Фала Колбас, ја средив акустичната!
Ајде и јас да прашам,
значи вчера бев во онаа продавницата за инструменти во ГТЦ. Бидејки барам електрична гитара но сум почетник, ми препорачаа некои сетови. Едниот не знам која фирма беше, но беше евтин , 10000 денари. Другиот сет што ми го препорачаа беше јамаха, и сетот содржи кајш, појачало 7 вати :S, процесор, тјунер и нели гитарата.
Е сега, дали да земам некаков сет, или пак да земам гитара посебно, а посебно појачало? За процесори сум почетник така да не ќе ми треба од почеток, здравје понатаму ако ми тргне.
И дали може да не купувам појачало, туку да ја поврзувам со компјутер во звучната, имам добри звучки... а начув дека појачалата се скапи а сум ограничен со пари : 300 евра.
Што да купам?