F
FARANG
Гостин
Како например - follow me here - да се вложеа во рамномерен развој низ цела МКД.
Абе сосила се правите глупави или што е работава?! Во Струмица уште на коцка-пат се возат, вие бродови и врби градите. Џизс.
Да де, и на магариња одат до пазарот во подрумот на Космос или како се викаше тоа молот што им го изградија. Гарант ни струја немаат а за вода до Гевгелија мора да одат. Од што толку се струмичани сиромашни Зајев бара инвеститори за аеродром да си изгради. Иди види како е таму и какви објекти се градат кон грчка граница и ајде доста кукање, ќе дојде ред и секаде да се гради. Прво нека се среди главниот град за да има каде да дојдат и инвеститори и дипломати и администрацијата да се задоми. Доста веќе со глупости. Третина држава живее во Скопје, пола државен буџет го полниме а со години ништо не беше направено. Пенов, Костовски па и пред тоа ајде кажи што е изградено во нивно време?
Свати еднаш за секогаш дека рамномерен развој е НЕВОЗМОЖНА работа и дека нема НИШТО да реши и да смени. Ај врбите и бродовите у мариово да ги ставиме, таму гарант корист ќе имаме, или еве у бт еден космодром да ви изградиме, не за друго полесно да емигрирате на марс и онака сите забегавте некаде.