врвот итн.
Кога се најде слоговно р во почетокот на зборот, за да се означи призвукот што се јавуе, се употребуе пред р апостроф што го означуе тој призвук. Пр.: 'рж, 'рѓа, 'ркулец, 'рТам, 'ртење и др. Во средината на зборот слоговноста на р не се обележуе со апостроф. Пр.: дрво, црв, крвав итн.
Со апостроф се служиме за да го обележиме и темниот глас што се јавуе во некои турски и други туѓи зборои и диалектни форми. Пр.: к'смет, ф'стан или диалектно: п'но, в'на, В'чко и др."
http://damj.manu.edu.mk/pdf/0011 Makedonska gramatika-krume.pdf