S
Sheldon Cooper
Гостин
По Балканските воjни и неуспехот на Македонските организации за извоjување автономиjа/независност во Македониjа се случува нов бран на пропаганда од соседните земjи. Вардарскиот дел е наjпогоден од Српската пропагандна машинериjа додека Егеjскиот од Грчката и Пиринскиот од Бугарската.
Ќе се задржам конкретно на Вардарскиот дел коj е денес она што го нарекуваме Република Македониjа.
Вардарскиот дел станува Вардарска бановина, се инсталираат Српски училишта, кина, театри, библиотеки и се турка идеjата дека Македонците се jужни Срби. Нормално, останал еден дел на граѓани кои не се согласувале и повторно туркале идеи за Независна Македониjа но за жал тие биле наjстрого казнувани и праќани на Голи Оток, обвинувани за бугарофилиjа и слично.
За време на Втората светска воjна, Вардарска Македониjа ќе се наjде под контрола на Фашистичка Бугариjа коjа ќе оформи држава-марионета „Независна Македониjа“ коjа за знаме и грб ги има ВМРОвските симболи но за жал со про-бугарска конотациjа и е предложена како протекторат на Фашистичка Бугариjа но набрзо ќе се распадне и Вардарска Македониjа ќе се врати кон Jугославиjа. Конечно во 1945 Македонците стануваат рамноправни граѓани како и другите Jугословени но во рамките на СФРJ.
Пост-воениот период е на некоj начин „преродбенички“ момент за Македонците но за жал, нашата култура се калеми по српски терк. Доказ за тоа е денешната македонска азбука, грбот на Р.М, огромниот броj на србизми, љубителите на турбо-фолкот, jугоносталгичарите, про-српските медиуми и партии кои се дел од нашето општество од 1945 до денес.
Србите имале интересна идеологиjа за Вардарска Македониjа. Знаеле за нашата омраза кон Бугарите и тоа го искористувале во нивна полза . Успеале на ВМРО и македонските борци да им дадат Бугарски карактер а македонското писмо кое се употребувало во тоа време да го направат бугарско само за да немаме никакви допирни точки нашето исконско писмо (вистината е дека писмото кое се користело во Македониjа и Бугариjа е всушност МАКЕДОНСКО бидеjќи се употребувало многу порано пред да доjдат Бугарите, да не спомнувам дека е оформено на наша териториjа од Кирил и Методиj).
Цената за признавањето на македонскиот етнос од СФРJ во тоа време си имало своjа цена. Македонските белези биле избришани или препишани на Бугарите кои денес тоа ни го фрлаат пред нос. Сме добиле нова азбука со претежно српски букви, сме добиле нов правопис и лоjалисти кон Комунистичкиот режим кои не сакале да чуjат за сепаратизам. Сепаратистите биле нарекувани Бугараши (месното население чувствувало омраза кон своите граѓани мислеjќи дека се Бугари). Македонците биле „испрограмирани“ да ги мразат Бугарите и Бугарската култура (читаj Македонската) но да ги сакаат Србите и истата таа подмолна идеологиjа функционира и денес.
Србите се наjголемите кочничари на Македонскиот напредок. Тито спречил да се обединиме со Пиринска Македониjа иако имало подлога за тоа, имало подлога и за обединување со дел од Егеjска но исто така тоа не се случило.
Што се сменило од тогаш до денес? Ништо. Ние сеуште пишуваме со истата таа новокомпонирана азбука, сеуште го имаме комунистичкиот амблем за грб, сеуште дел од населението чувствува наклонетост кон Србите а омраза кон Бугарите, сеуште Македонците причаат на српски во секоjа прилика, слават Српски празници во знак на Европска солидарност, пеjачите преферираат да пеjат на Српски па дури и некои песни им се само на тоj jазик итн итн итн. Листата нема краj и Македониjа и во 21 век, 2012 година сеуште не е независна држава со чист македонски идентитет.
Кога ќе се направат значаjни промени за заjакнување на идентитетот преку враќање на старите симболи и одлики кои ни биле дел од нашата стара култура наместо ѕидање антички споменици и зданиjа тогаш ќе можеме да кажеме - ние сме Македонци.
Темава е под деjство на лична фрустрациjа но верувам дека се што опфатив е точно.
Напомена: немам ништо против Српскиот народ, ниту кон Бугарскиот, но тоа не значи дека не можам да направам реална слика за тоа што се случува/ло во нашата земjа.