И покрај тоа што имаш „особини кои се буквално идентични“, сепак тие се единствена комбинација на особини кои го прават битието кое овде го нарекуваме „
MIKI1“. Со самото тоа ти си единстено оспособен да ги решаваш проблемите на опстанокот. Дали оваа комбинација на особини ќе успее останува природната селекција да каже. Освен тоа, може да имаш особини кои ги немаат твоите предци, кои се незабележливи во однос на другите особини. А кога си ги споредил сите свои физички карактеристики со твоите родители? Дали си сигурен дека си алергичен на истите работи како нив? Можеби во твоите гени има мутација која те прави имун на некоја болест? Значи „од око“ не можеш да кажеш дали има или нема нови особини.
Не е точно дека „немигративните“ се во огромно мнозинство. Напротив, се што е живо, вклучувајќи ги и растенијата се движи, на еден или друг начин барајќи подобри услови за живот. Најдобар пример за ова е човекот. Ние ја покоруваме околината, но сепак огромен број од нас мигрираат.